1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Квантитет наместо квалитет во образованието

Дискусија во 'Образование' започната од Lolipop23, 20 јуни 2010.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Напишав во една тема дека не е убаво што така лесно никнуваат факултети во сите градови од кои повеќето за ништо не вредат и веднаш имаше многу негативни коментари. Па ајде да продискутираме малку повеќе на таа тема.
    Оваа година и изминатава 85% од средношколците се запишале на факултет. Воведоа матура божем да се направи некаква селекција на подобриот кадар меѓутоа на крајот во трети уписен рок и тие со завршен испит се запишаа на факултет. Владата место да се ориентира кон создавање нови работни места каде ќе се вработат веќе дипломираните, кон создавање и подржување на бизнис проекти и други инвестиции таа во рок од 3-4 години, отвори факултети речиси во секој град во земјава под паролата ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ. Знаете ли зошто го прави тоа? Затоа што за да се запишеш на факултет треба да си платиш. Па како инаку тие би го наполниле буџетот. Ако таа сака да им помогне на оние ученици кои имаат капацитет, а немаат доволно средства да студираат на страна, можела да го направи на многу други начини, на пример да им го плати престојот во студентски или пак да ги поштеди од плаќање партиципација...
    Зборот ми беше друго... Се видов со сосетката моја 1 година е помала од мене, ја спремав полани математика за матура. Мака мачев дури да и објаснам како се собираат позитивни и негативни броеви, а гимназија имаше завршено. Сега ми вели сите и биле 8 и 9 на факултет. Не сакам да кажувам кој факултет и каде бидејќи овде секој од малку се навредува.
    Јас студирам биохемија. Кај нас дојдоа повеќето што завршиле средно медицинско. Ако ви се верува 30% од нив незнаат имиња на 3 киселини да напишат. Ама ги гледам се протуркуваат некако, нешто на препис, па ќе презапишат и ако не за 4 за 5-6 години ќе го завршат факултетот. И да, и тие ќе добијат ДИПЛОМА.
    Велите во другите држави има факултет во секој град. Тоа е вистина, меѓутоа таму средношколците ги селектираат кој е за на факултет, а кој не е. И кога ќе завршиш имаш загарантирано вработување или доколку не се случи тоа државата ти плаќа надоместок додека да најдеш работа.
    Машински факултет имаше во Битола и Скопје, а сега и во Виница отворија. Годишно во просек 500 студенти дипломираат. Кажете ми колку фирми има во државата на кои им треба кадар од машински инженери. Се бројат на прсти, нели? А да не зборам за правниците и економистите и оние од општествените науки. И што е најжално меѓу нив има луѓе со непроценливи способности и интелигенција кои ги мерат улиците само затоа што немаат некој кој би им фатил врски, богати родители или пак партиска книшка... проценети како не доволно квалификувани на конкурси за работни места кои уште пред да се објават се зафатени ( од некои чии татковци им ја купиле димломата) Трагично!!! :puke: :puke:
    Suma sumarum Македонија го упропасти единственото нешто по што беше препознатлива: Квалитетен образовен систем.
     
    На Hipster, veronikaveronika, The-Queen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. PetraPanka

    PetraPanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    4


    VO CELOST SE SOGLASUVAM SO TEBE , TEZINATA STO JA IMASE FAKULTETOT KAKO INSTITUCIJA VO CELOST ISCEZNA , DENES FAKULTET E ISTO KAKO DA SI ZAVRSIL 8 ODD , A MAGISTARSKITE SE KAKO DA IMAS SREDNO ...

    HAOS NASTANA , VOOPSTO NE SE SREDENI NITI SO PREDAVANJA NITI SO ISPITI NITI SO PROSTORII .

    SEGA SO OVA SE ZAPISUVAAT 95 POSTO SREDNOSKOLCI A SO TOA SE NAMALUVA I NEVRABOTENOSTA , TIE IMAAT STATUS NA UCENICI A NE NA NEVRABOTENI KAKO STO BI BILO PRETHODNO .

    VISTINA E UBAVO STO IM SE OVOZMOZI I NA POSIROMASNITE DA STUDIRAAT , ZASTO REALNO KIRIL I METODI BESE MONOPOL , MEGUTOA SETO TOA TREBASE DA IMA SMISLA , DA IMAAT KRITERIUMI , A NE DA GI POVIKUVAAT I BABI I DEDOVCI DA SE ZAPISAT NA FAKULTET ZA DA SE POPOLNI KVOTATA ... :x :x :x

    MEGUTOA OVA E SE POLITIKA , SEKOJ VRABOTEN NA NOVITE FAKULTETI E GLASACKO TELO ... ZNACI ...

