Вечерва играме значаен меч против Ерменија во Скопје и со победа ќе се израмниме на врвот во нашата група за пат на Мундијалот во Катар. Можен состав: Ваши прогнози? Очекуваме победа? #НапредМакедонија #ЗаедноДоПобеда
Ќе биде тешка утакмица несомнено. Ерменија ни станаа најголеми ривали во фудбал последниве години. Колку само утакмици изигравме со нив. Имаат квалитетен тим, со искусни играчи, на чело со Микитаријан. Барсејан ќе им отсуствува. Нас Пандев и Адеми. Во Скопје секогаш сме ги победувале, па одиме и сега на победа. За прво место во група! Јас одам да ги бодрам директно од стадион. Очекувам да биде право шоу со огромна поддршка од публиката. Глас ќе оставиме таму за момците. Напред Македонија!!!
Бевме многу некомплетни во играта, бегаат буквално од топките, при на крај 20 минути почнавме да внесуваме топки во противничкиот шеснаестерец, вака чисто дофрлување едни со други. Елмас беше единствениот коректен и фокусиран на играта, Алиоски расеан, деконцентриран, имаше преубава шанса на крајот, прекрасно ја искористи но нашиот играч ја одбрани. Со ваква игра ништо не правиме со Исланд, само чудно ми е Ерменија со ваква игра да е врвот на табелата, и тие не беа во нивното најдобро издание синоќа. Имавме поголем посед на топка, требаше да се искористи тоа. Како и да е, секогаш го бодриме.
Прво полувреме многу убаво играа. После 2:0 предвреме почнав со славење и не догледав. И сега се чудам нерешено завршило. Требаше до крај да гледам, можеби немаше вака да заврши.
Во второто полувреме во последните 15-20 минути беа ептен летаргични, статични и незаинтересирани во одбраната. Требаше да ја прекинуваат играта со што поголем број на прекршоци и да не им дозволат да креираат шанси за гол. Вака од готово, вересија направија.
Италија ми има најубава химна. Инаку разочарана сум од резултатот, многу пљукаат по селекторот но 2 натпревар му е, сметам дека треба да му се даде време.
Клучен за нашата игра понатака со другите екипи. Сепак Германијa сега има нов селектор и нема да биде исто како во мартот оваа година.
После нашиот втор гол се опуштивме, си мислевме крај е, победивме. Тоа ни беше најголема грешка, која скапо ја плативме. Фудбал се игра 90 минути, не кога фудбалерите ќе си мислат дека имаат убедлива победа.
Македонската фудбалска репрезентација вечерва гостува кај Лихтенштајн, во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Македонија уште е со шанси за место на Мундијалот, но за да останат реални соништата, мора да се победи Лихтенштајн. https://sportmanija.mk/chekame-dese...n-pred-25-godini-broevme-do-rekordni-11-video
Лихтенштајн не е репрезентација за потсенување. Треба да вложат труд во натпреварот исто како против Германија, заслужуваме победа. Барди нема да е на помош, штета, но Адеми се враќа. Само позитивно, нема место за киксови и грешки, до победа.