Вака нешто да не се? Ја се двоумам меѓу првиот и вториот модел. Вакви слични имав Nike Air Force, ги изнаносев, преквалитетни беа. Би требало и овие да се океј. Од старки, а и од сите модели на Адидас и Ванс, ме здоболува ногата после саат, два одење.
Не се вакви, на плута и до глужд се. На интернет барав слика ама не најдов. Утре ако не заборавам ќе ти ги сликам. Нејзините не се од Мк.
Здраво девојки! Сакам да ги земам Reebok Glide , па ме интересира дали некоја од вас ги има и како е задоволна? Најбитно ми е да се лесни и удобни за подолго одење, бидејќи имав лошо искуство со едни многу тешки патики од друг бренд. Како стојат со броевите, дали се точни или треба да се земе поголем/помал број? Фала ви https://megasportonlineshop.com/p/patiki-reebok-glide-6/
Конкретно со овие што ги сакаш немам искуство, ама ако бараш удобност за подолго одење, дефинитивно би ти препорачала да си земеш Најк или Скечерс. Јас пешачам долги релации и имам прилично комплицирана и осетлива нога, од повеќето патики при долго пешачење ме здоболува ногата и рани ми се прави буквално. Со Најк таков проблем немам и што и да пробам друго, на Најк се враќам. И за квалитет, и за удобност чиста десетка им давам. Скечерс земав прв пат пред некој месец. Не би можела да коментирам за квалитет на патиките зашто краток период ги носам, но од аспект на удобност немам доволно пофални зборови. Прелесни и преудобни, чувството е како да не носиш ништо на нозете. Гледај да се Trail модели, тие ти се добри за шумски патеки, за на Водно. А за пешачење низ град, парк, кеј мислам дека GoWalk би биле таман.
Пред еден месец и јас конечно земав Скечерс, јас ги зедов за пешачење ама многу ми се удобни и овој месец скоро постојано сум со нив. За квалитет не знам како ќе бидат ама вака преудобни ми се. Инаку јас сум Конверс и Ванс фан, ама ја немаат таа удобност како Скечерс.
Дефинитивно. Поудобна патика немам носено, измислени се за пешачење. Плус и не се прескапи, барем јас ги начекав на топ попуст. Да се надеваме дека и квалитетот ќе се покаже, вака до сега никој ми се нема пожалено. Сите ми ги препорачувале.
Пешачам многу, секогаш бирам комфорна патика. Еден период од nike ме фати грбот, носев многу converse сега не можам да ги носам, skecers се многу многу удобни некој квалитет немаат ама сум задоволна. Забележав во последните години дека модел на ниска патика не можам да носам, многу сум задоволна од Adidas ги купувам оние кои ми се удобни, моментално само Adidas , самба патики не, купувам обични едноставни модели. Чизма , чевли само по потреба носам,штикла последен пат пред 10 години.
Adidas има еден од најдобрите ѓонови и за трчање се фалат дека најмногу им годат. Порано носев Адидас, сеа Најк е сеа реплики или не беа не знам ама Најкот повеќе ме тепа.