Според мене катастрофа. Во октомври купив гоја 2 и еве сега се во ѓубре. Напред имаа материјал со светки целиот испука, за удобност исто катастрофа.
Да, имам едни, доста се стари, можеби 5-6 години, платнени обични, ама не ги носам многу често. Патики од типот Ванс или Конверс мене не ми се удобни за подолго одење, гумата им д потврда и скроз се рамни, што ги прави помалку удобни од класична спортска патика. Зависи за која намена ги купуваш.
Јас имам широка нога, многу лошо газам и имам hallux, искривен палец. Значи за подолго одење или подолго стоење, ми се замара стапалото и не ми одговараат. За онака, низ град, се океј. Е сега ако ти ги немаш горенаведените проблеми, тебе може ќе ти одговараат дури и за подолги стази. Инаку за квалитетот, имај предвид дека се платнени, освен тоа, мене ми се погодени за ова што ти го кажав.
Јас па имам тесно/слабо стапало. Повеќе ми се како за до на факс или за излегување, а гледам и по спортскиве продавници некако ништо нр ми фаќа око и се е некако прескапо или без врска.
Тогаш би требало да ти бидат ок, Ванс ми се подобри на пример од Конверс, тие одма ми пукаат на линијата каде што се превиткуваат прстите. Ако не сакаш класична патика, евентуално да видиш Curious Macedonia ако сакаш неспортска патика, инаку нема нешто преголем избор.
Супер се за издржливост јас имам неколку пара. Е сега погоре членката ти кажа дека не се удобни за носење, класичните модели се рамни нема некоја потпора но, има нови модели шо се со анатомска влошка и се мноогу меки и удобни за одење.
Јас сум многу задоволна. Два пара имам, од кои едните ги носам добри 2-3 години, се уште се како нови
Дали некој ги има овие, добри ли се, удобни за цел ден во нив? Немам време да одам да ги пробам, сакам да си ги нарачам
Удобни се многу, само што мене после 2 години почнаа да ми се кинат, ама на нога немав мака а со други имав проб, така да не се мисли, нема да згрешиш, јас уште едни ќе земам само уште не знам каква боја
Скечерс генерално важат за доста удобни патики и нема да погрешиш. Само сега за летен период јас би одбрала посветла боја.
Не се баш удобни на мене и ми се валкаат. Треба нон стоп да ги бришам. Помалку удобни се од овој модел на Скечерс. Не би купила повторно ваков модел.
Баш чудно како на некој се удобни, како на некој не... Јас цел живот имав проб со нозете ако пешачам подолго од 2 часа и одма рани нозете, само од овие скечерс немам гајле, уште едни си земав исти вакви, членката како што прашуваше за тие, ама изгледа сите сме различни
Го имаш пробано моделот од сликата? Поудобни се. Јас прво тие ги имав па после овие како твоите може затоа ми се понеудобни дека претходно тие ми беа погодени.
Не, ми делуваат дека се платнени па затоа може се поудобни на некој начин, ама сигурно помалце издржливи, сепак се зависи, кај нас ретко се наоѓа квалитетна патика.