А ти имаш статичеен ? би сакала да чујам мислење и за нив барем кој од овие 3 сега тој ми малку повеќе скап 1500 ? Фаалаа
ладно: земам тегла ставам лајче нескафе лајче шеќер две-три коцки мраз и малце вода и затворена со капак ја мучкам дур се направи пена. Можеш и со апаратче за матење ако имаш, ама јас не го сакам, вака мучкано полесна пена има. Чашата во која ќе сервирам ја правам одвнатре по цела должина со чоколаден прелив. Ја туривам пената во чаша и до врв додавам ладно млеко. овде немам чоколадо топло: малку ладно млеко мучкам во тегла да се добие пена. во филџан ставам лајче нескафе лајче шеќер, туривам жешка вода до пола, ја додавам млечната пена и ако има потреба дополнувам со млеко
Имаш кесички кафе кои се продаваат. Обично стојат до каса во продавница. Ставаш вода, едната кесичка во чаша, промешуваш или матиш со машинка и тоа е тоа. Колку гости - толку кесички кафе.