Задоволни сте од лотто патиките? Ми се свиѓа еден модел ама никогаш не сум носела од таа марка не знам какво лежиште имаат ,секогаш се одлучувам за адидас најк или скечерс
Дали некој порачувал од онлајн страните за патики од Косово? Велат дека се оригинал ама некако не ми е баш верно за таа цена
Не би им верувала воопшто. Подобро купи постар модел на оригинални патики или пак од друг поевтин бренд, отколку на крајот два пати да плаќаш.
Да знам за скечерс имам такви, ама моделите на ванс ми се свиѓаа, сакам некој убави, рамни обични Фала на сите
Епа најдобро лично во продавница да отидеш и да провериш кој модел има анатомска влошка. Во принцип, тие анатомските влошки во патиките внатре се посебно означени и со црна или сина боја.
Најчесто купувам од Адидас. Од скоро почнав да купувам од Скечерс од кои сум презадоволна и во иднина планирам само од тој бренд да купувам патики.
Ако имате рамни стапала тогаш не ви ги препорачувам Скечерс, иако сите ги фалат како најдобри за пешачење и трчање, јас имав многу мака, ги носев кратко и ги подарив.
Јас имам рамни стапала и се збогував одамна со патики на рамна гума и ниски, како Конверс, Адидас ниските и сл. Најзадоволна сум од Најк Wearallday. Најслични на нив се Renew.
Да мајка ми и сестра истово ми го рекле дека не им се удобни како тесни ги чуствуваат затоа не купуваат од Адидас.Јас со оглед на тоа што имам мала нога,носам 36 број не сум почуствувала да ми се тесни.