Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Квалификации за СП 2022

Дискусија во 'Спорт' започната од Reina.Gitana, 2 септември 2021.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.867
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Машки
    Историјата е испишана !

    Бидете среќни, една мала земја елиминира фудбалска сила. Можеби италијаните се изнаиграа, излегоја со силен состав, го сменале нивниот стил на игра, нема повеќе катанаџо, го имаат поседот на топка, не само против Македонија и на европското го играа истиот стил. Се изнашутираа, комбинираа, додава, имаа целосно точни додавања но немаа среќа. Ние го применивме нивниот поранешен стил на игра, катанаџото и реално не можеме да играме поинаку против репрезентации кои се на врвно ниво.

    Без разлика како и што, важно успеавме и бидете горди на тоа! Јас ќе бев презадоволен ако завршеше и нерешено во регуларни 90мин, но ова е веќе е лудо, уште не можам да поверувам дека ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН падна на колена.
    Ќе ми фали нивната химна на СП една од најубавите, ама горди ќе бидеме ако ја пееме нашата!

    Правилото гласи:
    "Фудбалот е игра во која играат 22 играчи 90 минути, топката е округла ама на крајот секогаш победуваат германците, ама сеа германците не се битни хахахахах, овај пат МАКЕДОНИЈА ПОБЕДИ! :l:
     
    На Monny05, Adi888, Fantasy33 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    2.467
    Пол:
    Женски
    Пропуст? :D
    Од 32 обиди да не постигнат гол? Колку одбрани имаа? И колку посед на топка?

    Ги слушав коментаторите од СК1, баш искоментираа дека се многу сплотени, играат како една целина. И мислам дека тоа беше клучно во одбраната. А и Столе колку само одбрани имаше. Се на се, според мене, одличен натпревар, па и тензичен за нас :D
     
    На Monny05, Anie93, Adi888 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.960
    Допаѓања:
    219.337
    Пол:
    Женски
    Коментарите се следните: срам за италија, се гледа колку заслужува да биде европски првак, нека си седат дома еве колку се способни, вратете назад парите што ви ги дадоа не ги заслужувате, сега ова ми текна од коментари.
    У целина еве ја правата слика на нашата италија, како у стил еве свету колку не бива, си ја плукаат државичката на големо од бес :)

    читав дека дали тоа манчини е пред давање отказ ради Македонија?!!
    :?::devil:
     
    На sunshinebabe, Bratot, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.960
    Допаѓања:
    219.337
    Пол:
    Женски
    Јас сум одговорниот, патам многу
    |-)
    :lol:македонија ќе успее да го испрати манчини дома, ариведерчи. :nod:
    91478EBB-B1B5-4B0A-9884-468CBD942141.png
     
    На sunshinebabe, Bratot, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Имаше два жолти картони, ама сега ќе игра во финалето :party:

    И дали сношти се радував? Плачев од среќа :D
    Не можам да опишам колку ми е убаво на душава :inlove:
     
    На Anie93, sia.bella, sunshinebabe и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.538
    Пол:
    Женски
    Играа со истата постава со која го освоија европското првенство.

    Малку не' потценија, тренерот особено, ама за тоа беа казнети.
     
    На Anie93, cresa-jagoda, нина122 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.272
    Допаѓања:
    12.290
    Пол:
    Машки
    Муабетов шо би било, ако би било… :smirk:
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Муабетот е како Taylor Swift да ти се пушта и да те мува во некој кафич у Лос Анџелес, а твој другар да те дрка од страна „абе, друже поднапиена беше малку, па затоа те муваше“.

    Не го гледав целиот натпревар, но од снимки видов дека бевме многу уплашени прво полувреме. Тремата и притисокот ги убија, но во второ полувреме дојдоа при себе. Животот не е само стратегија, туку и среќа, момент, храброст.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Зошто да не славиме? Јас се осеќам ко да освоивме СВЕТСКО. Ги победивме европските шампиони во Италија! На домашен терен! Азурите немаат до сега изгубено натпревар дома! Први сме што го направија тоа! Вчера испишавме историја, илјадници италијанци останаа занемети на стадионот во Палермо. Знаете кои играчи ги има Италија? Доколу имате гледано европско или натпревар- два, од серие А лигата, ќе знаете дека имаат предобри играчи. И тоа е факт. Играа со најдобриот стартен состав.

    Сите очекуваа премногу од нив, имаа преголем притисок за да победат, а не им одеше. Дури мислам, дека во второ полувреме, не ни знаеа накај терат. Фаворитите за победа.. Европските шампиони, не се ни квалификуваа за светско.:D
    Ја тепаш Англија во финале на европско, а губеш од Македонија во квалификации за светско.:rofl:
    А ние, отидовме со советот од Милевски "уживајте во натпреварот". Токму и тоа го направија нашите. Уживаа во секоја минута.

    Од 70% посед на топка на италијанците, 30 обиди кон нашиот гол, не постигнаа ниту еден. Ова ако не е за срамење, не знам што е. Ја доминираш цела утакмица, напаѓаш цело време и на крај пораз.

