Јас одам многу чудно и лошо и криво и патики од пандишпан од типот на Скечерс не ми траат долго, за жал, иако се уднобни. Последните два пара кожни патики ги земав од наши производители, едни од Белмондо, на попуст беа 1500 (значи има и ефтини и квалитетни) и едни на Марвел (мислам беа 1900, исто кожни). Имам и два пара Копермајнер онакви ко планинарски, ниски, не се кожни, ама се удобни и ми траат сѐ уште значи 4 години веќе, што за моја нога е стварно премија, ама се обични сиви-црни и нормално не се за топло време. Видов и Алпина дека имаа кожни патики (велур) на попуст, беа некаде 2500, имаше црвени и жолти и Биана имаат исто кожни, околу 3000, и тие мислам дека не се лоши. Марвел мене ми се поудобни за одење, Белмондо помалку искрено. Значи има кожна патика за поефтино, само да се начека попуст.
Dutti се мојот прв избор, секогаш. Имам пара кои ги носам по 5-6 години. Се перат у машина, не мењаат боја и не се параат конците. Вредат за секоја монетка. Патики од најк имам само два пара за трчање, шо сум ги начекувала на попуст. Не би дала голема сума ни за најк ни адидас, никогаш, посебно не за да ги купам од Скопје. Инаку у последно време и Pepe Jeans ми се топ, ептен ми се свиѓаат моделите. Следно пак ќе си земам Пепуфки.
Најквалитетни за мене се најк. Имам патики 6+ години стари, не се мрднати. Нозе да замирисаат од најк нема шанса. Зборувам за air max како модел, верувам и дека поевтините модели се ист квалитет.
Конкретно јас овие што ги имам ги земав од Белград, ама знам дека имаат beosport продавница и во City Mall, најгоре, во редот на Базз, блиску до киното. Отвори ги на инста, најди модел од официјалната страна и пиши им, враќаат на пораки.
Отворив страната, немам инста Сега земав кастом мејд од Curious Macedonia, личи кожата супер, ќе ги имам предвид за нареден пат Dutti. А може и во Белград да ги ѕирнам, одам натаму. Леле да најдам патики (и чевли општо) што ќе ми траат шест години, мислам со суво злато ќе ги платам. Многу лошо газам, три години ми е максимум, за жал.
Ах Абел, ти за Дути си ме прашувала, јас за Пепата те разбрав, пошо знам дека ретко кој знае дека ги има и кај нас, скоро ги донесоа. Од Скопје ми се земени сите модели кои ги имам од Дути иначе. Годишно купувам по два пара сигурно, посебно на попуст кога се, ептен се исплатат, за помалце од 50еу можеш да си најдеш квалитетна, чиста кожа, модерна патика. Те читав дека имаш проблеми со обувкиве, топло уште еднаш ти ги препорачувам нив.
Па добро, и тоа е доволно. Јас пример овие сега не ги носам иако се во добра состојба, досадни ми се . И мислам дека издржливоста се должи на тоа што во секое време имам повеќе парови што ги менувам, секоја сезона купувам и само правам купишта
Штознам, мене ми изгледа малку за патики што се 100+ евра. Ај кожниве или оние за планинарење се потрајни. Ама тие што јас ги викам "за штрапац" значи лесни и за пешачење, од типот на Скечерс, некако не ме задоволуваат Имам не повеќе од четири пара годишно, не можам да работам само за патики. Дали спортските се помалку квалитетни или е до мене, не знам.
Како им се броевите? Ги меркам подолго и сакам да нарачам, ама само заради беојот се мислам. Сепак не се ефтинки
Јас од Нови Сад ги земав, бели клот земав, со малце златно. Но во Скопје едно време имаа место за рзгледување и пробување, кај Броз кафичот беше тоа, како некое атеље или продавница за ентериер. Обавезно ти препорачувам да одиш да пробаш пошто 5 илјади се патиките, на невидено и непробано јас не би се усудила стварно. Пиши им на фб, ќе ти објаснат шо, како, па можеш после и да пробаш и патерн да си одбереш.
Пред некој ден пиша една членка во друга тема дека и пишале дека сега работат само онлајн кај нас . И јас се си мислев дека се некаде на партизанска, ама изгледа не се повеќе. Ќе пишам да ги прашам сепак. А ептен им имам мерак. Ептен уникатни имаат.