Ако ѓонот е пожолтен, пробај со тие магичните сунѓерчиња од Кам. Би требало да се средат. Ако се целите, пробај покисни ги малку со тоа средството од ДМ со четкичка што е. Малку изгланцај ги со четчето убаво да пушти од гелот насекаде, па нека киснат во вода неколку часа.
Јас имам патики и чизми од Obuca Metro и искрено ми одговараат. Удобни се, особено чизмите, не пропуштаат и топлат. Единствено после подолго време на нога некогаш ме болат ама тоа е кога сум на работа. А патиките се летни и многу удобни. Имаат попусти често, можат и за ептен евтино да се најдат.
Јас имам патики и чизми, удобни и супер квалитет. Чизмите ми се од Пеко а патиките од Германија, вредат за секој денар.
Си купив патики на скечерс пред 2 месеца ( најнов модел ) и еве веќе ми се скинаа. Толку пари а квалитет никаков.
Јас па баш имам позитивно искуство со Скечерс,имам патики од пред 3-4 години кои уште се здрави а доносени ми се.Лесни и удобни,идеални ми се за долго време поминато на нога.
Најк за сиромашни Американски бренд е, ама изгледа кај нас доаѓаат со лош квалитет. Може во Грција да се подобри.
Јас имам скечерс од германија купени може 10 пара што чизми што патики и поудобно нешто немам носено, а и квалитетни се
Риплеј дали имаат некои поудобни модели, за секој ден да се носат? Исто и дали се квалитетни ме интересира? Ќе си пробам секако, само чисто ме интересира искуства. Мене лично Најк најудобни ми се покажале, а и квалитетни, едни што ги имав, па мислам некои шест години ги изнаносев. За пешачење измислени се. Пума еден модел имам само, не се лоши ни тие. Ама Риплеј гледам убави модели имаат, плус на некои 20, 30% попуст онлајн во Д Спорт. Само да се комотни.
Не знам за точно кој модел сакаш, мајка ми има едни на плута налик на старки, кожени. Вели дека се прелесни, удобни, плус со нив патува илјадници километри вели дека и се супер. За разлика од моите старки на плута кои повеќе од саат, два не се за носење.