1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кембриџ наставни програми во основните училишта

Дискусија во 'Образование' започната од AnaKarenina, 11 ноември 2015.

  1. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Луѓе, никој не зборува тука за навредување или омаловажување. Роден сум тука, какви сме такви сме, но мора да се гледа на иднината, а иднина без конкуренција и судир на идеи нема. Затоа максимално подржувам реформи во целото општество, а кога има реформи мора да има и промашување.

    Македонците во ниеден параметар не можеш да ги споредуваш со големите и паметни нации. Далеку сме ние од тоа. Треба многу да се работи на психологија, а кај нас тоа најмалку се работи. Во Америка сигурно дека има неписмени и необразовани, ама колкава е Америка, а колку сме ние? Од друга страна често читам социјални мрежи, веб страници, коментари од Американци и нивното изразување, граматичка писменост, креирање на мисла и реченица е на многу повисоко ниво отколку кај нас.

    Многу се преценуваме, а тоа е проблемот. Зарем никогаш не си отворила Фејсбук, веб портали и слично да видиш како нашата писмена нација се изразува? И, тоа луѓе со 9 просек на факултети, а да не зборувам за постари генерации коишто чисто се сомневам дека дури и се сеќаваат да пишуваат.
     
    На Bridget, slobodka, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Братче, јас работам со странци секојдневно... мене не ми треба ни Фејсбук ни веб портали да знам. Не си го преценувам народот, ама не си го ни потценувам. Интелигенцијата и интелектот нема врска со нација, туку со индивидуата. И фала, нека моете дете биде со слаб интелект (по твое) и нека знае како човечки да пресмета прости бројки отколку, да ми изведува цели формули за да стигне пресмета 20*6, на пример. Тоа им го оставам на 'големите' интелектуални умови, да пресметуваат цел ден една проста задача со множење.
    Оди на јапонец покажи му го учебников, ќе ти се пукне од смеење...
    Алал нека ти е ако мислиш дека американциве на ФБ се изразуваат со интелект... пола американци ни средно не завршуваат и не знаат една реченица да напишат... ние поубаво им ја знаеме граматиката. АМа тоа е... плукни по народот свој, најубаво е така
     
    На eliesaab, LittlePinky, jovanovska94 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    (facepalm)(facepalm)
    Мислат дека децата ќе ги напраат попаметни, а поглупави ќе испаднат. Ако собирање и множење вака комплицирано учат од оснвно, козјнае како се учи алгебра, линеарни, квадратни равенки после во средно
    Не е многу време откако завршив основно, сега сум 3та средно, ама вака комплицирано не се сеќавам дека учевме, а сепак ми иде до негде математика..
    Поарно овие од министерство или од не знам каде, нека остаат да си течат работите како што се, него ли да напраат само бетер.
    И сериозно во америка имало интелектуалци? Еден на милион. Мислам дека се најглуп народ, што само знаат да се прчат со нивната мила америка, а немаат појма за основни ствари.
     
    На eliesaab, Lella и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Многу погрешно целиш кон фактите. Интелегенцијата и интелектот и те како имаат врска со нацијата и колективитетот. Јас би рекол клучна.

    Ние најпаметни, најдобри, најсредени, а живееме во корупција, криминал, нефункционална држава, низок стандард, младина без компас, а тие “глупи“ западњаци живеат со највисок стандарт, квалитетно образование, многу научни и технолошки иновации, инфраструктурно светлосни години пред нас. Тоа самите си го изградиле, а не некој трет. Плус, не заборавај дека многу инфраструктурни работи и проекти во Македонија се градат со помош на пари и знаење од тој зол Запад и Америка.

    Секогаш квалитетот споредувај го со колективитетот, а не индивидуата. Индивидуа не го гради општеството, туку колективитетот, а квалитетот на колективитетот и те како има врска со интелегенцијата.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Јас пак велам дека развиеноста и ситуацијата на државата не мора да има врска со моралот, интелектот и интелигенцијата на луѓето во таа земја. Ти можеш во земја каде што нема квалитетно образование да бидеш еден од најдобрите, но разликата од нас и западните земји е тоа што овде нема никој да те ферма и не можеш да се истакнеш. Како ти свират, така треба да играш.
    Имам читано и слушано колку Америка вложува во образованието, за разлика од некои други поразвиени земји на пример, но сепак учениците во америка имаат многу послаби резултати. Исто така просечен студент на Харвард не знае кој е главниот град на Канада.
    И кога слушам колку некои луѓе ја фалат Америка, ми се крева косата. Како што спомнав погоре, знаат само
    да се фалат дека се економски најстабилна земја, со наразвиено све,a не ја гледаат реалноста.(не би требало да ја објаснувам)
    И тоа зборам конкретно за Америка, не за западноевропските земји
     
