Крвта ми се следи кога оној Романецот Хаџи, што ни даде гол насм погоди статива сега во 85та минута. Си викам, готово, ова гол е... Сега, се е во наше раце и се надевам ќе влезиме во баражот. Е, понатаму ќе е пеколно тешко да се квалифицираме на Светско, само 3 репрезентации ќе одат од сите 2-ро пласирани. Ама, кога можевме на Европско, зошто не и на Светско? Која бајка би било тоа....
Од денеска само Исланд го признавам како вистински пријател на Македонија Тие ни направија услуга, сега е на нас ред да извлечеме победа за квалификација
Историска шанса денес, ајде да видиме како ќе се покажат. https://www.gol.mk/fudbal/istoriska-shansa-za-mundijalski-barazh-srekjno-momci-makedonci
Време е за нова историја! Димитриевски – С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски – Чурлинов, Барди, Елмас, Ашковски – М. Ристовски, Трајковски. #НапредМакедонија #ЗаедноДоПобеда
Секоја чест за момците, сите изиграа на високо ниво, милина за гледање беа денес. Штета за Елмас што доби наивен жолт картон па нема да може да сметаме на него во баражот. Но, само храбро во баражот, немаме што да изгубиме, со игра како денес можеме само да добиеме.
Која еуфорија беше ова. Аууу... Аууу.... Уште не ми се веруваа. wasntme: Одлична, одлична победа. После падот во играта на почетокот на второ и примениот гол се плашев да не паднеме психички и да не изеде притисокот, ама дигнавме ниво на игра и се вративме за брзо, за на крај точка да ставиме на натпреварот. Криво ми е само што Исланѓаните почнаа ептен грубо да играат после нашиот втор гол, летаа фаули, кечерски зафати за да ги стопираат нашите, па се случија и неколку жолти картони, како и тој на Елмас во сета таа жустрина. Се понатаму ќе биде бонус за мене. Одлично е што стигнавме до тука и ќе играме во бараж за Светско првенство. И тоа без Адеми, без Несторовски, и без Пандев. Овие момци можат многу да постигнат. Има ли уште некој што мисли дека не заслуживме што бевме дел од Европското?
Да не бегам многу од темата Србија-Португалија гледавте? Хрватска и Србија директно се пласираа. И ние да се пласираме, уф, би било јако.
Ги гледав и мило ми е што победија. Ама искрено не се израдував многу (како за европското) зошто и онака е премногу тешко да се пласираме, нешто на рамниште на чудо. Најважното е што покажавме дека неслучајно бевме на европско и дека оваа репрезентација има навистина квалитет и допрва ќе расне. Ќе блесне некогаш со голем резултат во тоа сум сигурна. И конечно ќе мрднеме веќе во тоа шеширите.
Сега Вучко ќе мора да одврзе ќесето за милиончето што го вети. Инаку не навивав за Србија за да не ни се падне Португалија во баражот.
Европскоиот првак.. Ми се исполни желбата за тие 2 адреналински минути иако преку тв, да ги слушнам заедно, "Денес над Македонија" и "Fratelli d'Italia".. уф.