Прв пат купив скечерс почеток на летово, со мемори пена. Поубава патика во живот не сум носела. Им откажувам љубов на најк и адидас... Како на облаци да газам.
Нели? Јас не знам со кој памет ги избегнував цело време. Ама последниот пат си купив, уште таму кога ги пробав, тоа беше кулминација на задоволство. Лесни, меки, не стегаат, како да не носиш ништо а всушност носиш. А плус, јас веќе не сакам ни да купам од споменатите брендови кои врска немаат со оригинали. Не може да ти се скине за еден месец или да се деформира од кратко носење. Навистина се сомневам на потеклото на патиките од каде ги носат. Разликата меѓу адидас од пазар и од продавница ја нема. Исти се буквално.
Леле може да се скинат и тоа како. Јас сум висока 181 со 70 кила и имам лош од, единствени што не ми се кинат се Lomer со крампонки и слични на нив Сите други, како да газам на пандишпан, одма се сплескуваат. Дефинитивно патиките ( и сѐ останато генерално) го немаат квалитетот на производство од пред 20тина години. Памтам кога постоеше Орка, купив онакви бели скроз рамни кожни патики, ги скинав после точно десет години. Сега патиките се рачунаат супер ако не се скинат првата година. Новото време си носи нови критериуми
Не е до квалитетот на патиките од пред 20 години. Туку какви патики се увезуваат кај нас. Во Грција пример, да купиш адидас или најк, е тогаш може да ги почувствуваш бенефитите на оригиналноста. И во потрага сум по продавници кои носат оригинали. Впрочем и како се останато ѓубре што се носи на наш пазар. Ене спортска Најк патика, ја купив летово. За спорт, значи наменета, ми се искина, а не беше воопшто ефтина. Нека го отворат новиот трговски, може ќе се појават некои продавници што не продаваат фејк. Едит. А и патики од Артурс еднаш земав, никогаш веќе. После првиот месец ми се одлепија од страна, почнаа да се криват и ѓонот пожолте. Или јас сум баксуз невиден или навистина не сметаат за малоумни и ни увалуваат се и сешто, а притоа цените се исти.
Сигурна сум дека е до производството (генерално), особено што еве Geox (не знам дали уште ги има во Скопје) ги купував и во Италија, исто сра*е верувај. Барем за патики никако не ми се посреќува, ама мислам сепак дека е малку до мене. Од патиките сум стално незадоволна и затоа спортски патики особено кај нас со овие цени, не купувам. Кај нас имам купено еден пар од Marwell и еден од Bellmondo, кожни, околу 2000 денари на попуст, ама не се спортски патики и ја немаат удобноста на спортска патика, а и не личат на класична патика. Ок си се. Сега некој ми даде идеја да се обидам со Biana.
Нема едноставно. Треба боси да почнеме да одиме. Чик куманово папуча е најдоброто од обувки на пазарот. Траат со децении, не се кинат, удобни се, башка служат како тепалка за муви. Таков квалитет се бара.
А во склоп на муабетов погоре, има начин да се препознаат дали се фејк или оригинал? Пример, пред некоја недела земав Vans патики од Arthurs, се утепав од гуглање, не можам да најдам разлика, делуваат оригинал.
Ќе осетиш самата за краток рок. Јас под оригинал разбирам нештото да биде изработено од квалитетен материјал, да биде удобно, трајно, да не се деформира во најкус можен рок. Се случува да купам еден модел на патика, по еден месец да добијам некоја изветоперена верзија. Не може едни да не се деформираат, како на пример Скечерс, а други да. Значи не е со мојот од или стапало, туку до самиот квалитет. За кондури, чевли пак имаме некој стандард, навистина сум задоволна од некои брендови, ама од брендовите на патики сум крајно разочарана. Очигледно Скечерс ќе добијат лојален фан од моја страна.
Зависи каков модел бараш. Некогаш на попуст може да стигнеш и под 2000 денари. Но во глобала, за разлика од останатите продавници, цените се подостапни. Пример во Buzz, има патики и по 10,000 ден. Ваму најскапата беше 5000 ден, ама па беше некој special edition модел. Ама да знаеш дека траат и дека се одлични за било која активност. Јас едвај чекам кога ќе излезам да ги носам, уживам едноставно. Чувство како да газиш врз перница со мемори пена.
Сега имаат попусти, погледни си на страната. Мене лично, два-три модела од постарите ми се допаѓаат, друго не.
Знаете некоја онлајн страница каде продаваат патики на лепенки? Не на врвки. Барав вчера ама ништо не можев да најдам.
Teшко дека ќе најдеш број за возрасни, обично тие со лепенки треба да ги бараш во категорија за деца. На пример https://www.sportvision.mk/obuvki/8417517-tensaur-c
Да, знам дека повеќе само децата носат такви ама пред неколку дена видов една девојка носеше бели патики на лепенки, и премногу ми се допаднаа.
На Скечерс ги имам една година, ги перам во машина на 15 степени без температура. Моите се со мемори пена и се многуууу удобни. Да ви кажам немав намера да купувам скапи чевли скоро никогаш во животот, но лани ми отече стопалото од неудобни чевли и имав многу големи болки. Така се запознав со скечерс кои ги носам на работа,на нога сум 12 часа и до сега се покажале и повеќе од одлични. Ќе дадете повеќе пари но ќе добиете квалитет и удобност на стопалата,флексибилност при носење и нема да се изгуби бојата или скинат при носење.
Јас и на 30 ги перам, рачно перење, ниту избледеле ниту се скинале, некоја розево кафеава боја се, (не се разбирам во бои) ама еве пак ќе кажам, подобра патика не сум имала.