Квалитет или квантитет?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 6 ноември 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Што одбирате 1 парче гардароба поскапо (квалитет) или повеќе парчиња гардароба за истите тие пари (квантитет)?

    Реално сите сакаме квалитетна гардароба. Но некои ако имаат 6 000 денари за истите ќе купат скапи бата чизми, а другите ќе купат 3 пара чизми за истите тие пари, во различни бои и ќе си ги менуваат. Е сега нема да се италијански, ама ќе им служат и тоа како. Некои сакаат да имаат избор и полн плакар облека, а другите не бараат преполн плакар, бараат квалитет пред се.

    Иако мора да признам дека денес скапото парче гардароба не секогаш дава квалитет. Денес и најдобрите фирми знаат да разочараат. Пеко чимите пропуштаат вода, а тие од Шутка знаат и 3 сезони да ги износиме. Манго блузата лани што ја купив се отши на сите рабови :?: Плус преплавени сме од кинеска гардароба, која знае да ја има и во скапите продавници. Адидас патиките не се како порано, има специјални фабрики за југоисточна европа кои произведуваат, со тоа за истите пари ние добиваме помал квалитет.

    Сакате квалитетна скапа гардароба? Или бирате квантитет и за одредена сума пари вие полните 5 кеси гардароба :)
     
    На soncicko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.050
    Допаѓања:
    48.313
    Пол:
    Женски
    Па самата кажа дека нема квалитет. Значи кај и да купуваш треба само среќата да те послужи.
    Јас на пример на патики не сум фрлила повеќе од 1000. Има една тезга на бит-пазар од манија и таму си купувам стално и си ги носам цела сезона. Никогаш не би дала за патики пет-шест илјади. Зошто? Исто ќе ги носам.
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Jaс си викам дека не е како порано. Купувам некад поскапо, некад преефтино :lol:

    Ама некои се само залетани по "квалитетно", по скапа брендирана гардароба. Ќе убијат човек речено за адидас или најк патики да имаат секоја година нови, да имаат манго блузи, тејли вејл фармерки и за нив КВАЛИТЕТ е поимот и точка!

    Инспирирана сум за темава зашто прееска во темата дали купуваме од Шутка прочитав неколку мислења дека не купуваат зашто нема квалитет. Ако нема во Шутка квалитет значи нема и во 85% од продавнициве низ градов. Теранова и Њујоркер реално немаат квалитет, просечно дури чизмите и подпросечни им беа, само носат помодерна гардароба.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.050
    Допаѓања:
    48.313
    Пол:
    Женски
    Таквите душички се во голема заблуда. Јас имам пишано во темата Марка мислам беше. за еден костим за капење од Лиска што се опрчи една другарка не знам колку пари, а костимов боја пушташе. И имам други вакви примери за Леле колку пари фрлив, а ми се скина, се распара, се... Ама тоа е. Додека има овци ќе се најде некој да ги стриже.
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.511
    Прво, нема веќе квалитет. Ретко се наоѓа.
    Второ, зошто јас да давам грдни пари за марка или демек квалитетно парче? Па дури и до бесконечност да не се скине, колку треба едно парче облека да се носи - 100 години ли?
    Веќе неколку години наназад купувам повеќе парчиња облека кои ќе можам да си ги искомбинирам, а не се премногу скапи, зашто модата се менува секоја сезона, а исто и мојот вкус.
    Не е веќе она време кога едни патики се носеа по 7 години. Бог да чува , ко за фалење да е фактот што имам блуза стара 10 години у плакар и уште ја носам. Па треба да сум нетокму.
    Еве, оваа година купив 3 пара чизми и секој пар чини под 1000 ден.
    И си ги менувам за секоја прилика и да ми издржат и 3 месеци ќе сум задоволна, затоа што наредната сезона ќе си купам други и различни итн... И тоа правило ми важи за се.
    А лани на пример, купив чизми кои ме чинеа скоро 100 евра, демек кожа и квалитет, и што дека? Не ми се облечени ниту 5 пати, а богами не ни планирам, од проста причина што мене лично ми се демоде. И сега нека фаќаат украс, важно квалитет биле. |(
     
