Бидејќи не ја најдов низ форумов, си реков да ја отворам темава, се надевам ќе помогнам некому Да објаснам како функционира, збор-два прво како функционира човечкиот организам. Телото согорува два типа на гориво, шеќери и масти. Разликата меѓу нив е во тоа што, кога во телото се содржат двете, му се дава предност на шеќерот, бидејќи телото го перцепира како "брза храна" и остатокот го складира, т.е. претвора во масти за "црни денови", кога телото не би имало со што да се храни. Под шеќер не се подразбира само класичниот шеќер во проста форма, туку и сложениот, во форма на јаглени хидрати и скроб. Значи, диетава подразбира јадење само месни и млечни производи, многу зелен зеленчук, и многу незасладени течности. Забранети се и коренестите зеленчуци и овошјето, или во краен случај, сведени на минимум. Банана никако. Првиот месец е најтежок, додека телото влезе во кетоза, по кој период гладот ќе биде сведен на минимум, а нивоата на енергија до плафон. Ќе се прашате, како тоа толку масти, што со холестеролот? Да разјасниме, што е всушност холестеролот? Кога во крвен сад ќе се појави пукнатина, т.е. оштетување предизвикана 90% од шеќер, холестеролот настапува како "лепак" да го поправи ткивото. Значи мрсното, не е проблемот, туку шеќерот. Јадете мајонез слободно Е сега, мала ситуација - внимавајте што и колку јадете. Јатките, како индиските ореви или бадем, се дозволени, но многу малку, бидејќи се многу калорични. Значи нема поента да горите вишок масти, ако внесувате отповеќе. Најдобар начин за внимавање со исхраната е броење калории, има доста апликации за тоа, лично ја препорачувам Fat Secret, која од старт ти калкулира колку калории дневно ти се потребни да се одржи моментална тежина, под кој лимит се слабее, и ти кажува за секој еден продукт колку калории содржи.
кето диетата дава многу резултат и многу брзо се топи буквално телото но тешко и невозможно е човек да се откажи од сета таа храна па дури и овошје засекогаш. После внесувањето на јх одма почнуваме да се дебелиме и да ги враќаме кг
Со секоја една диета по прекинување на истата се враќаат килограмите. Затоа треба да се внимава на натамошното одржување на тежината.
Една работа не ми е јасна тука. Во случај на дијабетес, имаме вишок гликоза во циркулација но клетките се спречени да ја конзумираат и преработат-т.е. чувствуваат глад. Следен чекор е интензивирана липолиза која резултира со вишок на масни киселини од кои дел завршуваат како кетонски тела предизвикувајќи кетоацидоза што е по живот опасна акутна компликација на дијабетесот. Со диетава своеволно иницираме кетоза но не доаѓа до кетоацидоза, како тоа?
https://m.youtube.com/channel/UC3w193M5tYPJqF0Hi-7U-2g Најдобро објаснување што можете да го најдете. Dr. Eric Berg. За секое прашање има доста добро видео, бидејќи темава е навистина опширна. Ја препорачувам диетава од лично искуство. За 4 месеци сопругот намали од 152 до 109 килограми. Натаму е препорачливо да се продолжи со истата како веќе стекнат начин на живот, во најдобар случај да се внимава на внесат на калории за да не се врати килажата. Во случај на дијабетес никако на своја рака, само со препорака од доктор, со постојано надгледување.
Не мислев на примена на диетата во случај на дијабетес, туку една компарација помеѓу двете состојби на кетоза. Во двата случаи на клетките им се ускратува достапност на гликоза, и им се наметнува употреба на кетони ( од масти ). При дијабетес доаѓа до закиселување на крвта т.е. кетоацидоза, а при диетава знам дека тоа не е случај туку организмот се навикнува на користење на масти како енергија без појава на ацидоза, зошто тоа не е случај и при дијабетичната кетоза. Која е разликата меѓу двете состојби на кетоза, тоа ме интересираше.
