Не знам за вас, ама мене патиките од Sport Vision ми се топ. Скоро сите ми се од таму и не сум имал некој проблем. Имам па и едни од Адидас во Рамстор, тие ко за беља одма се извиткаа и упропастија. @MayDiamonds, ти текнува ли на името на моделот што си го гледала?
http://m.adidas.com/us/cloudfoam-advantage-clean-shoes/AW3974.html Овие да не се? Иначе кај нас се секогаш поскапи од тоа што пишува на официјалната страна. Суперстарот на страната пишува дека се 80 долари, а кај нас беа околу 6000 денари, освен едно време кога беа на 50% попуст, па беа 3000 денари. Кај нас плус многу модели ги нема...
Не се тие, ги нема на страната ја превртив цела неколку пати, ги барав и на гугл едноставно ги нема. Скептична сум некако ептен, досега патики сум купувала само од продавницата на Nike и не сум имала никаков проблем, и гаранција ми даваја на 1-2 години, не сум купувала од СВ досега а после ова не знам дали ќе купам освен ако не најдам доказ дека стварно им е оригинал робата, бидејќи денес со сите овие копии што ги прават што се идентични да не речам потполно исти со оригиналите, лесно можеш да се излажеш а не е се малце 50+ евра да ги фрлиш на кинеско ѓубре.
Квaлитетни пaтики реткo дa нaјдеш кaј нaс. Јaс пред две гoдини и некoј месец купив пaтики oд ГТЦ, дoлу нa приземје е. Гoлемa прoдaвницa е и имa зa секoјa вoзрaст и oпременa е сo спoртскa oпремa. Не ми текнувa кaкo се викa, aмa мислaм декa е истaтa штo јa спoмнa @Ketchup пoгoре aкo не се лaжaм. Некa ме пoпрaви aкo грешaм. Ги плaтив 3100 денaри и срце ме бoлеше зaштo не сaкaм дa фрлaм тoлку пaри нa пaтики. Амa, пa еве уште ги нoсaм. Нит се искинaле, нит ништo. Кo нoви се уште. Oвие ептен ми се пoгoдијa. Нaреден пaт пaк oд тaa прoдaвницa ќе си земaм.
Не можам патики да си најдам, барам веќе подолго време. Проблемот е што носам ортопедски влошки и не можам од ниските патики да носам бидејќи петата ми искача, значи ми требаат до глужд, Во спортскиве продавници во Сити мол и ГТЦ барав, ама не успеав да најдам. Имате идеја каде да барам на друго место?
http://m.adidas.com/us/mi-zx-flux-shoes/4001451_M.html Боите може ти да си ги искомбинираш, само не сум сигурен дали се доплаќа тоа или влегува во напишанава цена.
Јас Reebok classic од Sport Vision ги носев помалку од месец ми пукна кожата кај шо се превиткува кај прстите и пошто беа црни од пукнатината на кожата одма ја приметив пошто од неа излегуваше бела прашина. Многу ми беше мака зошто се расипаа а 4500 ги платив а беа единстврни скроз црни со спортски ѓон а таквите ми се омилени зошто на се одат. Сакав адидас или најк спортски скроз црни да си најдам но за жаз никаде немаше па морав адидас реплика црни да земам зошто не можев да им одолеам
Значи патиките оргинал купени од странство и патики оргинал купени тука во мк имаат разлика значи пред 3 г мм ми зема најк патики сеуште ги носам како нови се ... пред година дена земав од тука на new balance од борис значи партал станаа од само 5-6носења.
јас си земав under armour од риспорт и супер ми се погодија. црни со малку сребрено,и на фармерчиња стојат топ. има неколку интересни модела и не се прескапи https://risport.mk/category/women/zeni/13100/30