    POZDRAV DO TEBE
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Убаво мислење, Лолипоп. Точно.
    Трагичната вистина е што покрај мене (која го завршив средното со највисок одличен успех), на истиот факултет ќе се запише и некој кој едвај протуркувал година и чии резултати не можат да се споредат со моите. Факултетот кога-тогаш ќе го заврши и после (благодарение на погореспоменатите „фактори“) ќе ми го земе работното место по струка, а јас ќе работам како келнерка или во бутик (со завршен факултет) за да можам да се закрпам.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Браво за темава :clap:

    Пред некој ден зборувавме со другарка ми како денеска секој е на факултет и да е потрагедија - секој ќе заврши факултет. И слепо и сакато - се запишува на факултет. Излегува дека сме ултра паметна нација, секој на крај има диплома со високо образование.
    Нека се лути кој колку сака, според мене не е секој за на факултет и точка!

    Јас сум последната генерација по старата програма. Поубаво - здравје. Си бираш факултет, си имаш месец дена на располагање после прославата на матура да се решиш кои два предмети ќе ги спремаш, си одиш и си полагаш приемни како човек. Нека ти се оценките и сите 5ки, слабо ли ги помина приемните, отиде јабана. Што беше сосема на место.

    Повеќе пати пробаа да ми објаснат како функционира држ. матура. Јас сум веројатно глупава, не сфаќам зошто го направија тој систем, од едноставно и функционално, направија да е сложено и непрактично. Нејсе.

    Зборот ми е за ЕКТС системот на образование. Добро, каква е таа глупост? Малтене повторно сме во средно. Сега ќе собирам поени од присутност, сега од редовност. Сега ќе направам семинарска. Па домашна. Па презентација. Па ќе полагаме колоквиуми. Па на некои факултети, поправен на колоквоумот ако си паднал. Па некаде има - и поправен на првиот поправен! :^) Па слушаш по ходници - Лилеееее професорке како 9-ка, ај ќе направам уште една семинарска за десетка. Ко на пазар. Мизерија.

    Ние немавме колоквиуми. Ретко кој испит можеше да се земе преку колоквиум и тоа најмногу до два. Цела година си одиш на предавање, ако ти се сака и ако ти се може. Ако не - кого го боли уво, зашто се викаш студент. Твој избор. Во јуни си одиш директно на испит. Може не било сјајно, ама ДА - тоа е вистински испит и тоа е поентата на факултетот. Оди и покажи што знаеш на цел материјал, а не 16 пати да полагаш по 40 странички за еден еб*н предмет.

    Ме иритира нашето образование, не го сметам повеќе ниту за квалитетно, ниту пак во квантитетот е како што беше.
    Секоја чест за некои факултети, ни најмалку не е лесно, макар и по ЕКТС. Студентите се мачат, ама се знае каде - на медицина, на архитектура, на електро. Се' друго бара под итно строга селекција.

    Ќе кажете - секој има право на шанса. Не, нема. Не знам што е најпаметно - психо тест или тест за интелигенција да се полага, па дури потоа испити за упис, зашто со оглед на тоа какви имаше во мојата група, кои се' завршија, а утре ќе дојде ред да предаваат на моите и вашите деца - размислете два пати пред да кажете - секој има право да се запише на факултет.
     
    На The-Queen и BoaVista им се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Се што пиша Трендафилка е ТОЧНО. ЕКТС системот и тоа како заеба работа. Инаку Лолипоп спомна дека сме ја нападнале за некоја тема каде што се спомнати факултетите во малите градови. Јас пишав таму, ама ако добро сфативте, јас сум да има секаде факултети, ама граници колку можат да се запишат студенти. Инаку планот на нашиве власти за образована младина пропадна, сега младината е со дипломи ама без тронка знаење. Се претера со секој еден на факс, исти резултати секаде, поени горе долу, па на крај ќе не стават сите во ист кош и на крај потенцијалната работа нема да ја добие некој кој заслужил, туку некоја татина маза, која на факс идела само за да се дружи со колегите. Бројна генерација, ама малоумни умови. Е па затоа нема континуитет на полагањето, проф се вообразија и се повеќе си бараат мито, уште малку и бабите ќе се замислат за да запишат на факултет.
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.751
    Веројатно мора да се помине низ ова. Квантитетот раѓал квалитет, па останува да почекаме да видиме. Ама првите генерации секогаш одат јабана...
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.954
    Допаѓања:
    198.634
    Пол:
    Женски
    Можеби навистина квантитетот раѓа квалитет, ама ќе почекаме да видиме дали е навистина така. Забележав дека многу опадна квалитетот на образованието и образовниот систем кај нас, особено откако се воведе тој кредит-трансфер систем, но и откако почнаа да никнуваат факултети на сите страни. Не зборам само за овие од државните универзитети, туку и за приватните. А во принцип, кредит трансфер системот и не е лош, само кај нас нема услови за негово спроведување. Кај нас е лошото тоа што прво се донесуваат закони и одлуки, а дури потоа се создаваат условите за нивно спроведување. Сметам дека би требало да биде обратно. Значи прво да има услови, а после да се донесат законите и да се спроведуваат.
     
