Јас го слушав натпреварот на италијанското радио и коментаторите беа преразочарани, жалче ми падна , инаку од Италија можеше да се очекува дебакл зашто не им е прв пат, мислам дека тешкото следува против Португалија.
Шутирај од таму колку сакашшш. Ауууууууууууу. Како колку сакааааааш! Па што ли беше сега овааа. Делириууум. Бравооооооооооо. Бравоооооооооо момциииии! Браво Трајковски! Браво за цела пожртвуванооост и борба. Ајдеее пак вака во Лисабон следната неделаа, со Елмас и Костадинов во тим можеме на Светско.
Ај честито. Ќе бидам реална: Прво полувреме не гледав Второ накај 55та почнав, од тоа што гледав бевме топ, само не очекував гол у 92ра, ама голот беше европски, онака фино им влезе топчето. Ме изненадија Италијанците, мислев ќе нѐ згазат искрено.Сеа е најбитно да нѐ се испомочаме, и да ја тепаме Португалија. Ние иаме навика, од кога ќе тепаме да се олабавиме, така беше и со ракометот.На среќа влеговме место Чесите, пуздер нѐ напраија..го коментирав тоа еднаш
Покажавме срце и карактер и покрај судијата која изиграваше 12ти играч на Италија. Само напред! Газимее, секоја чест лавови Ајде сега и Роналдо да го расплачеме
Се убија од статуси се пресмеав Инаку премногу ми е убо на душата, да ви опишам неможам што се случваше дома Лудницаааааа
Јас ќе бидам расипувач на забави, карајте ме колку сакате. Океј е, оваа е навистина успех за нас. Самото тоа што сме на квалификации за СП, па и да ја победиме Италија иако веќе бевме исклучени од сите. Ама реално, прерано ми е за вакво славење. Да не биде после, добиена битка, загубена војна. Не знам што ми е, обично не сум негативец.