    На oblace1, Outlook, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    И сега со Кембриџ програмата каде што децата ќе читаат текстови за бубулици, во нашата држава нема да има криминал, корупција... и државата ќе стане функционална. Бог да чува. Нашите учебници си беа добри, ти очигледно не си загледал какви срања се земени од Кембриџ, кои притоа ни америкаците, ни британците ни никој не ги користи... нас ни ги тупнаа, оти сме ископмлексирани, и политичариве наши размислуваат како тебе. Кембриџ ќе учиме... некоја згрешена експериментална програма... битно ќе кажуваме дека е од Кембриџ... а тоа Ш категорија. Америкациве твои што ги спомнуваш не ни учат по оваа програма, да се разбереме.
    Американците, БАЈ Д ВЕЈ, не се сите како на филмовите што ги гледаш, сите интелектуалци, адвокати, богаташи.... секоја држава си има своја реалност.
     
    На cresa-jagoda, oblace1, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Мислам дека забегавте од темата малку.
    Патем, не сакам да сум цепидалка, ама морам да забележам дека текстот со мозолчињата НЕ е од Кембриџ. Јас не учев по Кембриџ, а учев од тој учебник и го читавме истиот текст. Патем не можам да ги објаснам WTF фаците кои ги имавме кога го прочитавме последниот дел со пипкањето, особено наставничката. И подолу имаше прашања мислам, ама не ги одговаравме. :D
    @AnaKarenina Овие два текста што си ги ставила не се од ист учебник. Патем, мојата мајка е наставничка по математика (предметна настава) и потврдувам дека за шесто одд. нема учебници по Кембриџ. Односно, можеби има, но предава по старите на Јово Стефановски. Јас имам среќа бидејќи успеав да му избегам на Кембриџов за неколку години.
    Освен овие глупави начини за множење, јас имам братучед кој е петто одделение и имаат да споредуваат дропки со различни именители, а проширување дропки - не учеле. :| Е како сега да ги спореди? 5/23 и 4/18? Која е поголема, мисли се.
    Исто така, мајка ми ми кажа дека оделе според некоја си логика, темите се повторуваат по двапати. Односно, секоја лекција ја учат до одреден степен, пример оваа за дропки, ја учат дотука, до горниов пример, следното полугодие ќе ја продолжат истата лекција со проширување и скратување, дека демек позрели биле.
    Учебниците по македонски, барем за петто се истите од старите (за братучед ми зборувам, не знам за другите), но баш би сакала да ги разгледам новите и да се изнасмеам на глупостива за принцези и мажачки. (Иако е за плачење.)
    Не, сериозно, и двата текста, иако едниот не е од Кембриџ, нели треба да има секој текст некаква поука? Што поука дава овој? Не се женете со принцови! Јао...

    И јас се согласувам дека е чиста глупост програмава, насила се правиме нешто што не сме. Кембриџ, Оскфорд, глупости... Ни Америка сме, ни Англија сме. И не мислам на интелектуално ниво.
     
    На cresa-jagoda и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не би требало да не е воведен Кембриџ за сите шесто одделенци, ми нема логика :?: Ама дека шесто учат по оваа програма тоа сум 100% сигурна, баш ја најдов и програмата на интернет.
    Текстовите знам дека се од поновите програми, ние фала Богу ги немавме :D А може и треба да ја преименуваме темава во Нови наставни програми, ете да не биде само Кембриџ тема на дискусија, зашто очигледно и без него новите учебници се катастрофа :tmi:

    Едит: еве ќе ја ставам програмата за шесто, чисто да видите што учат децата. 2D и 3D проектирање :|
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    За две години ќерка ми треба да почне во прво одделение. Гледајќи ги учебниците на комшивката која сега има прваче и споделувајќи што за два месеци учела ќерка и, на 6 години, прв пат се сретнува и сонова средина, и со учење(facepalm) мене коса ми се крева. Јасво прво се сеќавам домашна имав да пишувамцела страна ///////па \\\\\\ па некакви ~~~~~ ... така нешто па број по број, па буква по буква, логички плочки и сл. релаксирано учење со игра и забава, а овие уште во септември за домашна броеви до 100 имаат, во октомври математички операции до 20(facepalm) абе првачиња, до деветто којзнае шо ќе учат..
     
    На cresa-jagoda, Oneo и oblace1 им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Аа, ја видов програмата, еве пишува и тука дека е по двапати една тема |( Геометрија и решавање проблеми 1Б, 2Б |(
    Иначе, за понови учебници да, како минува времето, така сè полоши учебници. И морам да речам мнооогу обемно учат децата, работи што јас лани ги учев, соединенија, оксиди, соли, гледам учат сега во петто, магнезиум хлорид, па дестилација, физички својства итн.
    А еве физика јас треба да учам, утре испрашуваат, и тоа за електрицитет, да си викнам некое дете од трето одд. заедно да учиме :wasntme:
     
    На cresa-jagoda и Joi им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Сега поубаво ги рагледав сликите и искрено да признаам ми се блокира мозокот и ми требаа 10 -15 минути да сфатам што е фората со едно обично множење и делење. А камо ли 9 годишно дете како ќе се снајде.
    Па полесно ми е да решавам комплицирани експоненцијални равенки и логаритми ( што сега ги учев) отколку ова множењево што нема врска со оној начин како што јас го имам учено.
    Сигурна сум дека и самите тие што одобруваат и ги преведуваат книгите не можат да ги сконтаат задачиве.
     