  8. zverka

    zverka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    31
    Точно така образованието стана с***Е. Што ако завршиме магистратури имаме ли некоја иднина и перспектива ништоо!!!, само се отвараат нови факултети се запишува секој А НАЈМИЗЕРНОТО Е ШТО НЕМААТ НИКАКВИ УСЛОВИ ОБЕЗБЕДЕНО МЕДИЦИНА ВО ТЕКСТИЛНО ВЕЖБИ НЕМА ТАЈ КВАЛИТЕТ се знаеше СкопјЕ и ништо друго не ценам.ПОЗЗ
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Во право си за се што кажа,тие студенти што се најдобри,што сами се туркаат за да успеваат во животот,што немаат дебела потпора,јаки врски почнувајки од роднинските врски кои најчесто завршуваат успешно благодарение на моќта,парите итн.,секогаш потешко им оди во животот,затоа што се препуштени сами на себе, на своето знаење,а за да успеат мора сами со свои сили да се борат,за разлика од други кои студиите ги завршуваат со помош на мама,тато,вујко,чичко итн.Па не за друго,истите тие кои завршиле со врска,покрај тоа што за испит учат на памет,нормално кога ќе се појават на испит се знаат,а кога ќе ги прашаш после некое време што учеле,појма немаат,заборавиле,па кај што појма немаат,уште се чаталат.Сум била сведок на таква ситуација за време на испит,каде професорот ( кој е во роднинска врска со студентот )го омаловажува студентот пред другите,велејки му дека многу добро знае, колку и дали знае студентот.Меѓутоа не е само да го поминеш факултетот со јаки врски,треба и од тоа што си учел да имаш нешто во главата,а не да знаеш се на испит,а после кога ќе те прашаат појма да немаш,да незнаеш што да одговориш.Како може да си учел,а да не памтиш што си учел? Познавам и луѓе кои тотална врска немаат,кои незнаат,а сепак завршуваат факултет,со дипломата во раце,само кога би немало врски,тогаш ќе се види кој,колку знае.Само кај нас тука тоа е просто невозможно,затоа што целата држава е на база на врски,корупција,тоа е со години,а можеби и којзнае до кога ќе биде така,не е како што е во странство каде има ред,не дека и таму нема врски,можеби има,ама тоа не е толку нагласено,како кај нас,кај нас е општ хаос,безредие.
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Со тоа што во секоја барака отворија факултет им е голем минус. Освен тоа што се нема ни технички ни просторни услови, професорите доаѓаат и за 2 саати им ја предаваат цела книга и си заминуваат и немаат ни вежби ни ништо . После тие студенти полагаат испит кој сите што се на дисперзираните студии го поминуваат со 8ци или 9ки, а студентите од Скопје паѓаат и им останува за јунска сесија или некои се влечкаат со истиот предмет со години. И каков кадар ќе излезе од таквите студии??? Имам другар на дисперзирани студии и знам дека одвај го помина средното, а сега економски факултет му оди најдобро :o
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Се додека политиката меша прсти во образованието , нема леб за нас што немаме грб. не за џабе се рекло, ако вујко ми е владика , јас ке бидам поп :devil:
     
  12. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Квалитетот во образованието е пред изумирање.

    Баш пред некој ден слушнав за една познаничка:
    Паднала англиски матура и со училишна матура се запишала на Англиски јазик и книжевност во Штип!

    Студенти со училишна матура на медицински факултет во Штип и тоа во државна квота!

    Дајте бе барем такви работи не, или работата е само да се наполни буџетот, да се запишуваат студенти... |( :tmi:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    ЕЕЕ, а едно време знаевме да кажеме дека Американците биле дебилна нација, ние сме биле најпаметни, најобразовани и што уште не!
    Е па, како не сме биле најпаметни кога сите средношколци завршуваат факултет, средното е задолжително, а и основното чинам го направија 9 години!
    Еве го моето видување на образовниот систем-секоја чест на исклучоците.
    Да почнеме од воспитувачките и учителките. Завршуваат убрзан курс на Педагошката Академија, фаќаат врски(партиски задолжително) и стануваат пример за децата. Кога ке ја видам учителката на внук ми, 100 % тврдам дека детево( има 10 години) е со поголем коефициент на интелигенција. Ама ај...
    Средно-мислам дека овде сеуште има некој квалитет-кој ерудира поради фактот што средното стана задолжително. Моја пријателка е професорка во едно скопска мултиетничка гимназија каде се запишуваат учениците со послаб успех. И покрај тоа што децата не знаат ни да читаат и пишуваат како што треба, има директива дека сите МОРА да поминат со најмалку оцена 3. Дудуци се-ми раскажува учителкава, ама ако сакам да работам мора да ги пуштам сите :^) !
    И најголем дел од тие деца се запишуваат и завршуваат факултет, а паметните студенти се губат во толпата.
    За факултетите-не коментирам- сите станаа магистри и доктори на науки. Брејј колку сме паметни!
    Само криво ми е за децата што стварно учат за после да бидат ставени во истиот кош со сите останати! И ако немаат врски-ке седат по дома или ке работат во некој локален маркет.
    Искрено-во нашиов случај се сомневам дека квантитетот ке доведе до квалитет! Како бре во ниту една развиена држава не се случува ваква ерупција на факутетлии туку само во нашава БАНАНА! Ах, да па ние сме најпаметните бре!