Јас еднаш контактирав една страна, конкретно бев заинтересирсна за старки, купи патики од дома, мислам така се викаше страната. Баш ме интересираа што патики се и дали исти се ко на сликата што беше постирана. И добив информација дека се добра копија на оригиналот, па така претпоставувам дека и сите други патики се такви, копии, штом се и поефтини секако. Немам искуство за квалитет.
Оригинал секако дека не за тие пари ко шо викаш, али бар слични да се..да не се некои лити ко од пазар да купуваш.. Гледам има различни профили,понуди па викам да прашам некој сигурен
Каде има убава неспортска квалитетна оргинална патика во Скопје или општо во Македонија? Не сакам да биде Пума, Адидас затоа што такви имам 100. Сакам некоја убава, посериозна. Помеѓу патика и кондура. Ама да не е ептен ко за чичко.
Да прашам, до колку се движат цените на Nike Air Huarache, и колку се слични цените овде и во соседните земји. Се мислам дали да купам од Скопје или Бугарија, бидејќи исто пат ми се фаќа.
Моделов на патикиве е нов и чинам само во Buzz го има, цената мислам беше околу 8000 денари. www.buzzsneakers.mk Што се однесува на странство, таму мислам дека се доста поевтини. Другарка имаше земено Адидас за 2000 и нешто, кои кај нас се доста поскапи.
Каде во Скопје можам да најдам вакви? Гледам дека некои ги носат но незнам каде ги купуваат јас секоја можна продавница што ја видов влегов и вакви нема.
Знам какви се тие ги видов баш во SportVision, веќе имав такви. Не се исти слични се со овие, тие се ZX750 овие се ZX700.
Кај можам да си најдам Reebook Clasic-женски патики скорз бели но не повеке од 2000-2500 денари, кај има намаление некаден.Ама да не се онлајн нарачки, Ми кажаа во ГТЦ во пролазите кај Кеј имало некоа продавница за спордска опрема околу 1800-1900 биле...
Не знам. Треба да одиш таму да разгледаш затоа што секоj ден скоро им се менува робата. Од секоj модел има по 3-4 пара само, на пример може да има 36, 39 и 40, така да патиките се изложени по броj, одиш на пример каj 38 и гледаш што има од тоj броj. Мене тоj на спорт м ми има наjдобар избор на патики, а во Sport vision можеш да наjдеш и timberland, sketchers итн.
Луѓе, колку се сигурни патиките од Sport Vision? Си бендисав еден модел на Адидас, бев да го пробам во ред беше се ама бидејќи цената му беше малку висока реков прво подобро да размислам да разгледам па да одлучам логично што да правам, инаку бев тргната по superstar кои за жал никаде ги нема, овие беа нешто слично. Е арно ама кога си дојдов дома си реков да ги прогуглам да се информирам повеќе за моделот и верувале или не тој модел што го пробав во Sport Vision на гугл никаде го нема, не постои ни на официјалната страна на Адидас, не постои апсолутно никаде - ГО НЕМА! После ми излезе една индонезиска страна нешто слично како АлиЕкспрес и баш таму го имаше тој модел и тоа за цена 1/3 од таа во Спорт Вижн За малце ќе ме стрефеше срцев удар, истиот модел скроз.. Дали е можно да увалуваат лажњаци? Не знам што да правам, а бев скоро и залетана да ги купам но нешто одвнатре како да ме враќаше назад па си реков ајде не бегаат никаде ако не денес утре ќе ги земам.. Што да мислам, што да правам?
Јас и баш не сум задоволна од Спорт Вижн... бев купила патики од таму ..добра цена.. ги носев само 4 месеци преку сила... потоа почнаа да се одлепуваат, да се кинат и сл...не беа адидас... нешто на Е ... беше фирмата...не ми текнува баш...
Не знам дали увалуваат ама моделот мора да го има некаде на интернет. Штом се скапи, сигурно е нов модел, а новите модели мора да ги има на официјалната страна. Пример adidas gazelle секаде се исти, цената е таа, па ако нешто не штима, значи е фејк. Претпоставувам дека за наш пазар не ги праќаат патики со ист квалитет како и за пазарот во Грција, да речеме, ама вакво нешто не ни претпоставував дека може да направи ланец на продавници со прилично високи цени.
Јас имам информација дека фирми како што се овие што ги набројавте не носат оргинал роба. Оргинал патики ке си купите од соодветните продавници, најк, адидас и сл. Јас многу се заебав од една продавница да не ја именувам сега, си дадов убави пари за патики и по два месеца почнаа да ми се кинат. Takвите скоро и у Шутка можеш да ги најдеш.