Имам еден пар на roxy од времето коа беа модерни кои ги имам утепано од носење и уште се живи. И на пума исто така многу квалитетни ми се имаат покажано, уште се во нослива состојба иако се стари веќе 5 години. Последно имам купено на champion како демек за трчање, пријатни се на нога ептен, ама ќе видиме како ќе се покажат со издржливост.
Јас носам Nike. Најубави се и поголем избор има. Е сега сакав да ве прашам, да не знае некој како се движат цените на патики Nike, Adidas во Палма Нова во Трст.
https://fbcdn-sphotos-f-a.akamaihd...._=1440736655_5e2972e2e3692a190235911fd70b505e Некој искуство со патичињава?
Најк и Адидас се единствените продавници што вредат да се посетат во Палма Нова, се останато се колекции од пред 5 години. Има океј цени, солиден избор, ама огромна гужва секогаш кога има малку поголем попуст. И Палманова не е баш во Трст.
Reebok i Adidas. За квалитетот многу важна е и личноста што ги носи. По можност да не ги влече нозете и да не ги вади насилно
Adidas mi se najkvalitetni, mene converse ne mi se pokazale kako kvalitetni posebno starkite, iako gi pazam i gi cuvam, mnogu brzo se ostetuvaat, povekje se plakja brendot otkolku kvalitetot..
Јас имам REEBOK. Ги носам веќе 6та година и уште се како нови. Сега сум во план да земам нови и пак ќе се одлучам за REEBOK.
Најквалитетниот пар патики кои ги поседувам, ги имам вреќе 4 години. Цело лето, буквално секој ден трчав во нив, а пред некој ден ги исправ и повторно се како нови. Инаку целите се кожни. Можеби влијание има и тоа што чекорам правилно па не се искривени, но по толку време, можам да гарантирам за издржливоста.
Од сите патики до сега што сум ги имала, Nike ми се најудобни и најквалитетни. Ги носам веке 2-3 години секој ден, зимо-лето и гајле немаат топ се! Исто така и од Roxy имав патики што доста време ги носев и добро се покажаа, а во план ми е понатака да си земам едни Adidas патики.
Од Puma воопшто не сум задоволна. Nike се квалитетни, ама морам да ги пофалам и Lining. Одлични се покажаа.
Имав Adidas Neo и одлично ме служеа неколку години, ама лошо газам, па одоздола и од страна кај ѓонот ми се оштетија. А инаку, вака на изглед, сеуште се во добра состојба. Сега носам Reebok, ги имам речиси една година и не мрднале, а и ми се едни од најудобните што сум ги имала до сега. Следни се надевам дека ќе ми бидат Vans, ако најдам модел што ми се допаѓа (женските модели на патики секогаш многу помалку ми се допаѓаат, па уште со тенки ѓонови...) затоа што гледам на брат ми одлично му се покажаа, а е цар за кинење патики. Инаку носам секакви патики кои и не секогаш се којзнае колку квалитетни (платнени, еспадрили и слично), едно - зашто таков ми е стилот, друго - зашто имам проблем со стапалата, па летам од среќа кога сум во нешто удобно.
Девојки искуство со pull and bear патики ? Бендисав едни црвени патики. До сега немам купувано други патики освен адидас и рибук. Знам дека не можат да се мерат со адидас но сепак да не ми се скинат по едно носење.
@Beaty јас што ги имам гледано, ми изгледаат задоволително квалитетно. Не верувам дека ќе ти се скинат баш лесно. За машките патики можам да кажам дека се прилично квалитетни, барем што знам од дечко ми, брат ми. Е сега, сакав да кажам за адидас. Јас и уште една моја пријателка имаме исти патики, купени пред 4 години. Црни се, кожни, од страна со 3 бели линии, онака спортски модел. Јас ги носам постојано, сум ги носела и на дожд, ги перам на 2- 3 месеци. Патиките уште се како нови, ниту се искривени, ни одлепени, абе вредат секој денар. Додека, патиките на пријателката, почнале да се лупат и испукале.