Имам Nike, класични кожни црни со 3 лепенки и веќе 2 години ги носам и се покажаа како доста добри. Е сега стварно им дојде редот да ги сменам.. па шо мислите за оние од Roxy или Vans? Неостварена желба ми се старките од конверс, ама ако не се пазат им се кине платното одма..
Јас сум презадоволна од Skechers . Баш јас си ги купив новите патики пред месец дена од office shoes во city galery мислам дека беа 3300 или 3500 ден не ме фаќај баш за збор, ама преудобни се и преубави се
НЕМОЈ. Може се убави на изглед, ама квалитетот им е, нула, во споредба со нике адидас или овие другиве спортски фирми. Имав ванс, ги носев година може и цели ми се изобличија, како топки ми се направија напред, како планини. оа самото платно одозгоре се направи како бранови. Одвратни ми станаа. А другарка си купи диси и одма и се раширија. А роксито валјда се исти како диси од иста фирма се, не знам. Ова ти е најдобронамерен совет од мене
Converse си е converse ... ги носам веќе 5 години .. не трепнале .. ги перам во машина, оние платнените... кожните сеуште ги немам перено, а ги имам година дена ... удобно и издржливо ... што повеќе ви треба од патика?
Е конверс не сум носела, ама имам другарки што се фалат од нив, не од стартките, туку од патиките... обичните Па ваљда стварно се добри
Јас имам Ванс и ги носам 2 години и сум презадоволна, не ми се изобличија ни нишо сеуште се окејски Сеа се мислам да ги нападнам Конверс имаат фини патики али шо знам, да не бидат џабе фрлени парите
Jaс прошлиот викенд си купив патики од Bulldozer и ми се допаѓаат, ама ќе видиме колку ќе издржат. А пред нив имав патики од Runners и беа ептен добри. Ми издржаа една и пол година здрави, не искинати, ама дека ми се смалија морав да купам нови.
Puma отпаѓаат уште од страт... за еден месец ми се направија како чорапи Vans, Roxy, Dc, и сличните второразредни скејт-марки некако не ми влеваат доверба... сепак се одлучив за кожни старки од Converse Дома имам платнени стари над 5 години и верувајте дека изгледаат како да се купени вчера, а преносени се! После двомесечното талкање по нашиве продавници за патики, ги прогласувам Конверс за НЕПРИКОСНОВЕНИ!!!
Ако сакате поефтини патики на Најки-има во Outlet-от на Најки во ГТЦ на приземје-таму се поефтини од нормалните цени кои всушност само кај нас се толку високи. Јас секогаш патики купувам од странство и имам неколку пара Најки (незаменливи ми се) и сите сум ги купила на цена 1/4 од цените во Скопје... Зборувам за Европски цени, а пред малку се вратив од Америка-таму цените се дупло поефтини од Европските, па ако имате можност-мислам дека нема смисла да купувате странски производи во Македонија... А што се однесува до нашите домашни производи-и тоа како треба да ги купуваме и со тоа да го поддржиме нашиот пазар и квалитет... Но кога станува збор за патики-мислам дека немаме наше производство, нели?
Зависи... еве јас по снег по дожд по вода по кал ги носам и тоа бели на секои два дена ги перам па пак ми се здрави и живи . пс: 2 години ги имам и пак се како на почетокот
скоро секогаш купувам од Матстар и задоволна сум значи за 1200 до 1500 купувам патики и душа им вадам што се вика сеа може малку да се одлепат но ипак што уште не преживеале моите патики (старната е бугарска но производите ги има и во мк )
posledni sto gi kupiv bea od orka .... gi kupiv za polumaturata lani...kako novi se......2000 i nesto gi kupiv so popust