Еве ми ги најновите од Најки - Nike Air Swift Sister Само кај мене знакчето е сифкасто. Ми се свиѓаат.
Ако сакаш убави и квалитетни патики ќе можеш да најдеш само во продавниците на NIKE,ADIDAS,PUMA и сл.а патики до глуждеви има многу убави во NIKE....
И ја си носам никече и се најнај убави квалитетни сее.... И немам замерки....Па би си купила нареден пат Најк
јас па converse не ги заменувам за ништо, веќе ако купувам патики, цело средно и цел факултет си го поминав со стратки но сеа веке сум потпорасната, и ретко купувам патики, претежно штиклички, имини, салонки и сл. не дека ми згаснала желбата за патики, но на работа неможам со нив за жал
Точно. Поквалитетни се отколку Nike, а и Converse се покажаа како добри. Имам и старки, нив најмногу си ги сакам, иако за одење и не се баш најудобни Кога ќе земам нови, Adidas дефинитивно
На пумата "душата" им ја извадив...Ги носев на снег,на дожд,на суво... Ептен ми се погодија...Сега си земав најк и се надевам дека ќе бидам задоволна...
Најквалитетните патики до сега ги купив од кинески шоп на шега. Ги платив 350 денари , ми требаа за една употреба. Пешачевме низ шума , не планирав новите патики така калосани да ги вратам дома а пари сум дала за нив. Па ги купив овие ,и ко за чудо покрај тоа што воопшто не внимавав каде и на што газам беа како нови откако попуштив на инсистирањето на мајка ми да ги испере.Ги носев две години и сеуште ги имам ,единствено краевите на врвците им се малку излитени. Поука- високата цена не гарантира висок квалитет!!!
Ова се моите адидас , многу ми е убаво одењето во нив .Знам , сега ке помислите сакам да се фалам , но не е така . Некогаш вреди да дадеш повеќе пари за нешто што ке ти користи
Моментално Адидас носам, прилично ми се нови па има време да се говори за нивиот квалитет и за издржливост. А иначе имав пума и нив ги скапав носење сеуште се прилично здрави ама мали ми се...
Индивидуално за секој..Според мене ниту адидас,ни нике,ни па пума...Скечерс ги имам носено 4 години и како нови се по секое перење...А сум имала и адидас и нике и повеќе од 1 сезона не ми издржале...секој индивидуално пак ќе кажам
Индивидуално е сепак.. имам другарка што многу сака Sketchers ама одма и пропаѓаат.... а неколку пати по ред ги купува...
Исти вакви во Битола имаше... сега не знам дали има... и мислам дека во Охрид видов ама за Охрид не сум сигурна. Ти од каде си ?
Не сум голем фан на патики,по принцип не обожавам да ги носам,освен некои периоди кога нема ништо друго што да се облече.Не се замарам дали биле марки,адидас,најк или не знам какви други...Не знам како некои луѓе можат толку да се замараат за патики.Јас искрено ни 2000 денари не би дала за патики.До пред еден месец носев патики од 650 денари,си ги купив на панаѓурска тезга.Не ги ни гребнав,добри ми се...Не планирам да ги облечам цела зима.Сега сум си во омилените и најзгодните чизмички
^ Епа за патики давам пари и по 6000 не ги жалам, затоа што сакам удобност и квалитет бидејќи најголемиот дел од денот сум во патики, на факс натака навака, на денско кафенце... неможам без патики! За секаде ми требаат патики.