Имате купувано/порачувано патики од Зара, какви се? Не очекувам некој квалитет ама да не бидат па ѓубре и ептен неудобни како едни што имав од Страдивариус. Конкретно овој модел, вака на изглед ми се свиѓаат ама што знам, ко шо иам проблем со рани со плускавци, не знам дали вреди да се зе земе.
Дали ги имаш купено овие патики? Ме интересира дали се удобни, гледам ги има во Спорт Вижн на попуст 4600 испаѓаат
Не не ги зедов овие, купив New Balance 357, верувам дека се удобни и нема да згрешиш, до сега најдобра марка се според мене
Сум имал патичиња од Зара ама пред многу години. Некако сезонски ми беа, одма се „потрошија“. Е, сега, ваљда зависи и од модел/цена, шо знам... Интересен модел е овој, ама доста скап. За тие пари можеш да најдеш многу посигурен бренд.
Ги земав ја овие тогаш. Многу ми се допаднаа, топ се искрено и удобни и лесни, што многу битно ми е пошто проблем знам да имам со обувки. Позитивно ме изненадија. После видов дека ги намалија ама тоа е, тогаш ми трeбаа, сакав да ги имам. Колку ќе траат ќе видиме, се знае денешниот квалитет, и од многу појаки марки па се жалат луѓе дека не се тоа што биле некад.
Се ми е скечерс со години. Патики за разни пригоди, чизми, сандали, кломпи, влечки, еспадрили... Не би ги сменила за ништо
Нарачав патики од Buzz пред две недели, уште не се доставени. Дали има некој искуство? Со кое карго работат Buzz?
Имаш слични во Интерспорт и Спорт м. Сестра ми ги гледаше баш. Puma знакот само не е со црно, со сребрено беше.
Сум земала чизми и сандали и ми се покажаа супер, за патики не знам. Вака ми делуваат дека се со океј квалитет
Devojki iskustva nekoj so StockX? Sakam da naracham patiki.. Da spodeli iskustva, princip na plakjanje i dostava do Mk…