Истиот модел и иста боја. Проблемот кај овој модел ми е што се потесни напред и мене лично при подолго движење и воедно стоење на нозе ми го набиваат малиот прст и прават нелагодност. Доколку ти треба патика за суво време би препорачала некој од другите модели каде што има поголема слобода ногата и простор да дише.
Адидас газеле како одат со должина сакам да нарачам онлајн, ама немаат инфо колку см се дали 22 или 22.5см. Ме интересира 3.5 односно 36 бр
Како да ги одржувам патиките конкретно со што да ја бришам мрежичката бела , како да ја чистам се ми се валка, а не можам постојано да ги перам?
Не, пука кожата, немаат квалитет, а се доста скапи. На моите на едниот пар им се излупи натписот каде што пишува Guess позади, а на другите од страните испука кожата, а се облечени 3-4 пати.
Од Скечерс сум најзадоволна. Најдобра инвестиција во патики некогаш. Белите со арт ми се најносени сезонава,удобни и меки. Мислам дека нема подобар бренд во комфорт.
Вака, за искривен палец, односно hallux vagus, треба да се носат баш патики со рамен ѓон како тие на ванс. Ако се високи кај петата а ниски кај пристите, тогаш прстите се набиваат напред и се искривува палецот повеќе. За да не се доискривува палецот и да нема плускавци, треба патиките да се со рамен ѓон, 1цм простор пред прстите, да има место за сите прсти. Значи треба да пазите да си го погодите бројот, еден прст пробајте да ставите во патиката кога ќе ја пробувате. За квалитетот на ванс, океј се ама не знам дали вредат за тие пари. Има поубави кожни патики за помала цена од Биана трејд, ама ако ти се за стил, тогаш да, океј се. Лесно се прават комбинации.
Да не се криват палците се носат barefoot чевли или wide toe box чевли што ги нема на наш пазар. Не е до ѓонот колку што е до формата на обувката.
Знам ама такви нема кај нас и скапи се да се нарачаат онлајн, па нема поента тој совет. Дадов предлог на членот со алтернатива - рамен ѓон и да не се тесни кај прстите. И ѓонот е исто така важен, не само формата. Чевли со висока потпетица исто така влијаат.
Zeni help Koristev patiki na walkmax i bev prezadovolna.No sega nekako nemaat patiki . Od kade da kupam patiki koi se kvalitetni i ortopedski da se?