Слаб впечаток ми оставија скоро сите учесници. Ништо посебно,ништо инвентивно и привлечно за гледање. Барем некој телент да покажеа за играње/пеење.
А за која песна ќе се снима спотот? Јас си мислев дека е за ''Teenage dream'', ама пред некој ден го гледав спотот, и не беше лош, и многу е убава Кејти во него.
тања еден совет до тебе стави си го на фејзбук линкот барем другарски ќе гласаат за тебе вака џабе ни го реметиш форумот кога никој нема да гласа не си ништо посебно и јас можам подобро барем и на една нога знам да возам ролерки, а ич не сакам така да гласам за некој што е полош од мене исто и за онај/а со цртањето мислам големото чудо по шема да си црткаш поточно да си боиш не ги догледав сите ама се што видов ужас беше посебно една што играше .. се убаво си направила кореографија девојката ама ниту еднаш не го фате ритамот смеа дури ме фате, па нема ни да гласам за никој срамота што сме од иста земја, па како таленти се покажуваат сите искрено најмногу ми се допадна едно дете што одеше на раце, ама ни за него нема да гласам, зошто не сакам да сум дел од ваква брука ... земјата си ја брукаме со вакви антиталенти
а зошто не си направиш сама 1000 емаил адреси и не си гласаш, така мислам дека ти е најдобро!!! ако се гласа преку точна емаил како што сфатив...
Од тие што ги гледав , ниту еден не ме импресионираше посебно.Без некој особен талент ..Во секој случај секоја чест на храброста ...
Катастрофа се видеава, ццццц, баш сме креативна нација, нема што. Мене единствено ми се свигаше дечкото што ja свири на пијано Hot 'n Cold
Да си кажам најискрено ама не се ни потрудив да ги изгледам другите видеа. Ова не ми остави ама баш никаков впечаток мислев дека ќе се случи нешто но сепак ништо.Јас утре ќе земам со велосипедот ќе се снимам и ќе ја направам полицајската па ај за мене да гласате важи? И очекував дека е нешто поврзано со танцување а не вака...
Спотот ќе биде за песната „Firework“ http://www.youtube.com/watch?v=H8wxhO7V ... ure=search А со нашиве антиталенти, спотот ќе добие некоја од Греми наградите, сигурно. :y: Мали дечишта од по 10 години, разбркани, ќе трчаат налево надесно, ќе пискаат, да ти е мерак да ги гледаш...
Катастрофа,мене искрено срам би ми било вака да се пријавам со такви глупости,а како и да е Katy Perry ми е онака,ни ја слушам ниту ја мрзам...
Не сум се ни потрудила да ги гледам видеата зошто верувам дека ќе видам многу ептен таленти,којзнае кој ќе одберат да биде во спотот....
Сите нека ги земе. Ќе трчаат,скокаат,возат ролери,цртаат,ќе се шмизлаат,ќе пеат,ќе свират...и така ќе има од се по нешто.