Имам Адидас, пред неколку месеци ги купив и многу сум задоволна. Ептен се удобни и убаво изгледаат. Најдобри се од сите што сум го носела до сега.
Адидас, Лининг, Најк па колку ги има марки. Сите тие се со квалитет ама затоа и цената не е ниска јас имам лининг ги купив 3600 ама во кој град живееш?
A може некој совет за Reebok патиките Баш пред некој ден бендисав едни, онака баш по мој вкус, над глуждови во розево-сива комбинација.. незнам точно за цената, ама некаде до 3,000 би требало да се
Последните патики што си ги купив (3 недели) од nike на плоштад околу 6000 ден. се кај нас. Многу сум задоволна меки и удобни.. еве линк http://www.airmax-shoesbar.com/Nike-Air ... r-Max.html
последни патики што ги купив адидас пред неполн месец, високи.. 4500. пред тоа имав најк, бели, задоволна сум и од двете преудобни се
Јас си носам патики најчесто од Меднес или Екс шоп,баш се у мој стил онака скејт патичиња а и квалитетни се ептен! цената им е малце повисока ама стварно доста се квалитетни со години ги носам!
Стандард Најк, си ги купувам од прва година средно(скоро 5-6 години) до сега секоја година истиот модел, некогаш со лепенки, некогаш без, со сино, со црно, со розево знакче, ама мора да бидат бели Задоволна сум и од Пума, секогаш имам бели Најк и црни Пума. Сега сакам да си купам некои високи до глуждови, но некако сега веќе не ми се даваат по 3-4000 за патики, пре би си купила штикли, а до тогаш ланските Пума и Најк одлично ме служат .
Nike ! ма за ништо на светот не си ги менувам пред едно 5-6 месеци купив аир макс али шознам некако не ми правеа мерак, сеа сум пак заљубена у нови и ќе ми ги купи мајка ми,мора,иако незнае,и пак ќе доживее нервен слом ваквиии
Најк и Адидас се најквалитетни...Само што не се за сечиј џеб... Јас купив Најк(не најдов слика, па ќе ви ги опишам)-бели, назад со сиво и знакчето е светло плаво... А сакам и да пробам Пума, видов нешто многу добро кога бев во Охрид
Сум имала и најк и адидас патики и адидаските се покажавале подобри барем во мојов град. Се уште мислам дека носат шкрт ''оригинал'' во нашиве продавници. ццц штета :/
Патики носам мноогу мноогу ретко. Но сепак си имам едни Нике бели со розево знакче и пума бели со црно. Пумата ги носам почесто за разлика од Најкот бидејќи ми се онака по неутрални бои. Инаку задоволна сум и од Пума и од Најк.
Јас уназад некое време купувам патики од Skechers и морам да кажам дека се ептен добри. Задоволна сум премногу и тука се движат цените 3500-4000. Зависи за кои патики.
Имам пума, најк и коневрс патики. Најчесто си ги носам пумата, високи ми се шарени. Ги носам и најкот тие ми се црни со розав голем знак. А конверсот ги носам на суво време, ги имам два пара.
Досега најзадоволна сум од Adidas и Reebok. Ем се симпатични на изглед, ем се и издржливи и квалитетни.
Може ли некој да ми каже нешто за брендот на патики FAIR PLAY - FP... им е знакчето? Скапи? ефтини? бренд ли се? кој ги произведува????? Спојлер татко ми ми ги купил и кога виде како сомнително ги гледам ми рече не се секирај скапо ги платив .......не дека јас патам од тоа да бидат марка, ама за патика сакам кога е квалитетна, а и ми се исплати па колку и да е скапа - ги носам по милион години