1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кембриџ наставни програми во основните училишта

Дискусија во 'Образование' започната од AnaKarenina, 11 ноември 2015.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Многу едноставно – површина на круг, на пример – пресметуваш прво површина на квадрат (бидејќи тоа е наједноставно, нели), а после одзимаш површина на по еден рамностран триаголник од секое ќоше на триаголникот. :D

    Шала на страна, како што рече @jacqueline.s, и ја искрено се сомневам дека некој у Кембриџ учи по ваква програма. Од друга страна, колку што знам, Кембриџ беше познат по високото образование и универзитетот, а не по основното школо. Како и да е...

    Можам само да речам дека бивша Југославија имаше еден од најдобрите образовни системи, можеби и на светско ниво. И Македонија по осамостојувањето, се до почетокот на овие реформи во образованието, на кои не им се знае ни почетокот ни крајот, имаше сосема солидно образование. Ова го кажувам бидејќи многу луѓе кои ги познавам, кои биле интелектуално сосема просечни, а и како ученици (некои дури и подпросечни) – откако заминаа во странство, таму испаднаа едни од најдобрите во своите струки. Што значи, нашево образование не било за фрлање.

    Од друга страна, сум имал прилика да контактирам директно и индиректно со луѓе кои излегле од некои странски еминентни и за нас, звучни, образовни институции, и морам да кажам дека не сум бил баш импресиониран од нивните знаења. Неоспорно е дека имаат подобри услови и опрема на факултетите, која за нас е научна фантастика, но со знаењата се, во најмала рака, ништо посебно. Не случајно во многу од таквите инситуции се примаат и работат луѓе од источниот блок, Индија и Кина. Што значи, тој западен систем за образование кој сме го земале како некаков си урнек, не е толку сјаен као што ние си замислуваме. Да не зборам дека тоа што кај нас се продава како некој модел (како Кембриџов) е всушност квази-франкенштајнска варијанта на истиот.

    Сум за тоа да има реформи – сепак, без реформи, образованието ќе стагнира. Но, кога се работи за толку деликатна работа како образование, мора да се постапува многу внимателно и промислено. И кога ќе се донесе една реформа, да и се даде време да заживее, и за да може да се увидат нејзините евентуални слабости и пропусти.

    Кај нас едно не потрајало година дена, иде нешто ново, па пак уште нешто, па второво се укинува, за да одма се воведе четврто и петто. Значи, со еден збор, каша-попара. Секоја генерација учи по различна програма, од различни учебници.

    Не сум за тоа да мора да има нов учебник по секој предмет. За области во кои има нови достигнувања или настани, како историја, географија, биологија и сл. е ОК да се апдејтира материјата која се учи. Но, за предмети како математика, во која геометријата е непроменета уште од времето на Еуклид, физика, која е иста уште од Њутн, хемија и сл., дали стварно има потреба постојано да се штанцаат нови книги? Да се разбереме, не викам ја дека во овие области нема нови откритија, нормално дека има - ама во материјата која се учи во основно и средно, е тука богами и нема.

    Цело време слушам како родителите се жалат дека децата им се многу оптеретени, не можат да постигнат и сл. Можеби тоа е стварно така, не викам не. Но, еве го она ја што го знам – новите генерации кои доаѓаат на факултетите немаат речиси никакви, ни основни познавања од многу работи. Зошто е ова вака?

    Па, не верувам дека интелигенцијата на младиве нагло опаѓа во последниве години. Децата си се исти како и што биле. Значи, проблемот е во образованието. Читам, учат струјни кола во второ одделение, а на технички факултет доаѓаат и не знаат кратење на дропки, просто тројно правило, површина и волумен на тела, изедначување хемиски равенки и уште еден куп основни работи. Можеби за време на основното и средното образование учат многу обемна материја, но (со чест на исклучоци) крајниот резултат, кога ќе стигнат до високо образование, е дека не знаат ништо.

    Ама, не се децата криви. Крив е нашиов шуплив, Кембриџест, образовен систем, со своите учители кои на времето и самите биле лоши ученици, па затоа се запишале на Педагошка, со своите наставници кои не по заслуга, туку преку партија дошле да ни го заебуваат највредното нешто – децата, криви се лошо преведените учебници, со милион грешки и небулози, криви се непрестајните реформи, на кои не им се знае ни почетокот, ни крајот, а богами веќе, ни целта.
     
