Едно 3 месеци каснам со ова и јас сум од Битола, ај ако го видиш постот пиши кај има во Битола вакви, освен во Лукас незнам кај би можело да има, а во Лукас ко барав немаше.
Јас сум манијак по патики, и тоа строго марка да се. Многу ми е битно, квалитетни се и удобни . Пред 2 години си купив рибок од ГТЦ, црни 3300 мислам дека беа, не ги менувам за ништо на светот. Поудобни и поквалитетни од нив до сега не сум имала. Овие Адидасов се машки модел, али не пуштаат вода ги фурам низ калишта, дожд, снег , мн топлат .. Па така е кога неможам да си најдам едни асални чизми ! Јас ги земав за 80 $ , али кај нас верувам дека цената е далеку повисока , пошто нашиве стварно претеруваат. Истиот ден си земав и Најк, само сиви, беа 20 $ и одма испукаа Лично се имам уверено дека кај нас ни Адидасот ни Најкот вредат, јас и сестра ми едно лето плеснавме по 4000 од продавницата во Соравија што е , ни 2 месеци не ги носевме... Како картонски беа. Од тука само Рибок и Конверз поштувам. А ако имате шанса од надвор да поручите-јас гласам за Адидас. П.С. Исто така сум обожавател на конверз старките, ама тие платнените брзо се кинат,имам кожни и сум ептен задоволна.
^^ ги имам истите најк само со црно знакче презадоволна сум како нови се а нон стоп сум во нив не испукаа, до сега овие ми се втро пар најк и одлични се покажаа, од пума не сум ич задоволна одма пукаат напред, а адидас не сум носела може нареден пат, ама најк си е најк за мене :up:
Јас адидас си имам и презадоволна сум.Ниту пукаат ниту ја потат ногата, ги перам во машина нон стоп и ништо не им е.
Јас носам конверс старки бели, скапо ги зедов, но навистина вредеа! Само ми пукна едната патика кај петата оти со другата нога ја соблекував А инаку не се испукани дури ни од страните напред и позади кај петата зкакчето Ол стар не е скинато. Стварно се квалитетни и удобни. Ги имам насекаде носено и уште се здрави девојки да ви кажам дека се појавија ефтини имитации на конверс патики, барем во мојот град, старки конверс по 1000 денари, што е невозможно! Да ви кажам да не се лажете по такви, затоа што веднаш ќе ви се расипат! Подобро кога веќе сакате земете си оригинал!
Не носам Најк, Адидас, Пума, Орка .. си купувам патичиња од 700 денари од златната Шутка кои ми траат и траат. Најискрено да не се подречам ама од таму од една продавничка патикиве гајле си немаат. Имам и Конверс старки онака бледо жолто/ бледо крем, високи се волку Спојлер И знакчето не е како залепено туку и тоа е шиено/везено како и да е. Ги купив од Конверс аутлетот во Мавровка за 1200 денари, a и продавницата пред реновирање беше. Ги носам некаде околу година и патикиве гајле си немаат, а кој пат го имаат видено .. Имам и планинарено со нив, пешачење, вода имаат впиено..
И јас си носам адидас,презадоволна сум.И после една година откако се купени сеуште се здрави,а се имаат претргано.Јас ги зедов на попуст 45 евра и ич не жалам ни евро,преквалитетни се.
Имав платнени Конверс старки, црни со AC/DC бендот на нив и после 2-3 месеци целите ми станаа кафеави и веднаш ми испопука гумата од страните и толкави дупки имаше на платното. Изгледа тоа од одот мој е. Сега имам кожни старки од Конверс, убави се, само што јас уште од првото облакање одма ги искривив и превиткав ама ајде добри се. Само што тешко се облекуваат. Инаку тие Адидас, Најк и Пума стварно претеруваат. А посебно Адидас. Па прескапи им се патиките бре. А и јас со цел памет лупнав скоро 4 илјадарки на овие кожните од Конверс и сега немам резерва патики. А ми пропуштаат вода овие и морам да носам едни глупави чизми!
моментално носам puma ова му е 2ра година патичињата ми се супер не ги зедов мн.пари ама и за толку вредеа ги изнаносив и уште ги носам мислам вреди да се дадат пари за еден пар убави тренерки и патики многу сакам и носам едноставно прекрасно се чуствувам во спортска варијанта...
ванс според мене се најдобри патики. незнам зошто некои се бунат кога овие се типично скејтерски патики и нормално е да се пошироки
Nike дефинитивно...имам вакви патичина само моите се бели со розево ама ми остареа и си купив Reebok ама не се како Nike ...бар за мене
Пред 3 и пол години зедов Лининг и сеуште ги носам. Здрави се, квалитетни и не пуштаат вода. Пред некој месец повторно зедов Лининг, отпевртена кожа се и многу се типски (ако најдам слика ќе прикачам).
Нема врска ова за најкот, барем јас така мислам.. сепак треба да ги чуваш Јас сум презадоволна од најк, ги носам на дожд, на снег, на кал и мака немаат