1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Квалитет или квантитет?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 6 ноември 2010.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Cега ми текна на еден случај во еден бутик во Oхрид лани уште кога бевме,сабота беше влегувам едно блузе беше 4000 денари,а обично премногу,и наредната сабота влегувам да видам пак во истиот бутик беше 900 денари :o ви се верува?и после го купив за ефтино :) купувам претежно поефтини облеки,мислам нормална цена,не ми се дава за едно блузе 300долари :?: за фустани вака повеке пари ми се даваат,затоа што знам дека ке си ги носам ваму таму,свадби,крштевки ова она.и да ташни секогаш на попуст,ако била 400 после ја намалуваат на 100,значи не избрзувам одма,и секако квалитетт важен е :) досега што сум купила поскапо не сум се разочарала и не ми се уништило,а кај нас во MK секогаш купував нешто поскапо и 2 перење за во губре личеше :envy:
     
  2. EffyPink

    EffyPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    Искрено понекогаш квалитетот го занемарувам тотално.. Што ако платам 3000 за една блуза и ајде да е преквалитетна сигурно нема да ја носам 3 години.. вкусот често ми се менува и затоа многу често одам на шопинг. Посебно ми е глупо да дадам 1000 денари за џемперче од калиопе кога од елит ќе купам две за таа цена. Затоа си се изнакупував од таму во сите бои и воопшто нема разлика и така другата зима ќе сакам други. Чизми си купив 3 пара од шутка не повеќе од 1000 денари и си ги менувам. Е едниствено нешто за кое давам пари се патики.. не знам зошто но марките некако помили ми се :)
     
  3. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Квантитет! Нема логика да купам една обична блуза само затоа што била од некоја си марка со напумпани цени, кога за истите пари можам да земам уште 4 други блузички. И неретко ми се случило некое парче облека што сум го платила ефтино да го изнаносам - да се заборавам во него! Така да, секогаш барам нешто поефтино, за квалитетот баш ми е гајле :D
     
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    кратко и јасно
    облека квантитет сакам да сменвам нормално постојано како и секоја девојка и не ми пречи да земам нешто ефтино ако ми стои добро немат никаква врска парите а кога се работи за обувки секогаш квалитет и обично таткоми го земам под рака па и за штикла човекот има вкус и не си ја стегам душата со него :D
     
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Квалитет во квантитет :)
    Не сум толку богата да купувам ефтини работи. :!:
     
  6. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    До квалитет во денешно време многу тешко се доаѓа !
    А до квантитет многу лесно, јас за квалитет гледам првенствено за долен веш, а за се остало гледам да ми стои убаво, и најбитното ја дасум задоволна како изгледам во него.
    Иначе квалитетот е скоро секаде исти, само цените и брендот се различити.
    Исти фармерки во биг стар и на зелен пазар, со исти квалитет, во биг стар 2300 на зелено 1000!...................... епа не ми требе мене етикетата, и фискалната дека биле од бигстар. :)
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Па зависи за што.
    За штикли, фармерки, ташни и јакни спремна сум да дадам многу пари, зашто тие се основата и стварно не би сакала на секое перење да ми бледеат фармерки, да ми се кинат и излитуваат јакните или ташните.
    Е сега, ако се работи за некое парче облека што би ми одговарало само на одредена комбинација не се замарам толку за квалитетот и така неколку пати ќе го облечам.
    Значи, за работи што планирам да ги носам често квалитет, за ова другово не ми е ни битно :)
     
    На Saki15 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    RASONERKA зашто не неправиш твој блог секогаш си добро информирана а и одлично пишуваш поздрав
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Имам бланко блог онака направен кој чека погодно време. :lol:
    Али немам голема желба за блог, повеќе би сакала на друго поле да си се изразам.
    Повеќе би сакала да пишувам за мода, трендови, критики, пофалби во некое списание. Ама реално не сум се ни потрудила да си го реализирам тоа.
    Немам време моментално, има некои работи кои имаат предност како уште последниот чекор од факултетот, а и работата не смее да се запостави.
    Се тешам млада сум има време :lol:
     
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Цената на некое парче гардероба не го одредува неговиот квалитет, туку самата изработка. Точно е дека брендираната гардероба е можеби за нијанса поквалитетна но во никој случај цената не е еднаква со квалитетот кој би требало да го има.
    Купувам тоа што ми се допаѓа, не сум слепо загледана само во брендирана облека од причина што не сакам да плаќам и надплаќам работи кои знам дека ги има и по пониски цени.
    Често гледам да купам што повеќе парчиња за сумата која ја имам во моментот, но може и да ми се допадне нешто од Манго или друг бутик па и само едно парче да купам. Искрено во денешно време ниту една продавница во Скопје не ми е синоним за квалитет, па така без разлика колку и да платам знам дека нема да добијам квалитет туку квантитет.
     
