1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кесл Рок (Castle Rock)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од LollySky, 8 август 2018.

  1. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Нова серија базирана на делата на Стивен Кинг, а со самото тоа одличен деликатес за неговите фанови. Жанрот е секако психолошки трилер/хорор, а кастингот го сочинуваат одлични актери, многумина познати и по улогите во некоја од екранизациите на романите на Стивен Кинг. Во самата серија има многу траги кои водат до некое од делата на Стивен Кинг.
    Дејството на серијата се одвива во фиктивното гратче Кесл Рок во Мејн.
    Адвокатот Хенри Дивер неволно се враќа во своето родно место за да му помогне на еден млад, речиси нем човек, пронајден во кафез во затворот Шошенк. Низ епизодите се развиваат повеќеслојни мистерии, како неколку можни, но натприродни објаснувања за затворениот човек, причините и местото на исчезнувањето на Хенри во детството, како и повеќе различни животни приказни на жителите на Кесл Рок.
     
    На Bender Rodriguez, theunforgiven, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  2. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Серијата е одлична! Веќе сме до шеста епизода и станува се позаплеткано и помистериозно. Потпишан е договор и за втора сезона.
    Ја гледа ли некој? Ај, ми се дебатира за неа.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Да најавам дека ќе ја почнам, ги симнав првите епизоди.
    Одамна ја чекав и се надевам дека нема да ме разочара.

    Ќе пишам пак. :)
     
    На Bender Rodriguez и LollySky им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.324
    Пол:
    Женски
    Jaс ја гледам, зар излезе и 6та? Мене ми вели утре календаров. Мене ептен ми се допаѓа, јас сум љубител на Стивен Кинг и голем број од неговите романи, новели и кратки приказни имам прочитано.
    Серијава ми е уствари микс, не е конкретно според некоја приказна од делата, или барем јас уште не можам да сконтам. Мора да е поврзана приказната на затвореников со Пенивајс од ИТ, сигурна сум дека некако ќе ја спојат понатаму.
    Ептен е мистериозна, интересна, малку хорор ама со ептен добра сценографија. Јас многу сакам вакви мали американски градчиња, макар и измислени. Ептен ми се кјут.
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon и LollySky им се допаѓа ова.
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допаѓаат референците кон останатите книги на Стивен Кинг, ама баш тоа што не е стриктно направена по некоја од нив ја прави повозбудлива и тотално непредвидлива.
    Утре излегува шестата епизода, јас избрзав :) Ја следам на ХБО и веројатно ќе ја стават во четврток.
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon и 1209 им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Четири епизоди изгледани во еден здив. Останав пријатно изненадена од серијава, иако да бидам искрена - не очекував ништо помалку.

    Немам прочитано многу дела од Стивен Кинг, но и тоа малку ми останало врежано во меморијата како нешто извонредно.

    Засега ми се допаѓа серијата многу. Ликовите мистериозни и сомнителни, дејствијата сосема солидни.
    Омилен лик засега ми е real estate џанкито. Интересен лик со свои демони од минатото. :)
    Баш ме интересира како ќе успеат да ги испреплетат сите тие приказни во една.
    Немам очекувања, но имам чувство дека ќе биде интересно.

    Кога излегуваат епизоди, секоја среда?
     
    На Bender Rodriguez, 1209, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Да, во среда. Мило ми е што ти се допаѓа серијава :)
    Сега ја изгледав шестата епизода. Да не кажувам спојлери, ама дејствово стана уште позаплеткано, со клифхенгер на крајот. Едвај чекам следна епизода.
     
    На Bender Rodriguez, 1209 и Mishela им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Одлично, ќе ги изгледам двете вечерва и се враќам утре со коментар.

    Порано не сакав такви серии со хорор елементи и тензични сцени, ме замараа некако.
    Да биде иронијата поголема, сега ми се едни од омилените жанрови на серии и само некои такви гледам.
    Кај оваа многу ми се допаѓа тоа што не е класичен хорор, туку е многу стилски измоделирана и опфаќа од фемили драма до психолошки трилер, итн.

