Јас имам порачувано од zizibuz_outlet, и многу убави се. Скроз исти како тука кај нас што се по 6-7 илјади.
Ги купив овие и за удобност се да, не се како за трчање, ама се лесни за носење и внатре се меки. Изработени се од потенок материјал и не се тврди. Ниски се и погодни и за летно време.
Адидас имаат убави дизајни, јас сум задоволна од нив и за вежбање и за шетање. Скечерс исто се удобни.
Дали постои продавница во Скопје/модел на патики што се апла широки кај прстите? Вака нешто: Работата ми е со стоење, 7-8 саати во текот на денот. Носам Скечерс со платно/мрежа, ама на моменти многу ме болат прстите, ги осеќам стиснати некако...
Да пробаш со нешто од тука: https://zdravistapala.mk/product-category/obuvki/vozrasni. Ги рекламираат како обувки со широки прсти.
Скечерс ги имаат скроз заебано, лом ми се прстите и ужасно смрдат, почнав да ги перам на две недели и денес конечно ги фрлив. Ќе си се вратам на Најк.
Јас сум со рамни стапала и последниве неколку години зависам од ортопедските влошки. Скечерс се единствените патики што можам да ги носам без влошката и да немам болка после тоа.
Ги има некоја пробано патиките ON Swiss Еngineering waterproof варијантата? Издржливи се за долготрајни outdoor sport activities? Некои слични на овие
Сум имал патики од скоро сите познати бредови, пума, ла спортива, најк, адидас, рибок, соломон, конверс и до сега најудобни можам да кажам дека се асикс и овие ла спортива ги употребувам понекогаш претежно кога е лошо времето.
Дали е нормално да ме стегаат при прво облакање. Нарачав 39 тоа е мој број ама се осеќам стегнато. Кај нас во sport vision нема 39, а ни 40 да пробав...
Па зависи колку. Јас ги носам полабаво врзани, а бројот ист ми е како на другите. Од страна ми се потесни малку од другите, ама навикната сум пошто се меки.