Вака, дијабетесот е болест која се јавува со или без диетава. Диетава функционира од причина што луѓето по природа се месојади, нашите предци ловеле, нели, а шеќер внесувале многу малку или воопшто, ако најдат некоја овошка тука-таму. Затоа постојат есенцијални масти, не постојат есенцијални шеќери. Ова е всушност човечката оригинална исхрана. Ако мислите дека има опасност диетата да премине во болест, ќе ви одговорам дека веројатноста е иста да ја добиете со или без неа. Нема ни споредба меѓу двете состојби. Кетоацидоза се јавува при болеста, дијабетес, а кетоза е последен стадиум на диетата. Повелете во прилог статија за истото, се надевам ќе Ви е појасно https://www.medicalnewstoday.com/articles/324237.php
За 1 година ослабнав 40кг. со оваа диета, и тоа не се држев многу строго правев доста намерни грешки и на крај пак имаше супер резултати. Имам читано благодарение на кето диета дијабетичари го нормализираат шеќерот а исто и многу жени што долго време не можеле да останат бремени од како се на кето остануваат бремени и затоа нивните бебиња ги викаат keto babies. Има и многу групи на Фб каде можат да се научат многу работи околу диетава, луѓе споделуваат искуства, совети рецепти... Ќе пишам имиња од неколки групи кој сака нека разгледа Real world keto Lazy keto for beginners - women only Dirty,lazy,keto: recipes, inspiration & support И многу други
Баш пред некој ден читав за кето и решив да почнам да го применувам овој режим. Малку ме заплашува моментот што стално ќе морам да спремам и не знам колку време би имала за да го изведам тоа, особено за доручекот. Тоа ми се свиѓаше кај УН, доручекот е стално овошје што е достапно секаде и евтино, со кето ќе треба да спремам ептен. Клише ама - од понеделник почнувам. Ќе ве известам за резултатите за недела-две. А во меѓувреме ако имате некој совет, пишете.
Доручек се разбира јајца Јајца пржени со путер Варени јајца со туна и мајонез Јајца и шунка/ сланина Јајца и сирење Знаеш дека треба да внесуваш многу маснотии, се што пржеш треба со путер или свинска маст. Еве ти идеа за мафини пак со јајца зеленчук можеш да јадеш колку сакаш со секое јадење, од овошје јаготки, боровинки, малини. Отвори на интернет имаш многу идеи што да јадеш, јас често на pinterest гледам за идеи.
Тие што веќе ја држите може да пишете какво е вашето дневно мени.. што внесувате за доручек, ручек, вечера и колку слабеете?
Во кето диетата не се внесува овошје. Се внесуват само здрави масти и протеини а хидратите се исфрлуваат целосно. Доручек 8варени јајца,4 цели и 4 само белки. Измеѓу оброк веј со млеко и путер од кикири,за ручек црвено месо со зелена салатка,пред тренинг едно кафе без шеќер и после тренинг како последен оброк пилешки стек. Пред спиење една рака лешници. Резултати се очекуваат после месец дена.
Да прашам само, дали пржени чварки во маргарин, прелиени со павлака и мајонез е кето, и дали ќе намалам сало со оваа исхрана?
Од овошје само може тие што ги пишав по горе јагоди,малини боровинки, незнам дали има соодветен збор за оваа врска на овошја но на англиски се berries. И да дозволени се berries види ја пирамидата по горе што ја постирав баш се на врвот, но ако не ми веруваш мене а и не мораш прогуглај па ќе се увериш. Како и што пишав ја држев диетава цела година и симнав 40 кг. верувај знам што е дозволено а што не. И за јаглено хидратите може да се внесе до 20гр. дневно. Пример тие една рака лешници што ги јадеш пред спиење содржат околу 7гр. јаглени хидрати.
Хидратите од лешник не се претворат во гликоген така да не се рачунаат како дневен внес на хидрати. Во 100гр. јаготки има 10грама хидрати(фруктоза) шо значи содржат хидрати али чим се користат во кето значи е ок. Јас не користев воопшто овошје пошто одма излегував од кетоза. Премногу лоши масти. Мора да внимаваш на на количината на масти поради ldl
Уствари 100гр. јагоди содржи 5.6 гр јаглехидрати и не е доволно да те исфрли од кетоза, доколку се држиш во границите на дозволеното се е ок. Но исто е и во ред ако одлучиш и воопшто да не конзумираш овошје, нели на кој како му одговара важно е да се постигнат посакуваните резултати.
Маргаринот не е кето-пластика е, мајонезот ако е купечки не е кето има многу шеќер, павлаката-на пазарот има сто видови уточни која, сите се со многу голем процент на јаглехидрати и растителни масти. Значи на кратко не, нема да ослабиш со оваа храна. Се јаде путер, гхи, кокосово масло, маслиново, ленено. Зреени млечни продукти, купечки месни преработки речиси и да нема без шеќер и глутамати, избегнувај.
Значи на пример банана не смеам во никој случај ниту јаболко ни јагоди еве сега има тазе јагоди. Круша во никој случај. Не знам дедо ми јадеше секој ден јаболки круши и сливи ниту грам сало немаше.