Ааааиии не сум знаела тоа, се разочарав скроз. А планирав и чевли да си купам. Ептен ризично е, никогаш не купувам чевли и патики на непробано. Ако ти се ризикува, може да ти пратат некои мерки, должина и ширина, ама штознам колку ќе помогне, сите калапи се различни.
Најквалитетни за мене се Адидас што сум ги купила од Грција и ги носам преку 4-5 години некои, се до сега ми се има погодено, во удобност, квалитет... Од тука кога купив Адидас, ич не ми се погодија и едвај 2г издржаа, крути беа и многу непријатни на нога.
Истото го имам приметено. Еднаш бев во Спорт Вижн во Аеродром и гледав патики многу чудно мирисаа, а тука на Малта не мирисаат. Не ни купив, купив некои од продавница обични сто пати бојле. Сега на Фила земав и Капа, Скеречс две години ги носев се скинаа. Капа се ок само се тврди, Фила уште ги немам облечено.
Најмногу ме нервира што цените се исти а кај нас носат трета класа, квалитетот воопшто не е ист со други европски земји. Инаку adidas и nike обично земам порано бев опседната со converse али тие па ич не се квалитетни.
Сум имала работно искуство со произведувачи на чевли, кај нас се стационирани фабриките и се увезува материјал, но секогаш е поделен во класи. Значи европскиот пазар добива чевла прва класа, ние секогаш трета или четврта, без разлика што е истиот бренд. Исто се произведени, но суровината има раџлилен квалитет. А иста цена. Затоа чевли е подобро да се купуваат во европските земји (германија, италија, франција, тие најбитните де) пошто за разлика од облеката се поскапи и треба повеќе да траат. За маичка не би жалела десет евра, ама сто евра за чевли е друга приказна. Башка што многу често цените кај нас знаат и повисоки да бидат заради увоз, давачки. Ко со козметика, истата прича.
Дали сеуште се произведуваат патики со лепенки напред на adidas мислам дека беа од колекцијата суперстар? Во Декатлон ги видов ама додека земам се распродале, едвај ги преплакав а одамна барам. Оригинал да се.
Одамна немам никаде видено такви патики, а фанатик сум за патики и нон сто висам на сајтови и по buzz, nike...Мислам дека бар тука кај нас нема
Дечки дали Nike патиките од страницaта unique district од Косово се оригинал? Гледам кај нас Nike AF1 се 7000 и згора, а на страницава се 50-60 евра..
Ги препорачувам и на Diadora како бренд но да барате old comfort бидејќи се преудобни и премеки. Покрај Скечерс и овие се вбројуваат во категорија удобни патики.
Здраво да ми каже некој што има скечерс патики дали одговарат на бројот или се поголем калап дека сакам онлине да порачам ?
Не одговараат со бројот. Јас носам други патики 40 (25.5 цм). А скечерсот ми се 39 или 39.5 и се 26.5 цм. Најдобро јави се нека ти прочитаат на етикетатс под јазикот колку цм се
Да, јас веќе 3 години ги носам, е сега зависи што модел, моите малку се груби, можеби е до моделот, за разлика од adidas и nike кои ми се поудобни за носење, помеки..
Каде да најдам удобни патики со wide toe box? Слика во спојлер на што мислам Спојлер: Слика Баш вака да се широки убаво напред кај прстите Имам искривен палец на едната кога и последно време ми е влошено тоа, баш од патики ко вториве на сликава.
Јас носам 22см, а Скечерс ми се 23см. Додека па друг модел Скечерс 23см ми се малку големи. Најдобро е моделот да го пробаш во некоја продавница па после да нарачаш.
Во Timberland види знаат да донесат по некој модел. Обично на внатрешната етикета каде што е US бројот, до бројот треба да стои W. А можно е и во Scout да има. Ако не на Асос барај. Ретко носат вакви модели кај нас.