Zara сум задоволна, имам неколку пара и изненадувачки удобни се. Бершка не се лоши, ама последните што ги купив десната како да ми паѓа ногата навнатре. Дали јас лошо одам или не ми се погодија
Ако планираш да ги носиш без да одиш у нив секој ден со саати, што да не. Ама, квалитет кај патики таму нема. Колку пари, толку музика. Ја пари не давам многу за алишта, али за чевли да оти не планирам секоја сезона нови да купувам. И плус како и да е на попусти ги купувам. И јас порано мислев не давам пари за чевли, не сум будала ама коа израчунав колку пари сум дала за нешто што се распаднало за три месеци, сум преплатила 10 пара квалитетни чевли.
И не само тоа. Одиш се движиш, ако не се квалитетни ќе те болат и после нозе. Џабе ако се убави на изглед, ако ти страда нога после и ти си преморена од 2км пешачење на пример. За убави обувки и топли јакни вреди да се инвестира. Или како ти. Купуваш на попуст и да не ти треба во моментот, ќе дојде време и ќе ти притреба. Неколку пара да имаш да ротираш уште подобро. Нормално ако може да се дозволи.
Девојки како сте задоволни од Puma патики, имам носено пред неколку годни, но не ми беа погодени, а сега сакам повторно да им дадам шанса. Потребно ми е ваше мислење.
Кажи кој модел поточно? Ја иам Mayze и Rs-X, особено вториве како втора кожа лежат на ногава. Презадоволна сум.
Можеби до сега си купила. Поседувам пума патики некое време, не ги произведуваат повеќе како порано кога газиш со нив да имаш чувство дека газиш директно на асфалт. Сега тие се удобни, комфорни, самото одење не предизвикува чувство на тврди патики. Не се 100 проценти удобност, ги носев за шетање по цел ден и на крајот од денот ме болеа стопалата. Ако се исти во цена со соодност со други брендови би ти препорачала да си купиш NIKE AIR MAX.