Јас имав вакви Адидаски Спојлер до душа уште ги имам, само поретко ги носам зошто си купив нови Puma, вакви (само со друга боја на лентата) Обожавам квалитетни патики, за други обувки не се замарам многу, ама патиките мора да ми бидат марка!
јас имам вакви исти http://catalogue.adidas.com/catalogue/c ... ATIN/SUEDE) и многу сум задоволна , многу се удобни и многу си ги сакам ... презадоволна сум од адидас . сестрами има најк и ги носи више 1 година а како нови и се
Овие ги имам, и ептен ми се квалитетни, а најважно после моделот ми е тоа што се анатомски, за моиве рамни стапала тоа е полн погодок. Многу си ги сакам
Јас сум постојано во патики и многу ми е важно да се квалитетни. Кога се во прашање патики сакам да платам поскапо, но барем знам дека ќе ги носам подолго. Имам два пара Nike црни и бели и сум многу задоволна. исти вакви бели и исти како на сликава само црни.
адидасче многу си ги сакам имам три пара, имав и конверс старки ама им помина векот иначе на адидасот маста му ја вадам, гајле си нема неможам да најдам слики ама еве последните ми се високи со врвци и тесни уз нога црни со бели линии, знакот иначе ги купив пред одприлика 10 месеци уште свети бојата, ама сеа е време за нови
Морам да ги издвојам ванс како доста квалитетни. Веќе неколку години ги носам и уште се здрави Сега си купив два пара од Орка па ќе видиме како ќе се покажат
Од Орка дефинитивно, омилени патики ми се, ги носам 3 години оваја му е 4-та едно конче се нема испуштено, многу сум задоволна!
Јас имав најк патики ги носев можеби 2 ипол години и сварно презадоволна сум од квалитетот. Уште ми се здрави и не ми пропуштаат на дожд и снег но еве пред една недела си купив адидас па да видиме какви ке се покажат
Каде се наога продавницата з анајк што ја спомнувате со Борис Трајковски? И дали таму има и адидас? PS: Дали има во рамстор 30% попуст?
за рамстор незнам а таа продавницата кај борис трајковски е баш во борис трајковски се спушташ по тие скаличките незнам како да ти објасна и има адидас ама има само заостанати бројчиња и модели бев еднаш и веке никогаш катастрофа им се патиките и на изглед а башка тоа нема ни бр да најдеш освен ако не носиш некој ептен помал број што ретко кој го купува