Јас имам адидас класични, само место врвци имаат лепенки. Ги купив пред 2 ипол годони 1900 денари и мака немаат. Никаде не ми се скинати, а ги изнаносев
Најквалитетна патика што ја имам дома. И на дожд и на снег ја носев и ништо, стои сега ќе помислиш не сум ги облекла уште Инаку заљубена сум во најк, посебно во моделот шо се височки малку нагоре и ги имам во различни дизајни. Исто квалитет одлично, ми се немаат оштетно и тие што ги имам од пред 3-4 години, само што коа ги носам во зимно време ладно ми е на нозете и затоа си ги носам само пролет,лето,есен. Иконверс ги обожавам, и старки и оние исто високиот модел, последно баш пред некој ден си земав тиркинзи со лилаково. Адидас исто супер квалитет ама некако неможам да најдам некои интересни дизајни, на нет има ептен голем избор, ама коа купувам неможам ништо да најдам, а тој стандардниот модел веќе досаден ми е. Инаку јас не верувам во муабти за квалитетна патика од Х марка од 500 денари...ниту некогаш ќе облечам такво нешто. За мене патиките се света работа и затоа не си дозволувам фејк на мене или нешто ефтино (знам дека звучи снобовски, ама ваква сум само за патики, пошо фрик сум по нив, за се друго не ми е битно )
Еве нешто интересно. А овие адидас бело со зелено ГИ САКАМ најмногу на свет, а никаде неможам да ги најдам сон
Старките конверс сега ги направија апла неквалитетни, кога и да ги облечам-веднаш плускавица, а башка то и веќе почнува да ми се поткинува платноно, а кај ги имам купено од пред пола година, па и ретко ги носам. Златни адидас си ги изнаносив ( А,не се сомневам дека и air max се прееудобни мои омилени(барем на изглед, за удобност незнам )
Јас под квалитетни патики подразбирам обувки кои се носат и на дожд и на снег и на сонце на секакво време .Такви до сега ми се покажаа само адидас вакво нешто и all star се квалитетни но за суво време
Нормално Адидас, Најк, Пума се поквалитетни патики сепак бренд се. Ама јас мислам дека квалитетот им е доста паднат во последно време. Јас сум фан на адидас, дома имам 5-6 пара адидас патики, a анти најк сум Имам адидас и од пред 5 години и пак ги носам некад, ама луѓе ќе видам стар човек со адидас патика онаа класика абе 40 години ја носи. Ај вие носете ги овие денешни патики 40 години??? Ма нема шанси... Денес и брендовите се машинерија, прават илјадници парчиња дневно што побрзо, толку повеќе, толку подобро, фабрики низ секаде во светот. Посебна фабрика за западна европа, посебна за југоисточна каде сме и ние, посебна за америка итн. И може ние имаме само бољи квалитет од африка ама не е докажано Така да денес денес може адидас, најк, пука, конверс да купиш и да ти пропушта и да ти се скине и да ти се исљушти и се. Не е гаранција скапата патика и брендирана дека е квалитетна!
Леле, вакви патики барам на крем нијанса. Во која Адидас продавница ги има да одам да си ги купам. Се заљубив во патикиве..
Порано купував од Рокси .... сега немам влезено едно добри 2-3 години и се покажале супер, сум ги носела по година дена и биле здрави, но досадни и морало нови инаку сеуште ми стојат негде во плакар здрави Најк овде кај нас не знам каква роба имаат, Адидас, па тоа е жива катастрофа пред некое време купив патики ги платив 5000 и ги носев 2-3 месеци, за ништо не чинат сите можни конци искочија ! Се прашувам во кој подрум ги шијат... Сега имам Конверс од прилика пола година ги носам и се "коска" Конверс е финитивно квалитет за кој вреди да се плати кај нас
се согласувам за adidas навистина има квалитет во тие патики .. а и цената не е толку висока со оглед на тоа што ги носам цела година ..
Не сум голем љубител на патики, но мужето мое е. И си носи адидас или најк. Почесто купува адидас и тоа кога ќе начека некој добар модел на попуст (најчесто во Метро или на фри шоп). И до сега не е погрешил со изборот. Го служат со години.
new balanse ми се покажаа најдобри, ги носам повеќе од 3 години ги купив од фри шоп и навистина како вчера да сум ги купила