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Еве информации од прва рака како децата го сфаќаат новиот концепт.
    Син ми се уште не почнал по Кембриџ,предвидено е догодина кога ќе биде 8-мо одд.
    Сега ќерка ми е 5-то одд и прв пат годинава се запознаваме со оваа програма.
    Прво,не по секој предмет се работи по Кембриџ,општество е по стара програма кој учебник од друга страна е полн со непотребни теми за деца од 10 год.возраст.
    Околу математиката.Ќерка ми отсекогаш била самостојна во работата,никогаш не побарала помош и немала потешкотии во усвојувањето на тематските единици.До сега.Секоја домашна ја пишуваме заедно,многу пати знае да каже дека не и е јасно.Направија скок,учат за дропки и операции со истите,нешто што син ми го учеше сега и минатата година во 6-то одд.
    Целиот концепт е замислен да се учи по логика,визуелизација.Но така треба од почеток,не од 5-то одд,кога децата до сега учеле на еден начин,е после тој не чини,овој бил подобар.Експерименти прават со децава.
    Природни науки немаат лекции класично да ги научат.
    Се е со набљудување,што се случува ако...итн.
    Не и се тука книгите,утре ќе ви сликам.

    Не секое дете е логичар и не секое може да го сфати овој начин.Многу зависи и колку наставникот е спремен и способен ова да го пренесе на децата.На ќерка ми наставничката се труди и гледам дека успева.
    Задачите кои @AnaKarenina ги постираше ги работевме пред неколку недели.Се зачудив зошто е толку сложено,па објаснував како знаев и умеев.

    Текстот за пубертетот не е по Кембриџ,го учеше и син ми во 5-то пред две год.Добро го паметам,син ми се гледаше во огледало дали има мозолчиња.Сфати дека мозолките укажуваат на пубертет.

    И на крај што ни фали на нас кои учевме по сосема други програми,имаме цела плејада на успешни интелектуалци во секоја област.
     
    На V.odolija, cresa-jagoda, jovanovska94 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Ова е катастрофа по сите предмети а посебно математика и природни науки. Денес учат множење, уште не ја научиле таблицата они делење со остаток, множење на двоцифрени броеви, па некои начини нови јас незнам треба убаво да седнам да научам па да му ги објаснам на син ми. Незнамшто ќе биде од децава- научници.?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Често му помагам на брат ми во учењето кој е 3то одделение. И имаат природни науки уште во 3то одделение, а и јас бев прва генерација на деветолетка и беше многу полоша од осмолетката, но ова сега е ептен лошо. Ние природни науки учевме од 5то, а они истото тоа го учат во 3то...работи што јас ги учев во 9то, он ги учи во 3то. Програмата е лоша, не се разбира и деца на 8 годишна возраст учат глупости што ние на 13 годишна возраст учевме...
     
    На V.odolija и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  15. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Чекај ова сериозно со 2D и 3D проектирање?!
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    А јас во петто уште бев несмасна со линијарот :tmi:
     
    На cresa-jagoda и kjukli им се допаѓа ова.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Четивото за Сара и принцезите си е баш таман. Освен терат, ќутуци |(, тераат :@

    Човек да не ме поддене да се размуабетам колку се всушност лоши модели принцезите, а се буквално идоли на сите мали девојчиња. После перењето мозок со принцезите уште од кога почнат да гледаат цртани децата, пред да ја удрат пубертетските години треба Сара да знае дека не мора грб да крши(на зрно грашок) да се докажува безрезервно само за да биде прифатена како достојна и да припаѓа во калап, дека има избор, не треба и не мора да чека принц/маж да ја спасува, да не бега од дома со првиот „крем„ што ја залапал туку да размислува колку го познава...
     
    На Monna.Monna, Waka-waka, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    cambridge.jpg

    По која формула е множењето кај традиционално интелигентниве нации не знам, ама кај нас полу писмените две македонски генерации 6 x 9 = 54.
    печатна грешка - не битно!
    читај - approved by ...некој интелект вонсериски

    за странски задници (морам така по културно, иако полуписмена) сме лижачи парекселанс?
     
    На eliesaab, cresa-jagoda, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  19. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    катасторфа лани брат ми учеше јас шо ги имам сите петки и се знам јас не можев да се снајдам во учебниците особено тие по математика
     
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Божеее, е ова го немав видено. Е ај баш нека објаснат по која логика е ова. И не ми стои дека е печатна грешка, и погоре на другите сите се погрешни. Страшно, значи страшно.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.