1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кањон Матка (Matka)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од VACA, 12 септември 2017.

  1. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Преубаво место за прошетка ! Ме интересира цена на кајчето ? Што се може да се види и ваши искуства !

    Поздрав :*
     
    На veteruska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.207
    Допаѓања:
    11.502
    200 денари е обично возење, а до Врело е 400 денари. Бев скоро и ги знам цените. Инаку не се возев. Убаво место, со многу туристи. Сретнав Германци, Руси, Турци...
     
    На crazylady и parksey им се допаѓа ова.
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    250 е за половина час, а 500денари за 1 час возење со кајак.
    И мислам дека има тема за Матка?
     
    На sorbet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.410
    И јас мислев дека има, но не најдов во категоријава. Најверојатно се зборувало за Матка во некоја од темите за излетнички места низ Скопје, па затоа имаме некое такво сеќавање.
     
  5. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Сум ја посетувала Матка од мала, во сеќавања имам убави слики од местото, црквите, трките со кајак, пештерите, карпите, преубавото зеленило наоколу. Има многу што да се посети и се на се е преубаво позитивно искуство за љубителите на природата и оние кои сакаат да ја истражат истата.

    Сите имаме по некој убав збор да кажеме за Матка, но што е со чистотата? Што се со ѓубрето за кое никој не зборува нити пак го чисти?

    Последно ја посетив неодамна и ми остави не баш толку позитивен впечаток, впрочем и се згрозив од фактот која стока од народ сме и како може едно такво преубаво место, една таква фасцинантна природа да биде толку многу презагадена со ѓубриња. Толку многу ѓубре нафрлано по патот, пластични кеси оставени околу и под дрвените клупи за посетители, пластични шишиња фрлени во езерото, купишта нечистотии собрани во водата, демолирани канти за ѓубре, контејнери за пластика наполнети со секаков отпад, ужасна смрдеа која се шири од една мини депонија во непосредна близина.

    Под чија надлежност е Матка и зошто никого не го засега таа нечистотија? Барем ваквите места кои се секојдневно посетувани од гости од целиот свет треба да се одржуваат чисти. Каков ли впечаток оставаме на оние кои се далеку поцивилизирани од нас?!

    Се извинувам ако ја "расипав" темава со коментаров, ама за мене е ова голем проблем со кој не е засегната само Матка туку и цела Македонија.
     
    На Alex.T, Rabbit, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.207
    Допаѓања:
    11.502
    Исто мислење имам и јас за сметот. Странци колку сакаш, реклами еден куп за туризам се фрлија по ББС, СНН, ама ѓубрето нема кој да го исчисти. Народот е крив што нема култура. Второ тоа е под општина Сарај и сигурно имаат комунално претпријатије кој е должно да чисти, ама не си ја врши работата.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  7. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.799
    Матка убави спомени ми остава,и многу убаво место за релаксација.
     
  8. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Уште се прави патот?
     
  9. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.461
    Пол:
    Женски
    Не сум никогаш бидена Матка, па ме интересира дали има многу за разгледување или доволно би биле два до три часа за да се разгледа она што е поважно?
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.207
    Допаѓања:
    11.502
    Доволно ти е. Можеш да седнеш на јадење, пијачка.
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.036
    Какви се цените за ручек таму, во споредба со град?
     
  12. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Огин
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.298
    Допаѓања:
    14.658
    Пол:
    Женски
    Со кој автобус би можела да одам од Транспортен Центар и колку има возење до таму?
     
  14. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.461
    Пол:
    Женски
    Со 60 се оди :)
    Screenshot_2018-08-01-15-14-36.png
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    4.553
    Допаѓања:
    94.311
    Пол:
    Женски
    Прекрасно место се воодушевив од убавината
     
  16. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Преубава е Матка, посебно за летниов период, посвежичко е и пријатно за еднодневна прошетка.
     
    На minne992, KuklickaMoja, Lovelybaby<3 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    6.108
    Пол:
    Женски
    Имате инфо дали возење со кајче работи периодов?
     
  18. DramaQueen1

    DramaQueen1 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    156
    Дали има некои забрани за на Матка сеа ради овие рестрикцииве со овие вакцини?
     
  19. trajkoska23

    trajkoska23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Кој автобус оди до Матка, пишува дека линија 60ка е укината?
     
  20. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    Од кога тоа? :o Сигурна си? Луѓе живеат таму мора да има автобус мислам, на апликација гледам уште постои. Грешка да не си нешто.
    Сакав да одам деновиве, ме замисли сега.