Тука пишете се што знаете за квантната физика...Јас ќе споделам некои податоци со вас.Квантната физика е дел од физиката што ги изучува атомите и како тие се однесуваат.Атомите се однесуваат поинаку кога се набљудувани отколку кога не се набљудувани.Можеби некој нема да верува во ова но ние со нашите мисли го создаваме светот и работите околу нас.Мислата е најмоќниот извор на енергија но ние сеуште не знаеме како да ја употребиме.Некои луѓе не веруваат во квантната физика и за научниците кои се занимаваат со квантната физика мислат дека не се нормални , но според мене ова е реалност.Квантната физика е полна со тајни и мистерии но некои од нив се откриени....Дали вие верувате во ова поле од науката или не и зошто??? Ако не верувате......... ВЕРУВАЈТЕ..
Се согласувам со тебе дека со нашите мисли ние всушност го создаваме светот,всушност се,само што не сме свесни колку голема моќ има мислата,колку содржи енергија,затоа што сепак ние сме тело и дух,тоа што мислиме,зборуваме,се е на база на енергија,зато и се случува појава на болести кои не се секогаш предизвикани од храна,туку голем удел има и стресот.Сето тоа го кажувам затоа што бидејки нервозата и сите други емотивни состојби кај човекот се енергија,па и самата нервоза преминува/се трансфоримира во болест,затоа и често докторите викаат помалку нервоза,па ако е возможно и ич да не се нервира човек.Меѓутоа самата мисла или збор имаат многу големо влијание,зошто пример кога некој човек ке навреди некого,после тоа последицата од навредата е гнев,омраза итн.Па кога ке се земе во предвид сето тоа,а и дека што и да збориме,мислиме,тоа го насочуваме кон другите или кон самите себе си,во зависнот од критиката,правиме една невидлива размена на мислења,не спомнувам зборови затоа што сепак тоа го изговараме јавно.Имам прочитано нешто за квантната физика,не гледам зошто некој би сметал дека луѓето што се занимаваат со тоа,ги сметаат за ненормални да речам,тие откриваат нешто ново,а истовремено овозможуваат човекот да има поголеми гледишта за животот.Сепак незнам баш многу во однос на квантната физика,но во врска со мислата и нејзиниот ефект,го кажав своето мислење и верувам во таа наука,во тоа што се открива,секако и во моќта на мислата.
Многу сакам физика, инаку квантна физика не ми е баш најомилен дел од сето тоа, и самите професори кажуваат теоријата е пообемна, задачите-БОЗА! Јас преферирам струја
Баш сега учиме за квантна фиизка.. Не ми е баш многу интересна, ама не е тешка. Па верувам во квантнтана физика, зошто да не ? Штом некој тоа го напишал, и штом треба да го научиме - значи дека сепак постои, не мора да значи дека се е вистина, меѓутоа поголемиот дел - да
Прекрасна тема, за жал не е активна! Зошто? Ајде да споделиме мислења, ставови, искуства! Квантната физика се занимава со двосмисленоста во физичкиот свет. Состојбата на една честичка, нејзината енергија и локација – сите тие се несигурни и треба да се пресметаат во однос на веројатноста. Квантната когниција е она што се случува кога луѓето треба ментално да се справат со двосмисленоста. На пример, понекогаш не сме сигурни како се чувствуваме или што сакаме за вечера и мора веднаш да смислиме одговор. Тоа е квантна когниција, која кога се користи за да се опише нашиот несигурен ум е прилично интуитивна.Нејзините нови теоретски пристапи кон психологијата сугерираат дека размислувањето на квантен начин, односно начин кој не ги следи конвенционалните пристапи засновани на класичната теорија на веројатност, им овозможуваат на луѓето да донесуваат важни одлуки кога се несигурни и да се соочуваат со сложени прашања и покрај ограничените ментални ресурси Мислата е најмоќното оружје кое го поседуваме. Навистина е првиот и најзначаен извор на енергија!! И во библијата се вели - прво беше мислата! Сите ние и се што го сочинува светот кој го знаеме, нашиот универзум, е само еден сихронизиран огромен систем на вибрирачка енергија која тие вибрации ги добива и возвраќа од еден и единствен извор - мислата! Каква енергија испраќаме, таква и ќе добиеме! Тоа е факт, непобивен факт!!! Тековно ја читам книгата Тајната, Законот на привлекување, и сум под импресии, и само уште попоткрепени одговори дека тоа што го мислиме, тоа го привлекуваме. Ја препорачувам на сите! .