    На Little-one, Bridget, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  2. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Имам помал роднина кој учеше во англија според програма која е слична на оваа и се сеќавам дека секогаш кога ќе дојдеше мајка му во македонија, коментираше дека многу е никаква програмата, со тоа премногу ги уназадуваат децата, а тоа е направено со цел да се намали капацитетот на високообразован кадар. Се' има своја позадина. Неколку години подоцна, овој принцип се воведува и овде, а идиотиве од спроведувачи си мислат дека тој е најпогодниот начин на учење и доближување до границите од ЕУ што ги воведуваат и најидиотските промени за кои претходно не спроведуваат испитувања - дали се вредни и дали ќе се придонесе за образованието или интелектуално ќе се унакажат новите генерации. Свесна сум дека е мизерно да вмешам политика, но реално, секоја промена настанува заради политичка позадина.

    За текстовите по македонски - срам ми е што ги прочитав, а уште повеќе да ги коментирам.

    Најмногу ми е мака кога ќе помислам на ученикот, детето кое мора да порасне со вакви усложени учења и сфаќања кои почнавме да ги надминуваме, а со воведување на новите четива и лектири повторно ги вративме. Примери (примерот од slavica999 ) со кој јасно се укажува на тоа дека треба да постои разлика помеѓу мажот и жената, дека мажот е глава на семејството, а жената е онаа која треба да седи дома и да ги врши домашните работи. Друг пример е воведување на религијата како предмет, а се изоставува сексуална едукација.
    Уште еден голем недостаток е тоа дека учителите, наставничките и професорите се преокупирани со административни работи до толку што немаат време да си го подготват часот (а како што заблежавме според примерите, подготовката е неопходна за да можа да се реализира еден час). Бев на семинар каде што имаше луѓе, наставници и професорки од многу држави во Европа кои беа толку зачудени и негативно изненадени за состојбата на образованието во македонија земајќи ги во предвид кадарот кој обучува (наставнички, професори) и учениците кои треба да го „обработат“ она што им е предадено, а до содржината на предметите не ни дојде време да се дискутира (дури тогаш сигурно ќе се депримираа).

    P.S. Свесна сум дека измешав многу работи, но со оглед на тоа во каква очајна и хаотична ситуација ни е образованието, не е ни чудо што мојот пост изгледа така.
     
    Последна измена: 14 ноември 2015
    На rose60, eliesaab, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda, Tan4ence, victoria и 4 други им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сликава ми излезе на фејсбук денеска, како за добро утро :D
    Кембриџ математика за прво одделение :tmi: Геометриски слики и тела, што ли беше тоа?
    [​IMG]
     
    На Someonespecial, Bridget и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Леле колку глупо!
     
    На Someonespecial, Bridget и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Да, значи сега по модерно не се геометриски слики и тела, туку 2Д и 3Д фигури. (facepalm) Оти македонскиот назив не е доволно COOL!!!
     
    На Someonespecial и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Сакав да го споделам ова со вас.
    Имено,ќерка ми е петто одд.(наше четврто,по старо).Наставничката по природни науки им рекла да си симнат апликација на мобилните телефони за мерење на јачината на светлината.Ќе мереле на час.

    Целата сум прашалници.

    Ај што мислам дека е премногу и нелогично ова што го учат,некаква физика му доаѓа.Деца од 10 год.
    Ама што ако некое дете нема смарт телефон?

    И постојано се бараат од нив( и во повисоките одд.)само проекти,да бараат на интернет,да принтаат,да биде тоа во боја.
    А ако немам принтер во боја,што ако воопшто немам принтер?
     
    На cresa-jagoda, nena2010, OmniaVanitas и 2 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.112
    Допаѓања:
    112.703
    Пол:
    Женски
    Еве јас немам дете ама имам детенце на другарка кое е многу поврзано со мене и околностите се такви да буквално кај мене има израснато. Они немаат услови за принтери и чуда, па се снаоѓа кај мене, други плаќаат во фотокопирници. Ужас!!! Тие проекти треба на школо да ги прават. Школото да обезбеди принтери во боја.
     
