имаше слични во sport-m а цена не видов.. иначе според мене adidas се најквалитетни имав едни и купив уште едни и јас исто за менување ама више ми се смалија малце ме стегаат ама ичч не се оштетени...
немав време да ги прочитам другите коментари , па затоа ќе прашам дали некој има најк аир макс , и дали е задоволен од квалитетот на патиките , која цена се оти слушнав дека во сити молот се по 3 600-3 700 денари ... бидејќи сакам да купам п.с собирам пари за да купам Спојлер ке купам
Поудобна патика, амин. Не сум имала поудобна, а имам верувај преногу Ги сакам многу. Јас моите 9.000 ги зедов. Значи ти се гледала некој постар модел, штом велиш 3000-4000. Всушност и мојов модел првично е излезен уште 90та година, ама редизајнирани. Air Max 90 ги имам. Е сега имаш над 30тина сигурно различни модели на аир макс, па види точно за што станува збор Еве го мојов модел Спојлер А претпосатваувам ти овој модел си го гледала... Спојлер
Јас имам 2 пара Nike. Првите ги нарачав на интернет, летото 2011 и еве уште си ги носам, а вторите си ги земав претходнава година Дефинитивно вредат за цената, многу се квалитетни... Јас воопшто не ги пазам, така да штом уште издржале Па годинава пак ќе си се подновам со уште едни Најк или Адидас за промена
Општи прашања Девојки дали некоја е запозната дали патиките Пума се произведуваат некаде на друго место освен во Кина? Јас глава кинев дека се германски квалитет а они чист кинески производ да ти биле.
Општи прашања Аа па јас лани ги купив 4ти-те по ред најк патики и коа погледнав мејд и нигерија , а јас за најк душа давав они четири пара да сум купувала по ред најк од нигерија и никако да погледнам каде се произведени Така да веќе не верувам во “марка“ и “квалитет“ уште купувам најк патики ама од мода повеќе отколку од квалитет За пума незнам ама неверувам дека посебно во македонија ке најдеш произведеи во германија
Општи прашања Сега ги проверував патиките дома што ги имаме. Адидасот ( и детски и големите бројки) се маде ин Индонезија (иако се купени надвор од МК) Најкот Нигерија а Пума сите до еден пар и детски и нашите се Кинески. Се разочарав многу. Ѓабе фрламе пари, демек квалитет.
Малце ќе бидам ОФФ...ама морам да искоментирам! МНОГУ се изнервирав!!! Одам во Конверс и гледам најобичните еднобојни високи патики (старки) се 3000 денари. алоооо....50 евра е тоа! Па јас во странство ги купувам за максимум 20-30 евра, стварно се забегани со цениве кај нас!!! Има ли во Борис Трајковски старки?
Беше тоа љубов на прв поглед имам вакви исти на адидас од Нео линијата и многу си ги сакам и преудобни ми се и квалитетни, ако барате квалитетни патики само АДИДАС! предобри се и со квалитетот и со дизајнот, да ти е мерак да ги носиш!
Мислам дека класичниот модел на старки секаде поскапеа. Еве пр. во Италија пред една година јас ги зедов средно високите по цена од 70 €, а буквално истите (ми остареа, па сакав потолно исти) ги имав земено во 2006 год. за 1990 мкд. Значи пак излегува дека конкретно старките тука се поефтини.
Koнечно во мои раце. Само во друга боја. Уште првото носење, по пороен дожд и вирчиња. Не пропуштија. Го поминаа тестот.
Тоа што се произведуваат во Кина не значи дека се ѓубре. Си се произведуваат најнормално во фабрика на Пума, Адидасот се произведуваат во Индонезија но според сандардите за квалитет што си ги поставува Адидас. Таму им е најефтина работната сила, даноците и земјиштата на кои што можат да си ги градат фабриките и затоа се се произведува таму. Скоро се се произведува во Кина, ама квалитетот не е ист ако купиш АдиБас или ПуНа од Гари Кинеската или од Адидас или Пума. Јас до сега сум носела патики и Пума, Адиднас и Најк кои се произведуваат де во Кина де во Индонезија и сум презадоволна од сите, ги носам по 2-3 години и не мрднале ниту пак се искинале или пак усмрделе, не значи дека се што е мејд ин чајна е без квалитет, а поготово не реномираните марки Адидас, Најк, Пума кои се преквалитетни. Мене фаворит ми се Рибок, најубави модели имаат, а од квалитетот и удобноста сум посебно задоволна!
А дали ги имате пробано патиките од топ шоп.и како сте задоволни од нив?планирам да си купам такви,но не сум сигурна дали се добри.
Ќе одам во Вторник за Ск. Сакам да си купам најк еар макс, тие со перничињата што се. А може и некои други, само да бидат убави за ногата и цената да им биде до 5000 ден. Толку имам собрано Кај има продавница, ама да не продаваат кинеска работа оти несакам една сезона да ги носам и да ги џитнам после. Сакам убава патика, па и повеќе да кошта. Брат ми рече денес ќе провери во сити молот, ама шо знам, ако нема таму кај да најдам?
airmax имаш низ гтц во скоро сите спортски продавници за патики,баш пред некој ден видов намалени на 3690 airmax, има и во најк на плоштад ама таму се 7000
брат ми ги имаше, незнам дали ги има во Борис тој од Спорт М ги зема. За квалитетот незнам, ама ми се виде дека бргу ги смени, а еве ги сега дома стојат целите партали