Dali ima nekoj iskustvo so keramicki sadovi,i dali ima razlika megu Delimano i Ceramica Ok sto se prodavaat vo Tinex?
Delimano keramicki sadovi Вторите се многу подобри (Керамика Ок). Во смисла што се доста поздрави, чиста керамика е површината, а од Делимано се некоја мешавина, не е чиста керамика. (а, од аспект на самото готвење, исти се). Јас ги имам вториве, не се лепи јадењето, не запекува, си се готви во самата пареа, тавчето лесно се чисти, итн. не можам да ти опишам, друго е кога ќе пробаш. Доказ за тоа е дека планирам да ја збогатам палетата на нивните производи.
Јас ги добив на свадба Делимано Мега сетот, и целосно го исфрлив тефлонот од кујната и можам да кажам само дека секој кој што размислува треба да си ги купи затоа што тоа е најдобро нешто на што сум готвела, а сум пробала се. Навистина вкусовите на храната се поинтензивни и побрзо се припрема и ништо не се лепи на нив.
Одлични се делиманото,јас ја користам вок тавата и тавата за пржење,откога ги земав овие тави само со нив се служам,па не мислам да се замарам со глупиот тефлон кој се и гребе,мн лесни се и за миење а мене тоа ми е доста битно Ги препорачувам на секој ,се става помалку масло а имам и термосензор на овие тави.
Маркетинг и се е можно! Делиманото не се керамички тави туку имаат залепен керамички премаз од наночестици кој сеуште е недоволно испитан. Јадењата не ви се лепат ама дали е здраво да се готви во такви садови...? Пишував подетално околу тоа тука. Инаку имам керамички на Керамика ОК неколку години и тие се чиста керамика, така да се многу подобар избор од Делиманото.
Дали некој знае каде можам да најдам керамички сад за суфле? http://www.youtube.com/watch?v=GuTqoBy98t0 вакво нешто... однапред сум благодарна
Ние ги користиме делимано садовите, прекрасни се храната не е загорена и не се користи многу масло и ние сме премногу задоволни
Извинете доколку прашање не е за тука, но ме интересира како сте задоволни од делимано сет ножеви ? сакам да ги земам. Фалаа однапред .