Дали може некој да сподели искуство со марка HOFF? До сега немам земено ,а гледам имаат убави модели и попуст.Овпј модел многу ме бендиса.
Порано кога ќе купев патики ми траеја по 5 години, а последниве неколку години кога ќе купам патики, ми траат по 1 година. Веќе нема квалитет на патики во Македонија. Сум купил од секаде и исто е кај сите.
UnderArmor и Adidas купувам. Најјаките марки за патики и пак не се квалитетни. Ама и сите останати марки во Македонија се со лош квалитет.
На кој како ќе му се погоди. Имам Најки стари речиси 6 години. Уште се читави. А и обични од Ваикики, и по 3 години уште се добри.
Пробај од Скечерс. Јас имам едни, 4 години, како што ги купив така и останаа, ко нови. Не ми се нешто баш нај нај за долги релации, бидејќи ми прават плускавци. Можеби поголем број земав, можеби калапот е широк, можеби мојата кожа е нежна, не знам Но со други патики сум немала ваков проблем. Скоро сите кои сум ги купувала од марките ми се удобни. Ама да, у право си, после година дена поголемиот број од патикиве партал се прават Но ако сакаш квалитет, Скечерс онда. Една марамица сега да им удрам, ко првиот ден од купувањето ќе се
И јас тоа приметувам,последно најк имав 1 година едвај издржаа и тоа ретко ги носев не да речиш секој ден
Не е до патиките. Секој различно оди. Јас лично до сега не паметам да сум скинала патики. Не зборувам само за марки туку и за обични патики. Маста сум им ја вадела. Додека мм и најскапите да ги купи пак ќе ги скине.
Точно така и јас исто немам скинато патики. Имам патики 6 години ги носам како нови се нема разлика дали се марка или не секој различно оди. Квалитетот е ист ги перам и во машина на 30 степени и повторно се како нови.
Зависи, не значи ако се марка дека подолго ќе се носат, веќе нема квалитет како порано. Инаку имам патики и од пред 10 години, се' уште не се скинати, како нови се.
Јас подолго ги носам тие што се марка. И не ми се скинале. Оние поевтините за неполна година завршуваа во канта. И не е само до пукањето. Лошо мирисаат
Нема врска марката. Сум купувал патики од 200€, марка, и пак ми се скинале. Не е до марката, туку до лошиот квалитет. Купи во Солун од истата марка и ќр видиш разлика.