1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Квалитет и безбедност на храната

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Jojoba, 28 октомври 2011.

  1. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Најпрво, не, не е утнато местото на темата, ова не е смерот на Земјоделски факултет во Скопје :D
    Нормално, стандард доколку не поддржува дискусија темава или сепак не е на вистинско место оставам на модераторите да го средат тоа
    Ја отворам темава како продолжение на дикусијата која се разви во темава Вегетеријанство. Јас се изјаснив дека мене лично ми е многу важно да јадам квалитетна храна, иако за жал ни 30% од таа храна што ја јадам не е таква. Колку вас ви е важно и кои заштитни мерки ги користите, почитувате при изборот на храна? Сметате ли дека кај нас, во Македонија, имаме квалитетна храна? Доколку некој сака слободно нека сподели од каде набавува квалитетна храна, се надевам нема да се земе тоа како реклама.
    Па, повелете.
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Kвалитет на храната
    Eпа вака, прво овошјето после седење неколку часа, на собна температура ги губи 60% од витамините
    а при готвење пржење динстање... ехе и те како
    за саламите колбасиците нема да збориме колку се здрави, што све не им ставаат


    Hие учевме за добивање на месни продукти, крвици лигавици масни ткива кожички, крв, абе што не им ставаат
    на виршлите колбасиците, саламите :puke: па пак ги јадеме

    за Mекдонладс па да не зборам, со месо од пред 20 дена прават јадење

    A за селксиве животни, па и не би кажала дека и тие се хранат здраво
    што се не им ставаат во таа помијата

    од некои расипани меса до скапани домати
    ...
     
    На Kaetana и Jojoba им се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Еве, конкретно и околу генетски модифицираната храна. Некаде се сретнав со податок дека за Африка се праќа генетски модифициран ориз со висока концентрација на железо и некои др.минерали кои се сметаат како потребни за неисхранетите луѓе од тие краеви. На почеток и мене пред години кога се појави терминот ГМ во делот на храната ми предизвикуваше аверзија значи, ама набљудувајќи ја паричката од сите страни дури и храна која може да предизвика одреден дисбаланс е на крајот на краиштата подобра од никаква воопшто храна која води до најфатален исход-смрт :worried: . Мене фактот што развиените земји фрлаат со тони храна која не стигнале да ја конзумираат ми предизвикува револт наспроти тоа што толку луѓе умираат од непрехранетост секојдневно, морав да го искажам ова, знам дека се оддалечив од темата.

    Како општи совети за поквалитетно хранење се обавезно детално миење на храната и за конзумирање во свежа состојба и за обработка ова иако општопознато луѓето често јадат и поголеми количини (туѓо најчесто :lol: ) овошје и зеленчук и тоа посебно малку пред овој период од годината и во текот на летото. Понатаму принцип на брзо замрзнување го применуваат некои производители каде не е минат ни половина час од берба до замрзнување (зеленчукот во кеси на некои производители), ако имате сопствено производство добро е држење до овој принцип, јас го применувам :) . И гледајте да ги избегнете сите рефуси од месни преработки колку и да е примамлива цената, периодот на нивна изложеност на таков начин е критичен исто рефус батаци и сл. неколку пати се одмрзнувани и замрзнувани при препакувањето. И внимавајте на роковите изненадувачки е колку луѓе не го запазуваат ова ако нема рок назначен не ја купувајте храната воопшто (некаде ги бришат поминатите рокови со ацетон и ова сум го чула). Ако ми текне уште нешто ќе пишам повторно, :) .
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Чудесија е како денес човекот води тешка борба за пари (опстанок) во која тотално има избегано од некои совесни морални моменти.. .. Знам а и имам и слушано што се не се прави со месото за да се добие квантитет кој што е еквивалентен на пари, секако... овошје кое е трајно повеќе денови, а во реалноста се суши... во поголемите маркети можеме да видиме огромни овошки кои навидум изгледаат сочно и зрело... а во реалноста, истите тие овошки би се исушиле за 2 дена... страшно...

    Може ќе звучам песимистички, но мислам дека денес, нема шанси да се храниме 100% здраво... можеме барем малку да внимаваме и со таа елиминација да достигнеме некаков процент... но тотална здрава исхрана... сметам дека е невозможно.... :|
     
  5. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Ехехее..КОлку многу небезбедни јадења што ги јадете...Колбасици,салами,виршли,паштети,плескавици.. :| :puke:
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Дека јадам квалитетна и здрава храна ќе бидам сигурна само ако сама си ја произведувам, а тоа скоро и да е невозможно. Само тогаш ќе знам сигурно дека овошјето и зеленчукот не ми се прскани, гм, наводнувани со загадена вода итн. Или да имам млеко, млечни и месни производи од нехормонски третиран добиток, нехранет со вештачки додатоци, чуван во природни услови..
    Сепак држам до тоа дека на пазарите може да се купи поздрава, поевтина и поквалитетна храна (овошје и зеленчук), барем сигурно е поздрава во однос на месните и млечните производи низ маркетите за кои станува јасно дека не се квалитетни за нашето здравје пред се, па и не се ни евтини веќе.
    Инаку сметам дека најквалитетното овошје и зеленчук се добива сезонски. Тогаш кога е соодветно време за одредена култура, а да не е одгледувана под фолии, стакленици и сл.
     
  7. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Жалосно е ваква тема да не е активна. Кога не би купувале 7days, nutekNu, milka и други интернационални продукти, поради крајно одбратниот квалитет кај нас, малку би се замислиле еуропјаните со што нѐ хранат.
    Чита ли некој какви емулгатори внесуваме?
     
  8. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Сите производи, фабрички произведени се полни со хемија (посебно колачи, бисквити, грицки, чоколади...).
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Samo domasna hrana od domasni sostojki
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.906
    Допаѓања:
    32.480
    Пол:
    Женски
    Квалитетно е домашно произведеното. Купечките производи се полни со емулгатори. Поскапите производи се подобри, ама не може секој да си дозволи 200 денари за литар сок. Или 100 денари за ржан леб. Цени до плафон. (facepalm)
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.138
    Пол:
    Женски
    Еее ама на кого му кажуваш ти ова?

    Голем дел од нашиов народ вода нема у очи и свесен е на тоа ама пусти комплекси што праат. Си се лажат сами себе сѝ глумејќи дека се на висока нога, притоа задолжени со децении но битно кејфои се тераат.
    И слободно нека си тераат, нема право никој да им кажува.

    Дно дна е коа се обидува да ти проповеда како треба и да ти паметува, мешајќи се у твој џеб. Она што не сака да му се праи, он истото буквално го праи.

    Со таквите само на дрзок и арогантен начин ќе се разбереш пошо не разбираат со убаво.

    Он топик - Денес квалитетна храна која ги задоволува сите стандарди за квалитет не знам баш дали постои.
    Ок еве и да внимаваш скроз на квалитетот, што со надворешните срединските фактори?
    Имаш моќ да влијаеш и на тоа, и да ги промениш, за тебе да не ти влијаат и негативно да ти се одразат? Затоа без многу занесување, умереност во се треба да се има.
     
    Последна измена: 16 април 2024 во 11:24
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.906
    Допаѓања:
    32.480
    Пол:
    Женски
    Овошјето и зеленчукот се прскани. И не се знае со што. Затоа брзо скапуваат. Купуваш сливи и утредента фаќаат мувла. Една особа што ја познавам работеше во една наша млекара. Ми кажуваше како го произведуваат млечните производи. Поарно да не пишувам. Исто и за сувомеснатите.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.