    Не знам што да кажам за Столе. Занемена бев од тоа какви топки одбрани човекот. Пожртвуваноста на нашите.. Во 80-та минута си викав: еј, добро е што догуравме со 0-0 до сега. И ова е голем успех. Ама изразот на италијанските играчи, Манчини и италијанците, кога го дадовме голот..Priceless. :inlove: Е ова е Македонија, која игра со срце на терен! Отидовме како последни фаворити, од сите земји кои играа вчера и го замолкнавме цел свет.:inlove:

    Без разлика што ќе направат со Португалија, им благодарам за паничните напади од среќа, вчера што ги имав. Плачев од среќа и шок.:D Ми требаше време да си дојдам на себе.:rofl: Е.. Што ти прае фудбалот.:D

    На Италија- позната по фудбалот, вчера им беше одржана лекција, од една мала земја која игра со срце.:l: Не е важно какви квалитетни играчи имаш, доколку не играт со љубов за својата земја.
     
    На Mencia, Monny05, Anie93 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.254
    Пол:
    Женски
    Italy : 1st home loss in a World Cup qualifier ( unbeaten in previous 59 home WCQ matches ) :o

    па за радување е малку повеќе
     
    На Feminka22, Anie93, Srckata28 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Никогаш не ги заборавајте зборовите на Владо Илиевски: „ Леле, леле, луѓе што направивме! Македонијо, радувај се!“

    Сите генерали после војна. Победивме репрезентација која вреди милијарди долари на пазарот, пред нивна публика, светска сила во фудбалот, со една од најдобрите лиги во светот.

    Уживајте малку во ова сивило. Опуштете се без додатни глупи анализи.
     
    На Feminka22, Anie93 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Имаме ли шанси против Португалија,што мислите?
     
  13. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Секогаш има шанси во животот. Вчера беше типичен пример за тоа, но Португалија, после тоа што се случи вчера, ќе игра многу претпазливо и ќе удри со сите сили. Нема да не потценуваат, но кога Србија ги победи на нивен терен, зошто не и ние?

    Само народов кај нас не треба да се трипа дека сме Аргентина или Франција во фудбал, па да им врши ненормален притисок на фудбалерите. И, ова што го постигнаа е огромен успех.
     
    На Monny05, vitamina, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    12.511
    Пол:
    Женски
    Ама организиран дочек беше ова, ни 'о' од организиран дочек немаше..
     
  15. Poyraz Karayel

    Poyraz Karayel Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2018
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Машки
    Имаме ко јас против Стеф Кари еден на еден у баскет :muscle:
     
  16. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Така викаа и за Италија.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Сте отвориле 10000000 теми, незнае човек каде да коментира.
    Сум ја пропуштила журката, незнаев дека е тука. :|
    Лута сум ви. :envy:
    Следен пат барем тагнете ме. :!:

    Инаку пишував еднаш дека оваа репрезентација допрва ќе остварува големи резултати, пласманот на Европското беше само дел од еден голем процес од некој огромен успех се надевам.

    Сите што ги следите со години знаете дека ова не е случајно, тие растат со години.
    Германија не ја Победивме случајно, да тие се паднати малку и имаат смена на генерација, а пак на тоа и претходеше и онаа реми со Италија 2:2 ако се сеќавате кога тогаш игравме феноменално дури и подобро од нив.
    Горе долу во основата се истите момци, пред се од онаа младинска генерација што прва се пласираше на едно ЕП, потоа се беше само надградба. :clap:

    Вчера си помислив добро е барем да издржат до пеналите, бидејќи реално негледав начин како би дале гол.
    Другото реално, катастрофа натпревар што би се рекло тиња,тешко за гледање.
    Немавме никаква идеја, а тие само напаѓаа. Искрено благодарение на Столе се извлековме и издржавме,какви само неколку киксови имаше во одбраната :worried:
    Инаку, Столе најмногу има напреднато од сите од и пред ЕП и продолжува, мајко мила кога ќе се сетам какви киксови имаше на почетокот во репрезентацијата (facepalm).

    Ај да не филозофирам, имам чувство дека и Португалија ќе ја победиме, во налет се нашиве но и цврсти на земја што многу ми се допаѓа.

    Многу е строг Боби баш сакам да го видам како се радува:P

    И слободно радувате се, секој што следи спорт а посебно фудбал знае колкав успех е ова. Мислев дека никогаш нема да доживеам да дојдеме во ваква ситуација.
    Ама чуда се случуваат само ако цврсто веруваш во нив. (fingers)
    Тоа е магијата на спортот. :l:
     
    Последна измена: 25 март 2022
    На sunshinebabe, Monny05, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.960
    Допаѓања:
    219.337
    Пол:
    Женски
  19. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    На Feminka22 и vitamina им се допаѓа ова.
  20. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Кога пробуваш да бидеш интересен. |(
    Колку помангуски ќе беше истово да го напишат ффм, а не претседателот на државата... Screenshot_20220325_212224.jpg


    :D:D Screenshot_20220325_212242.jpg



    А што очекуваше, гушки и бацки..
    Си имаат протоколи од Фифа што несмеат да ги прекршат инаку ќе бидат санкционирани, забранет е секаков контакт со надворешни организирани групи.
     
    Последна измена: 25 март 2022
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.