    Во секој случај вреди да се погледне. :)
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ја изгледав серијава и, морам да признаам, на почетокот не можев да одлучам дали ми се свиѓа или не.

    Не сум фан на Стивен Кинг, ниту пак на филмовите снимани според негови дела, ама серијава изгледаше како да има потенцијал. Проблемот со серијава ми беше што некако не можеше да се одлучи што сака да биде – не е хорор (има само ретки хорор-моменти), не е драма, не е целосно ни мистерија – а освен тоа, после првата епизода некако стана ептен бавна и развлечена, со бизарни моменти, кои ме потсеќаа малце на Твин Пикс (and not in a good way :D).

    У секој случај, не беше доволно лоша за да прекинам да ја гледам, но не беше ни доволно добра за да речам дека ми се свиѓа.

    И после тоа дојде седмата епизода – онаа раскажана од аспект на човек со Алцхајмер – и таа, признавам, ме воодушеви. Деветтата епизода, со алтернативната историја на Хенри Дивер исто ми се допадна, а и крајот на серијата позитивно ме изненади.

    Генерално, ми се допадна како сите моменти од претходните епизоди беа меѓусебно поврзани од аспект на Рут и прикажани низ очите на човек со Алцхајмер, ми се свиѓаше како флешбековите на Хенри Дивер (црнецот) беа објаснети преку алтернативната историја на другиот Хенри (односно, The Boy).

    Во однос на крајот, ми се допадна неговата двосмисленост и целосно спротивните импликации кои ги има. Или момчето кое не старее од Шошенк е навистина Хенри Дивер од друга димензија, и самиот жртва на универзумот и непознати сили, целосно невин за злото и смртта кои го опкружуваат, или само сака така да мислиме, а всушност е very much evil и апсолутно одговорен за сѐ што се случува.

    Така и завршува последната епизода – додека Хенри Дивер му носи јадење на момчето, во истиот кафез во кој го чувал и Лејси, соочувајќи се со истите морални дилеми како и тој – дали навистина го држи ѓаволот подалеку од Кесл Рок или измачува целосно невин човек? И така, настаните од серијата прават full circle.

    Во однос на самата серија, сѐ уште не сум начисто за да можам да кажам дали е добра или не – конечно 7 просечни епизоди и 3 одлични баш и не можат да се окарактеризираат како огромен успех, барем според мене. Проблемот е што серијата станува навистина добра дури при самиот крај, што не е идеален начин да се привлечат гледачи – особено ако некој се откаже после 2-3 епизоди затоа што му била досадна.

    Сепак, можам да кажам дека Кесл Рок е дефинитивно нешто поинакво и серија која дефинитивно заслужува да ѝ се даде шанса – во секој случај, можеби најдобрата адаптација на делата на Стивен Кинг. :)
     
    На theowndemon, LollySky и 1209 им се допаѓа ова.
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Се сложувам, и мене ептен ми се допадна до крај, се надевам ќе има и втора сезона.
    Јас ионака генерално сум фан на Стивен Кинг и хорори/психолошки трилери/мистерии, веројатно серијава ги опфати сите три жанра.
     
    На 1209, theowndemon и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  11. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Ќе има втора сезона? Знае некој???
     
  12. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    Има неколку епизоди излезено од 2ра сезона.
    Некој почнал да ја гледа, да сподели импресии?
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Да, многу е добра. Вреди да се продолжи со сезоната. Осум епизоди има излезено до сега.
     
    На Alisa22 и MarigoldA им се допаѓа ова.
  14. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    Да да, ја загледав. Само последнава епизода ја немам изгледано. Ми се свиѓа повеќе од првата сезона, ми се свиѓа како се поклопија приказните.
     
    На Alisa22 и theowndemon им се допаѓа ова.