1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Качување на Водно (Прв до Врв)

Дискусија во 'Фитнес' започната од Ajronmen, 19 февруари 2021.

?

Дали се качувате на Водно?

  1. Да, со велосипед

    1 глас(а)
    11,1%
  2. Да, пешки

    7 глас(а)
    77,8%
  3. Не, си го гледам Водно од тераса

    2 глас(а)
    22,2%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.974
    Допаѓања:
    8.256
    Пол:
    Машки
    Побарав немаше слична тема. Водно вреди да има своја тема овде во фитнес, бидејќи е спортско рекреативна локација достапна за сите и на чекор од сите нас овде во Скопје.

    Дали се качувате на Водно? Дали одите пешки или со велосипед? По која стаза идете најчесто? Кој дел ви омилен, најлесен, најтежок? За колку време се качувате? Дали им кажувате едно планинско "здраво" на оние со кои се разминувате? Дали пиете кафе/чај во домот или пак во продавничето под крстот?

    И оваа година се организира Прв до Врв. Дали порано сте учествувале, и дали ќе се обидете повторно оваа година?