    На sesilija и rossonerka им се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Еј немој така :rofl:
    Јас имам дома неколку блузи, сукњи кои знам ретко ама да ги искомбинирам со новиве алишта.
    Па топ комбинации испаѓаат.
    Модата се враќа 8)
    А кажете какви знаеме да извадиме алишта од орманите на родителите? :inlove:

    Иначе потполно се согласувам со твојот пост. Многу слично размислувам.
    Иако ако нешто ми фати око а е скапо, ма ќе го купам, ама го купувам зашто ми се свиѓа и точка. Ама се тешам дека парите ги давам за квалитет, така полесно го преживувам топењето на салдото на сметката :lol:
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    квалитет и оригинал, кај нас нема.
    тоа е веќе докажано. остај ти тоа патики и чизми и што ти знам јас таму по 6000 ден, мислиш дека се квалитетни? или пак оригинални?
    никогаш не ми е важна марката, никогаш не ми е важно дали ќе купам нешто кое вреди цеееело богатство. нема да ти пишува на маицата или пак на чевлите.
    преферирам пред се, да е убав модел, да се чувствувам удобно и убаво.
    а и јас сум си таква, мене ми здосадува многу брзо од веќе новата гардероба, и веќе морам пак да купувам. така да, што фајде ако плиснам стотици евра за нешто кое повеќе не го носам. а и ние девојките секоја сезона купуваме други чизми, патики, чевли... па зошто да не си купам нешто поефтинко, кога знам дека веќе за 2 месеци ќе побарам нови.
    значи повеќе ми одговара за 6000 ден да си се облечам од глава до пети, отколку да купам еден пар чизми...
    јас лично имам многу чизми, во секаква боја, за кои не сум потрошила повеќе од 2000 ден.(од пар, нормално), па ништо не му фали, си ги комбинирам секако, со се и сешто... и секогаш сум си дотерана.
    а некој ќе плисне не знам колку на гардероба и обувки, а изгледа за никаде |( . важно фустанот и е 8000 ден :!: , ако не и стое и целата е без врска |(
     
  8. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.973
    ах би сакала квалитет, ама краток ми е џебот...ако барам квалитетна гардероба ќе одам гола (па кожата ми е најквалитетна бе) :rofl:
    шала на страна, за мојава моментална економска ситуација квантитетот ми е подобар избор :)
    се разбира не притоа да купувам облека изработена од најлон :puke:
    но прилично поефтини цени и повеќе облека (да има што да се менува) и со малку имагинација сето тоа да изгледа вкусно и префинето :D МАГИЈА БЕ :P
    не се летам по брендирана и скапа облека, не ми е битно да е марка.....сакам да се чувствувам убаво и да изгледам убаво :)

    Едно е сигурно цената на парчето облека се помалку е мерка за квалитетот на истото :!:
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.259
    .... Само да се надоврзам на претходните мислења, значи некои луѓе можат да дадат сума пари за бренд и да бидат облечени од глава до петици во истиот и пак да бидат fashion freakѕ. Еве земете ги пример ѕвездите од странство кои можат да си дозволат квалитет и пак незнат да го носат тоа.

    Од друга страна, постојат милион парчиња кои не се скапи, а можете да направите фантастични комбинации од нив за кои сите ќе се прашуваат од каде сте ги набавиле.


    А квалитет не барајте во ништо бидејќи глобализацијата, и настојувањето на мултинационалните компании да произведуваат со помали трошоци селејќи ги нивните фабрики во земји од Исток кои се богати со труд, но не и со квалитетни капитални ресурси- доведе до проиводство на производи со многу послаб квалитет од оној пред неколку децении- па затоа тие компании живеат на стара слава, шлепајки се на реномето на нивните производи од минатото. ;)
     
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.832
    Допаѓања:
    29.851
    Пол:
    Женски
    Зависи за што. Еве на пример јас секогаш купувам поскап долен веш, поточно прслук, затоа што тие од 150 денари после две перења стануваат никакви, испаѓаат тие железата и целиот градник ја губи формата. Е сега под поскап не мислам на 5000 денари, ама до 1500 сум дала за градник и не жалам, зашто стварно се убив носејќи ги и нема да мрднат. Исто така не жалам пари за капут и тврдам дека поскапите капути се навистина поквалитетни од оние што сега ги има и ги продаваат за 1500 денари.
    За блуза, кошула, фармерки, обувки, со ретки исклучоци, никогаш не сум дала повеќе од 2000-2500 денари. И мене ми е поубаво кога за малку пари ќе си купам повеќе работи, не патам од комплекс да носам брендирана гардароба.Фармерки најчесто купувам до 1500 денари, блузички кога како, некогаш под некогаш над 1000, кошули до 2000, обувки исто.Единствено што не жалам е ако сум платила повеќе за нешто во кое навистина се чувствувам поудобно. Пред да почнам да работам, кога мајка ми даваше пари за гардероба(не дека сега не ми купува, али ајде така да се каже :lol: ) ќе излезевме по бутиците и често пати се залетував и купував скапи работи. Мајка ми ќе се бунеше на почетокот, али јас упорна ја убедував дека не е скапо, што се 3000 или 4000 денари за едно парче. И на крај таа попушташе, зашто поголем мераклија е и од мене за шопинг и модерна гардероба. Откако почнав да работам и сама со свои пари да си купувам, луѓе се ми е скапо, абе 1500 денари ми е скапо :lol: .Друго си е свои пари кога си трошиш :( Сега гледам да најдам да си купам повеќе работи за помалку пари. :lol: и да чекам мајка ми пак да ме изненади со некој шопинг финансиран од нејзина страна. Отидов моног офтопик, извинете :)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.659
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Кај мене во плакар има се живо и диво. Имам работи кои сум ги начекала и сум платила минимално за нив, а има некои кога не сум знаела да се воздржам и сум си кеширала убаво. Се има случено нешто убаво да си го платам, а да не го облечам, а некоја маичка од 300 денари да ја износам.
    Затоа што повеќе пати бев фино лепо зае*ана од нашиве бутици во ГТЦ, не се доближувам до ГТЦ. Го презирам, го мразам... и Мангото проклето, и Бенетон, и Калиопе и сите. :@ Пред 2 -3 години кога бев уште глупава, редовно цела заштеда и џепарац ги оставав таму. И кога реално видов дека не добивам кавлитет за тие пари почнав да се шеткарам по маалски и некои позабутани продавнички, во Бисер, во Рамстор, само не во Гтц. И многу квалитетни работи имам купено количински повеќе, за цена на едно парталче од Манго да речеме...
    Значи сакам да си шеткам низ градот и да купувам во некои интересни прдавничиња, каде што робата не е скапа а е релативно квалитетна, иако ретко купувам во Ск, си чекам попусти во Солун.

    И за чевли нешто слично... Купувам тоа што ми се допаѓа. Знам да купам од 1000 денари и да ги носам додека не се икинам буквално. А знам да купам и до 3500 денари, да ги носам само во некоја прилика.
    Излегува повеќе дека сум накај квантитет, и да е така баш ми гајле зошто кога убаво изгледаш на никој не му е гајле колку си го платил, туку како го носиш :)
     
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.619
    Па ретко сега да се најде квалитетна облека, која можеш долго да си ја носиш и убаво да ти прилега. Ниту јас не патам од комплекс, па не сум многу по марките. Имам неколку блузи марка и патики, но ни тие не се многу скапи. Мене моите родители да ми дадат 100 евра за шопинг, јас добро ќе си ги искористам, а не само за едно парче облека или обувка.
    Ако имаш стил, можеш да отидеш во Шутка, да купиш ефтини парчиња и потоа добро да ги комбинираш.
     
  13. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.008
    1. Сега тешко ке најдеш квалитет. И марките не се тоа што биле, а и повекето се правени во фабрика во Кина.
    2. Ако ти се погоди квалитетно, па нема никогаш да ти се скини и откако ке го поносиш година, две ке остане вечно во плакар, затоа што сакаш да си се подновиш.
    3. Квалитетните работи се едноставни и слични.
    4. Квантитет имаш ептееееееееееен голем избор :lol:
     
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    64.970
    Пол:
    Женски
    Квантитет. Се што имам во плакар е ефтино, се разбира тука Теренова, Манго, Калиопе и Кара не ги ставам во квалитет и марка. Сакам повеќе ефтини парчиња иако се со послаб квалитет, да имам да менувам, отколку едно.
     
  15. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    заради тоа шо нема квалитет и едни чевли ќе ги купам 3000 и ке се скинат уште првиот месец, а ке купам други од 1000 ден ќе се отепам од носење преферирам квантитет и со тие 3000 ке си купам ем чевли, ем нешто облека :)
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.155
    Во принцип се водам да купам нешто што ми се допаѓа и убаво ми стои. Гледам на квалитет колку што можам да најдам а со квантитет и не се замарам многу. Може да ме фати период да не ми се купува ништо т.е ме мрази да шетам по продавници или немам време а ме фаќаат и периоди кога си одделувам еден ден само за шопинг па како што вели маж ми - додека не ги испразниш продавниците не си одиш.
     
  17. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    340
    моето мото е: имај многу,ама купувај ефтино. Зошто? Еве сега ќе кажам.
    Во локални бутици има многу поквалитетна гардероба од познативе брендови кај нас. Моделите се делумно исти,не викам дека во mango,tally weijl,calliope,springfild и др дека нема добра гардероба.
    Има да ама не вреди на парите. Вистинската цена на една маичка ќе се види на попуст. Што? една рамбовка да ја платам 400 денари догодина нема да биде модерна? Алооооооооооо
    Еве пример лани од Tally Weijl си купив фустанче кое многу ми се свиѓаше.Го платив 1800 денари, а летово го најдов за 500 :devil: Сега која е цената? Отидов оф топик извинете али многу се нервирам на вакви работи. Секоја девојка во плакарот треба да има квалитет,но платен со вистинска цена
     
  18. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    101
    Преферирам квалитет ама него го нема! Во обична продавница можеш да најдеш многу поквалитетна гардероба за разлика од некоја брендирана. Kупувам брендирана гардероба само на попусти тогаш цената е најреална и барем нема да ми биде криво ако се расипи. Е сега ако купувам нешто што не е бренд па уште и скапо тогаш внимавам да не пишува Made in China ако не пишува тогаш купувам :)
    Купив една блуза од Теранова (1000 денари, сега е 400), после првото перење на ништо не личи, од права коса се направи! :@ па нели е италјански бренд?! :fubar:
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.931
    Допаѓања:
    51.887
    Пол:
    Женски
    Јас сакам квалитет. Ако имам 5000 денари, ќе купам едни чизми, нема да купам чизми, фармерки и блуза. Немам многу пари за трошење и ретко купувам, но кога ќе купам сакам да е тоа нешто убаво што го носам со мерак.
    Купувам и ефтини работи, но кога имам пари, сакам да се почестам кавалитет. Пример, купувам фармерки еднаш до два пати годишно можеби, но секогаш барам да се на попуст Левис или Гас. Не би дала цела сума за нив, но ги чекам и си се частам на попуст, и од претходна сезона да се, не ми е важно, бидејќи преферирам едноставни класични модели.
    Последните чизми ги купив лани, скапи беа навистина, но купив едни и годинава нема да купам, така да исто ми се фаќа. Имам една зимска јакна од Гас што ја носам верувале или не - 6 зими на снег.
    Мене не ми е мерак да имам преполн плакар во разни бои, секој ден да менувам чизми. Не пратам слепо мода, така да тоа што ќе го купам ми трае долго.
    Можеби често сум исто облечена, но ете, едноставно не ми е важен квантитетот.
     
    На Juicy03 и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  20. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    2.679
    Пол:
    Женски
    Квалитет како што казавте претходно нема или незнаеш каде ќе го најдеш со сигурност, бидејки брендовите на облека кај нас едноставно не важат.Претежно се изработуванаи во Кина или што знам ја каде.Пред се кај нас нема закон за заштита на индустриска сопственост, можеби и има ама не се применува, па затоа не ни обрнувам внимание на брендот на гардеробата.Освем за долен веш кој што гледам да е скап и квалитетен, и за обувки не жалам пари.За другата гардероба воопшто не ми е важно дали е скапа или бренд, претежно си купувам кога ќе заврши сезоната.На пример пред 1 месец си купив еден куп летна гардероба на голем попус, од локалните продавнички.