1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Квантико (Quantico) [2015]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од teddi, 24 јануари 2016.

  1. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Квантико е американска трилер серија чија премиера е на 27 Сепрември 2015 на ABC каналот.Протагонистот на серијата е Алекс Периш која е осомничена за терористички напад.Во серијата е прикажано што се случува во сегашноста но исто така преку ретроспективи ја раскажува приказната за време на тренирањето со нејзините колеги регрути во Академијата на ФБИ во Квантико.Потрагата по терористот скриен помеѓу ФБИ агентите и откривање на заговорот против Алекс и не е толку лесно поради голем број на мрачни тајни кои се кријат помеѓу нив.Во главните улоги се: Пријанка Чопра во улогата на Алекс,Џош Хопкинс,Џејк Меклафлин како Рајан(специјален агент а воедно и љубовен интерес на Алекс)

    Досега има само 1 сезона и 11 епизоди а следната епизода ќе биде емитувана на 6 март.
    Мене ми се допаѓа серијава дефинитивно ме остава во неизвесност со тоа кој е терористот и псотојано се случуваат некои нови работи кои барем јас не ги очекувам.

    Кои се вашите мислења?
     
    На scorpias, papillonP, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  2. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Јас ги изгледав, чекам продолжение :)
    Брзо дејствие има серијата и тоа ми се допаѓа, башка кастингот е симпатичен :)
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Ја симнав цела сезона, ама изгледав 2-3 епизоди само, некако досадна ми беше. Scandal ќе ти се допадне ако сакаш вакви серии.
     
  4. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    Пред два дена почнав да ја гледам и ми се чини интересна, засега само 3 епидози сум изгледала, вечер сигурно ќе седнам да ја гледам 4-та епизода.
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    Да се самоцитирам сношти од 4-та до последно излезана епизода гледав, толку се увлеков што додека не ги изгледам сите можни излезени серии не можев да го оставам лап топот. И сега чекам наредна епизода на 6 март излегува.
    п.с. Дај кажете други серијали за гледање писсссс :(
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Ја следи уште некој серијава?
    Што мислите, кој е терористот? :)
     
  7. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Според мене е Лијам уште од првата епизода ми бодеше очи ич не го сакам како лик
    Како што се ипостави во претпоследната епизода тој е терористот
     
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Многу јака серија!
    Последната епизода тотално ме изненади не знам зошто.
    Не го сметав Лиам за способен да изврши толку комплицирани дејствија. Онака ми беше mess човекот, не ни го претпоставив. Мислев цело време дека е Рајан. Не знам зошто. Веројатно бидејќи најмалку сакав да биди хаха. И си реков веројатно тој ќе биди за да е поголемо изненадувањето. Ама и вака испадна интересно. Пријанка е лепотица!!! Многу е лична.
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не знам кој е терористот, ама оваа Алекс кога ја гледам лиги ми течат. :D:smirk:
     
  10. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Последната епизода не ме изненади многу освен фактот дека Сајмон умре ;(;( Лијам воопшто не го сакав така да и сакав он да биде терористот .Дефинитивно Сајмон беше колатерална штета како лик не го сакав на почетокот но на некој начин толку се приврзав за него како добра пријател и секогаш беше тука за Алекс, не оспорувам дека некои од неговите одлуки се погрешни ама реално ептен во срце ме погоди неговата смрт.За другите ликови немам посебни мислење ми падна камен од срце што Кејлеб не е терористот.Па за следната сезона се спремам иако немам поим во која насока ќе оди ама мсилам дека ќе биде поврзано со Сенаторката Haas
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.733
    Пол:
    Женски
    Абе ми се изгуби серијата некако...во кој термин,мислам во кој саат ја даваат?
    Таман се загледав заборајв кое време ја даваа...
    м?
    [​IMG]
     
  12. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    Вторник 22:55
    Среда 15:20, 22:55
    Четврток 15:20, 22:55
    Петок 15:20


     
  13. Alena-R

    Alena-R Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Spoiler alert....

    Ја изгледав сезоната за рок од 2 дена,многу ми е жал за сајмон ;( амаааа се заљубив во кејлаб:l:
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Да се пријавам и јас дека ја гледам :)))Алекс е бомба значи , ептен ми е згодна и убава.. А Кејлеб па, некако гласот му го обожавам :l:
     
  15. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Јас ја изгледав кога ја даваа на фокс, на почетокот ми се виде интересна ама после ептен ги искомплицираа работите и ми стана многу досадна.
    Мислев дека терористот ќе го откријат негде на пола сезона, а тоа цела сезона ја влечеа со една иста приказна. Веќе ми стана предвидлива на крајот, нити ме изненади крајот, баш тоа и го очекував.
    Пријанка Чопра како актерка е преубава, презгодна ама како Алекс, ми беше малку очајна глумата. Не знам дали самите продуценти сакале да ја претстават така, како цврста девојка однадвор, а лигава и фрагилна од внатре, ама како лик не ми беше ништо посебно. Всушност кога ќе почнам некоја серија одма има некој лик што ми фаќа око, ми станува омилен, а тука никако не можев да се поврзан со некој од ликовиве.
    Шелби ми идеше на нерви, разгалено, лигаво суштество што не знае што сака. Кејлеб како нејзин потрчко, Рајан како кученце на Алекс, овие близначкиве Рејна ми беше океј, ама Нима најодвратен лик ми е. Брзоплета, глупава да не кажам, јас таа оддамна би ја исфрлила од академијата. Единствено Сајмон ми беше најокеј.
    А како приказна, за Квантико, многу површно ми беа разработени работите, почнати,недовршени.
    И она што ми падна најсмешно, се случува терористички напад на сред Њујорк и главни агенти назначени за истрагата се токму они, прва година, само што излегоа од обука некој нив ќе ги стаи одговорни.
    Генерално е една од полошите крими серии што сум ги гледала и тешко дека ќе ја гледам втора сезона.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. PrettyDramaQueen

    PrettyDramaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    4.192
    Пол:
    Женски
    Ја гледа ли некој новава сезона?
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    планирав ама некако немам време како што гледам има подобри reviews од првата сезона :)
     
    На leona83, PrettyDramaQueen и biGirl им се допаѓа ова.
  18. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Jasss :D
     
    На PrettyDramaQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Sto se odnesuva do spojlerot i jas ne prwtpostavuva deka e on kd istata pricina ne izglease sposoben ...ama kako i da se potvrdi deka e psihopat
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Да баш. Изгледаше ко да не знае кај му е главата, а на крај испадна дека е способен да испланира такви дејствија. Новите епизоди се јаки!