Последниве две години купував пума патики. Океј беа, фини за носење, не се скинаа, ама на првиот дожд двата пара пропуштија вода. Не знам зошто! Сега си купив Ранерс два пара. Пред 5-6 години исто купив Ранерс и ден денес патиките се читави: ниту си скинаа, ниту капка вода пуштија, ама ми се смалија... Се надевам и овие новиве ќе се добри како старите...
Ме интересира што мислите за Ванс. Немам до сеа од таму носено ама најдов сеа едни интересни па се мислам да ги земам..
Ги имам скоро 3 години. Ги убив од носење, ама баш ништо не им е, како нови се. И дожд ме фатило милион пати, освен тоа што се прљаат зашто се бели , немам друга мака со нив. Квалитетот им е на многу завидно ниво. Кожни се, никогаш ни капка не пропуштиле. Ги обожавам, зашто можам да ги искомбинирам скоро со се . А, инаку, не знам зашто на сајтов ги класифицираа како машки патики, кога во Footlocker се продаваа во женскиот дел И не само тоа, женски ги купуваа.
Месец покасно, али во ред е. Убави модели имаат Ванс и се квалитетни. Сите тие DC,Circa,Etnies,Es се океј патики. Ако си ги купила, добар избор, создравје да ги носиш Инаку сум голем(најголем) фан на патики и имам многу пара патики, сите зачувани. И да, кога станува збор за патики сум за квалитетни. Најк,Адидас,Пума (али претежно грди модели имаат) , Конверс..и така натаму. Само шо машки модели има многу поубави одколку женски.
дефинитивно ванс се едни од најдобрите. имам еден модел скоро 3 и пол години ги носам и уште се како нови. иначе други патики ми траат максимум 6-7 месеци и ми пукаат. Овие баш ми издржаа. Најк се океј на изглед се но досега што сум имала за кратко време ми се одлепувале. Сепак најбитно е кој како ги чува и носи
Многу. За тие пари имаш доста квалитет. Татко ми пред 5-6 години си купи саломон патики иде по планини, на Кораб иде и уште му се како нови. Навистина вредат
^Јас немам, но оние што имале ги носат со години и се презадоволни. Патика и пол биле. Ако сакаш такви патики, без мислење купи си
конверс? имам шангаќи сини ги купив ова лето, на крајот, 2700... ок се, ама дали имате искуство, траат, некако ми избледнаја..?
Пред година дена, си купив патики од Елит или Еко, незнам како се вика, за 1.200 денари, црни.. И пред некој ден, ги видов во Принц за 600 денари, истите само сиви и бели.. Да си знаев, ќе си ги земев двата пара, за тие пари. Иначе, во септември си купив два пара патики од ранерс, за 1.000 и нешто. Заедно 3.500 мислам дека беа. И искрено, задоволна сум, нит пропуштаат вода, нит ништо.. Некако, глупо ми е, сега да си земам едни патики од незнам колку пари, и само тие да ги носам секој ден.. Боље вака, си имам еден куп патики. Не се нешто, ама мене многу ми се свиѓаат, и ми издржуваат долго време.