Да не ги има некој случајно hummel? Дали се квалитетни, дека не се баш евтини плус made in china пишува... ?
Здраво девојки, да ве прашам дали негде можам да купам боја за велур / suede во беж нијанса. Или кај можам да ги носам патикиве на реставрација. Кај што е кожата, бојата скроз отиде и е зеленишкава. Еве ви слики од моменталната состојба и од онаа првобитно како изгледаше моделот.
Леле истиве ги имам, скоро две години хаос се. Мислам дека нема како да им ја вратам бојата. Те молам ако најдеш решение информирај ме
Пишав на еден Кенан што работи кај железничка со кожа, гледам има фарбано велур, или само ги чистел. Е сеа ја се расчачкав по интернет и најдов од кај да нарачам беж боја за велур и сама дома да пробам да ги средам, или кај чичкото да ги однесам да ми ги префарба, сепак знае како со материјалите. Ама чекам прво да ми врати. Таква кожа си бара посебен третман за да трае долго време, а колку ми беа омилени. Ептен сакам да ги средам.
Да се надоврзам на приказната, ги носев моиве кај Кенан, кај железничка (слики шо му гледав, мислев чудо ќе направи), ги префарба и ги освежи ама малку се освежени. И малце опљачкано се осеќам со оглед на тоа шо ми наплати 1000ка што за оваа разлика е многу. Од интернет сама боја да нарачав оригинал и да ги префарбав, поефтино ќе пројдев реално... ама памет за друг пат со патики/папучи од превртена кожа. И да ве прашам, да не знаете некои препарати за одржуваже на кожата? И за чистење.
Вака нешто слично ги имав однесено доле во ист гејт имаат хемиско за патики. Исто вака нешто ги исчисти, но не е истата боја како што ги земав. А сега по втор пат ако ги однесам мислам дека нема воопшто да ги исчисти освен ѓонот.
Памет за друг пат сеа знам и на друг да дадам. Превртена кожа тешко се одржува, убави се само на излог, после недела-две носење не се. Само обична кожа што со марамче се чисти или пак материјал што може да се испере. Другото се е убаво само на излог во продавница. Толку.
Јас патики од превртена полани си купив и мака мачам да ги одржувам, многу си ги сакам и ептен ги пазам ептен неприметно и е сменета бојата. Само со сува крпа ги поминувам, еднаш имаше една точка ги чистев со влажна на слипи ама треба ептен нежно и тогаш да се трие да не се оштетат. Читав на интернет со мицерална вода се чистеле досега немам пробано.
New Balance, најјудобни на свет и топ се на изглед, ама тоа им е голема маана. Ги имам однесено исто на хемиско во ист гејт, ама ептен минимална разлика беше. Сега си ги перам редовно во машина и игнорирам дека изгледаат гнасно. Дали има некој искуство со патики од Bellmondo? Меркам едни шарени со цветчиња, на изглед интересни, ама колку се квалитетни и удобни?
Има едно средство во виде на спреј за патики/кондури од превртена кожа и многу убаво ги чисти го има во sport vision јас кога купував патики ми го препорачаа и си го земав за нкои 350-400 ден. Го препорачувам.