    На eliesaab и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Гледaм и јaс oд брaтучеди, се се бaзирa нa истрaжувaње, демек пoвише ќе нaучиле бaрaјќи инфoрмaци. Мa кoј лaжaт целo семејствo бaрa инфoрмaции не детенцaвa. А не гледaaт декa сите ги немaaт пoтребните средствa, и зa бoјa дa принтaш е скaпo, пo би дa гo цртaaт. Сите не се oпремени дoвoлннo финaнсиски, пaк и учебниците немaaт ништo, и тoa нa бaзa нa истрaжувaње дa нaучaт лекцијa, мa немoј вел ден ќе истрaжувaм,ќе учaм, че се oтепaм психички, a некoи aктивнoсти кoгa дa oствaрувaм,кaкo игрaoрнa,бaлет,спoрт,јaзик и сличнo... ккoгa ми се спие немa ефикaснo извршувaње нa aктивнoстите,штo е и нoрмaлнo.


    Не сум зa Кембриџ, пaк и грешки вo учебници, дoбрo тoa мoже дa се кoрегирa, нoo :)
     
    На eliesaab и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Сега налетувам на мислењево...Зарем е дозволено кај вас во училиште децата да носат телефони? Кај нас е строго забрането и сите надгледни средства јас ги обезбедувам за час, конкретно за тој час работевме само со мојот телефон. И јас го предавам тој предмет.

    За жал не до професорите туку до училиштето кое неможе да обезбеди надгледни средства, но јас не би ги теретела учениците да прават нешто невозможно за својата возраст и за буџетот на семејството. Треба и наставникот да има осет.
     
    На eliesaab, cresa-jagoda и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Да @Kitten ,дозволено е.И се сликаат на часови по барање на наставникот и сликите на фб колку вредно работат.Безсмислено,според мене. Не е конкретно на овој предмет.

    Сега ќе почнат со принтање на секакви материјали,проекти(се е тоа copy-paste од интернет).Ај што ништо не учат од тоа,само мора да го имаат за во досието по тој предмет.И тоа се трошоци на грбот на родителите.

    Наидувам на многу нелогичности во образованието бидејки ги пратам децата што учат.Само се прашувам каков ќе биде крајниот производ од овие нови и модерни програми?
     
    На eliesaab, Kitten и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Machkata

    Machkata Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Кембриџ програмата е страшно нешто ! Секоја година се зимаат по 3одделенија кои ќе почнат со програмата ( 1-2-3одд ,4-5-6одд, 7-8-9одд ).Кембриџ е сосема спротивно на старата програма.Порано по биологија за коските ,деловите од човековото тело се учело во 8одд (сега 9). Сега децата од 4одд треба да ги знаат сите коски со нивните стручни имиња. Децата од 9то одд ќе учат за фотосинтеза што го имаат учено во 6одд . И сега некој што сака да оди медицина ... како ќе се снајде со програмата? ! Ќе треба наставникот да им оддржува дополнителни часови или родителите да изнајмат приватен професор за таа особа да може да се запише медицина ?!

    Хемија исто во 5одд се се експерименти, во 9 нема органска хемија. Значи медицина ќе неможат да се снајдат децата од тие одделенија што сега ќе бидат 6 ,7, 8и 9 .
    Па штом сакаат да воведт кембриџ требало да почнат со една генерација од 1 одд што ќе почне да го изучува кембриџ , а не секоја година во нови 3 одделенија да се вметнува кембриџот и наставникот да губи половина час само да им објавсни на децата што значи зборот ,ај тоа туку децата од помалите одделенија (како 2-3-4и5 ) неможат да го изговорат зборот. Кембриџ е страшно нешто СТРАШНО!
     
    На eliesaab и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. tikvesijaINFO

    tikvesijaINFO Нов член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Почитувани членови на овој форум. Ви нудиме статии напишани за глупостите кои ги учат нашите деца по Кембриџ програмата. кликнете на линковите, прочитајте и кажете го вашето мислење. Би ценеле доколку добиеме мислење и од стручно лице, психолози, педагози, наставници
    - Ни ги учат децата на глупости: Кембриџ циркус за неписмени идни генерации!


    - Кембриџ циркус за неписмени идни генерации! (втор дел)

    - Од кога 6×9 се 56? Кембриџ глупостите немаат крај! (Трет дел)
     
  14. Nise <3

    Nise <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    30
    Кембриџ, тој што го вовел тој да учи. Како прво тој, што го преведувал незнае англиски. Како второ учебникот нема организација. Како трето не е соодветна со дадената наставна програма.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.