Имаш повеќе модели и цената на сите е различна. Имаш од 4000 па до 10000 денари... Според мене Reebok и Adidas се најквалитетни.
Под квалитетни патики се подразбира поимот за употреба на патики носени и поминати долги години со нив, поминати низ секакви временски услови, носени низ секакви површини и употребувани во најразлични активности. Поим за квалитетни патики не е во тоа што некој ги употребува само естетски кажано. Ретки се оние патики од 50 евра што би можел човек да ги употребува со години во најразлични спортски активности, ги има но се реткост во денешно време кога секоја роба е направена туку така, т.е за естетика и убав поглед. Квалитетните патики коштаат над 100 евра и кога ќе размислеш дека тие би можела да ги користиш со години и години без да трепнат фактички лупнатите патики кои ги купуваш за неколку месечна употреба го достигаат врвот на цената со поскапиот квалитет. Ова од искуство кажано...
Носам патики The north face, на изглед не се којзнае што , но се многу квалитетни , не пропуштаат ни од страна , ни од горе ако врне или стапнеш подлабоко во вода , презадоволна сум
Јас од Најк сум најзадоволна. Не ми мрднале еве 2 година , а имало периоди кога секој ден сум ги носела натака навака.И толку ми се лесни, абе ми се чини летам во нив.Зборам за оние баш за трчање што се. Пред некој месец адидас купив, ама не знам не сум дотолку задоволна како од Најк, некако не ми се толку лесни и удобни.Но и тоа донекаде е индивидуално, еве со другарка ми исти имаме, нејзе ептен и се погодија. Не мислам дека нема квалитетни патики под 100 евра.Тоа може кај нас, пошто не им текнува попуст да дадат.По странство може да се начекаат за 60-70 евра па некогаш и за помалку.Најблиску што ми текнува е оној аутлетот во Солун, баш имаше убав избор по пристапни цени последниот пат кога бев.Плус оние класика патики за пешачење, за трчање, вежбање нема некоја разлика дали се последна мода или од минатата сезона, сега друго е нормално ако збориме за патики што се носат повеќе онака како дел од аутфитот.
Најмногу сакам Nike. По мене имаат најубави модели, отсекогаш. Имам едни црни кожни и летово зедов Аир макс на попуст. Ем се така височки, ко за мене, ем ко по облаци да чекориш Во принцип, облеката не ми е до толку битна, ама обувките да бидат квалитетни морат. Исто и со син ни практикуваме сега, иако ногата му расте бргу, па се купуваат патики на 6 месеци, сепак, од другото ќе се откажеме ама квалитетна обувка/патика некако секогаш ми е приоритет.
Јас за вежбање и пешачење адидас 3 та година се топ. Сакам Нике сега ама скапи се Старки купив лани прв пат во живот и разочарана сум колку се лоши за одење.
Адидас патики ги купив па има 7год од аутлет-Борис Трајковски,тогаш 1850ден,ги утепав од носење,буквално секој ден,ама доаѓа ред за нови,почнуваат да се поткинуваат
Цуци, јас имам едни сунѓерици, за вежбањето ги зедов, ги платив 1000 денари, ги носев неколку пати само. Лесни на нога демек, ама напорни некако. Сепак не можат да се споредат со поскапите. И се гледа не е баш некој долготраен квалитет. Колку пари толку музика. Подобро земи си поквалитетни, подолго ќе те служат и ќе ти бидат поудобни, а ќе ги носиш со години. Па не си тинејџер да ги менуваш секоја година де, ама барем добра инвестиција ќе ти се. Тоа мојот совет па ти како сакаш
Јас веќе со години купувам на runners патики, и се покажаа доста квалитетни, ги носам по 3-4 години, лесно се одржуваат, во перална ги перам.
Девојки со runners какво искуство имате? сакам да си земам некои за трчање а не сум баш во можност во моментов да земам адидас или најк,па дали нашиве се квалитетни ?
Доста долг период купувам патики на runners и ми се погодиле, ги носам по 3-4 години. Последно ги зедов овие за пешачење и се доста удобни на ногата
Да ве прашам, има ли некој порачувано од оние патиките што се постираат по страните на фејсбук купи патики на попуст, онлајн порачки и слично... (конкретно мислам на патиките адидас новите бели со црни линии супер стар што се)?