Според мене денес е тешко да најдеш квалитет, па затоа златна шутка до некаде квалитет(го барам најдобро што можам) а богами таму има и квантитет
Не би можела да одберам. Никогаш не би дала многу пари за блуза, ниту би купила неквалитетни чевли. Едноставно си правам компромис и ги комбинирам едното со другото. За чевли, накит, чанти секогаш би дала повеќе. Ако се квалитетни ќе ги имам со години. За блузи, хулахопки ( ) и сл. работи секогаш гледам да купам што е можно повеќе, пери-носи (и на крај фрли). Така да, во зависност од производот.
Зависи за што. Некогаш квалитетот е нужен не затоа што одредено парче гардероба треба да го носиме подолг временски период, туку затоа што треба да си го заштитиме здравјето. На пример, пред неколку години си купив сандали (ми се чини од Аванти ми беа), кои при една малку подолга прошетка низ градов толку многу ми ги разранија стапалата, што раните не можеа да ми зараснат 2 месеци! Не беа плускавци во прашање, туку цели рани! Не можев да одам нормално 2 недели. На обувки секогаш гледам да не штедам, иако под тоа би се подразбирало да имам помалку пара. Знам некогаш да купам и нешто поефтино, но за среќа некои од тие обувки се покажале удобни и цврсти и покрај цената. Што се однесува до облеката, и тука зависи дали ќе одберам квалитет или квантитет. На пример за градници или купачи не штедам, гледам да се квалитетни бидејќи си имам лошо искуство со пазарски модели. А фармерки, блузи, џемпери, кошули, пантолони и слично, имам купувано буквално од секаде. Не се замарам дали е "брендирано", туку гледам да ми се допаѓа, да е удобно и да е со пристапна цена.
Квалитет.Ќе платам ама да вреди,да знам дека за џабе не сум дала пари.Посебно инвестирам во патики,фармерки,шминка,ташни и палта.