  11. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    moжеш и за тоа да пишувас на твојот блог пробај мислам добра себе промоција е ..јас едно време мислев да почнам таков блог и исто како тебе мислев има време но станав мајка и сега немам време за ништо
     
  12. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    во мк нема квалитет сеедно од каде купуваш истите брендови што се кај нас во друга земја истото парце е 100 пати поквалитетно
     
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Јас преферирам квалитетни парчиња кои сум ги купила на попуст. Јас последните 4 години патував низ светов и морав животот да си го спакувам во куферче од 20 кила. И сфатив дека многу работи и не ми се неопходни. Заради тоа одлучив да имам универзална поквалитетна гардероба (особено важно е да не се гужва :lol: ). Сега кога престанав со патувањата имам само неколку обувки за секој ден и за излегување, кожни, квалитетни и пријатни на нога. Обувките ми се многу важни и инсистирам на квалитет пред квантитет и нежалам пари. Квалитет сакам и за џемпери. Имам 5 од кашмир купени на 50% попуст секоја година по 1 или 2 и само тие ги вртам цела зима и ми се стварно се незаменливи. Многу сум зимурлива што да правам.
    За алишта, купувам скоро исклучиво на попуст, фармерки, маички, панталони, сукњи и фустани абе се! :emo:
     
  14. Aniche

    Aniche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    20
    Преферирам квалитет. Често патувам и гледам да не дојдам во ситуација да морам да купам нешто од тука. Има огромна разлика меѓу нашите и странски продавници. Бидејќи имам облека која ми е исклучиво само за на работа, прилично ми се одржани и зачувани алиштата. А и квалитетни.
     
  15. Bloom

    Bloom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    40
    Квалитет.
    Кај нас нема некој голем избор на квалитет. Цената секако не го одредува квалитетот. Има продавнички каде што истите работи од Шутка се со 3 пати поголема цена. Подобро е да купиш едно квалитетно парче што знаеш дека ќе го износиш подолго, отколку 10 парчиња што траат и помалку од сезоната.
    Спремна сум да платам и повеќе, но барем ќе го носам со мерак. Посебно кај нас каде што девојките се како униформирани, богами и сакам да се разликувам. Сакам да си имам нешто што го имам јас, а не пола Скопје. Сакам уникатност.
    Е сега тоа зависи од можностите. Нормално дека нема многу да фрлам пари кога знам дека не можам да си дозволам. Тогаш одам на квантитетот. Кај мене во плакар има и тоа и тоа, само што најчесто купувам квантитет за во школо, пообични маички и фармерчиња. Знам дури и да купам нешто од 300 ден, и да му ја извадам душата од носење, а нешто за 1000 па да го облечам два пати.
    Но, како и да е - секогаш му давам предност на квалитетот.
     
    На Aniche му/ѝ се допаѓа ова.
  16. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Некогаш и поветиното се покажува како поквалитеттно така да цената не е мерка за квалитет...иначе преферирам поквалитетно да можам да го изнаносам
     
  17. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Секогаш одбирам квалитет,ама за жал тоа кај нас ретко го има,да не речам никогаш !
     
  18. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    најпрво кај нас квалитет не постои. Но убаво е да имаш едно добро скапо и квалитетно парче што ќе го комбинираш со се, отколку за тие пари да купиш многу работи кои изгледаат мизерно :)
     
  19. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Преферирам квалитет, но живееме во такво општество каде што квалитетот е реткост :|
     
  20. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    квалитетот на облеката тука скоро го нема.
    се што купуваме скапо и го мислиме за квалитет е фактички квантитет со малце повисок квалитет хахаха :D малце смешно звучи ова што го кажав ама така е :lol: