1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Квиз Арена - Тв Алфа

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од borjan4eto, 31 јули 2016.

  1. borjan4eto

    borjan4eto Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    305
    Недела од 21 до 22 часот на Тв Алфа, во моментов игра квизот.
    [​IMG]
    Арена

    „Арена“ е забавна за гледачите, за публиката и секако, забавна и за натпреварувачите. Квизот вклучува пет игри во секоја емисија, а на крајот има предизвик од публика, кога победникот игра против еден случајно избран натпреварувач од публиката, што се бори да му ги земе парите на натпреварувачот.

    [​IMG]
    Недела, во 21:00 часот

    Алфа телевизија го отпочнува емитувањето на квизот на знаење – Арена. Форматот на квизот е автентичен, оригинален концепт, и претставува успешна интеракција од повеќе вештини како што се знаење, брзина, логично размислување и комуникација.

    Еднаш неделно четворица натпреварувачи ќе се соочат меѓу себе за вредни награди, а најдобриот се стекнува со шанса успехот да го повтори во наредната емисија.

    „Арена“ е забавна за гледачите, за публиката и секако, забавна и за натпреварувачите. Квизот вклучува пет игри во секоја емисија, а на крајот има предизвик од публика, кога победникот игра против еден случајно избран натпреварувач од публиката, што се бори да му ги земе парите на натпреварувачот.

    Водител на квизот е познатото ТВ лице Димитар Атанасовски.

    [​IMG]
     
    На eutixismena, Victorian и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Мене ми е интересен и редовно го следам, има доста прашања, ама и глупави игри како „Биди детектив“.
    Туку, има слабости дефинитивно, во распоредот на прашањата по теми. Еден куп прашања од јазик ги тупнале во литература, а си немаат врска со тоа. Како жити сѐ прашања за акцент и инверзија успеваат да ги поистоветат со литература? Нека направат посебна категорија Јазик или Лингвистика ако толку сакаат, а не вака како предмети во училиште распоредени само со фенси имиња.
    Исто така, нешто што ме исфрустрира, играчот бира тема Математика и прашањето е од каде бил некој си таму математичар. :headbang: Па и водителот вика „аха, не сте многу по математиката“. Свашта.
    Патем, водителот е океј, ама некогаш нема осет до каде треба да оди со „досетките“. Чита одговор Куба и вика:
    „Да не бил некој од вас во Куба?“
    -мртва тишина-
    И која е поентата сега? :D Некогаш со право ги зафркава, ама некогаш претерува.
    Исто така ме нервира што во секоја можна емисија без промашај има категорија Спорт, мислам, океј е, квиз на знаење е, нормално е да има прашања како „Кој ја измислил кошарката?“ и „Кој спорт се играл на Месечината?“, ама некогаш има прашања како „Колку гола постигнал Роналдо тогаш и тогаш?“. Мислам дека ваквиве прашања стојат само за мажиштата што следат спорт да има од каде да соберат поени.

    Патем, колку што знам при крај се и треба да се добри играчи само, ама ете денес еден рече дека Сон на летната ноќ е од Горан Стефановски. :D Ах бе...
     
    На Someonespecial, Mishela, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Машки
    И јас го пратам редовно
    Мене омилени игри ми се Биди детектив и Асоцијации
    Но вечерашната, а и некои други загонетки од Биди детектив се глупави, изнервира ме
    Ама некогаш стварно има добри загонетки
    Водителот е ОК
    Ај уште едно полуфинале и финалето па ќе заврши, па мош од есен нова сезона, со поинтересни игри
     
  4. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Па да, асоцијации е океј, безвременска игра нели, ама таа со детективите некако не функционира. Најчесто тие што погодуваат ја знаат загатката од порано, да се сети некој на лице-место многу ретко, затоа и најчесто не погодуваат. :D
     
  5. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Машки
    Da toa e tocno, no sepak moram da priznaam ponekogas ima nekoja zagatka so ne ja znae nikoj, originalna
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.111
    Пол:
    Женски
    Интересен квиз, ама не го следам. Играта асоцијации ми е најинтересна. Се сеќавам дека во една од епизодите еден од играчите се налути и се откажа додека траеше квизот, само затоа што еден од останатите натпреварувачи на сите прашања прв го притискаше тастерот. Рече - најдобро е да игра сам. :D
     
    На Bzaubzz.xy му/ѝ се допаѓа ова.