Од 17 мај ја почнав, на 9 јуни е проверката. Урината ми е жолта. Јас бев во кетоза, али ете не реагирам добро. Страв ми е да продолжам сега. И железото паднало.
Јуле многу краток период за да тие референци дојдат од диетата. Од толку групи што следам, не дум сретнала некој да сподели негативност од диетава. Ова не е уствари диета, туку здрава исхрана. Следи ги советите на Нарцис. Се согласувам со она дека мора да се пие многу вода, па и да не сме на ваков режим на исхрана. Овошје не смее, сем јагоди и шумско, но да не се претерува. Вечера.
Баш споделив во Морална поддршка отприлика што содржи моето мени и дека не мора секој ден да има месо во оброците. Ако се држи кето правилно со внесување на здрави масти, а не протеини како што многумина прават, не би требало да направи проблем, освен нели во ретки случаи кога навистина не им одговара ваквиот начин на исхрана. Затоа што јас знам случај каде човекот реши проблем со покачен холестерол и висок притисок баш со кето диетата. На здравје вечера
Здраво девојчиња. Една недела се мислам дали сум на диетава од 24 Јануари или 24 февруари. Изгледа сум грешка од 24 Јануари сум. Како и да е... -26 кг. Има уште доста да се симнува. Многу пешачам и се осеќам многу здраво, а јадам колку сакам од дозволеното и кога можам. Некогаш вториот оброк ми е во 22 часот. Ова веќе не го чувствувам како диета туку како нормален начин на исхрана. Се надевам некому ќе му дојде како инспирација она до кое јас стигнав и продолжувам.
Браво за резултатите и истрајноста. Е сега пак јас со моите прашања. Веќе сум цел месец на кето, и едвај имам ослабено 3-4 кг, а имам за слабеење барем уште 5-6. Во последнава недела имам само по 1 оброк, и тоа најчесто е салата со сиренце, или Цезар, пијам многу вода, но се имам напиено и 2-3 кока кола зеро. Прашањето ми е како да продолжат кг да паѓаат надоле? И предпоследниот пат кога бев на кето, имав повеќе резултат во обем од што во кг, ама тогаш и не беше толку страшно за кг. Но сега морам да ги намалам и овие 5-6 што ми се вишок. Ако имате совет помагајте.
Продолжи. Не се согласувам дека зерото ти е голема грешка. Не ги намалувај оброците. Јади си нормално, не го ограничувај организмот. Брзо симнати кг не ти треба. Така после брзо ке се вратат. Само продолжи, и не брзај.
Јас кога бев на кето пиев и зиро и диет кока кола и пепси, и пак ослабев многу. Ако мислиш дека од тоа ти е и ако можеш без сок тогаш не пиј, мене лично не ми правеше тоа проблем.
Колку помалку кг имаш за симнување, толку потешко оди. Пијам и јас зето еднаш неделно, јадам чоколадо над 75% какао, па пак одат кг надолу. Вода пиење за време јадење, никако. Пред јадење и дури еден час после јадење.
Јас имам баеги за симнување, и еве по 1 оброк на ден јадам, освен кока кола зеро немам направено грешка ниту еднаш, и никако да продолжи да оди вагата надоле, почнав да стагнирам. Незнам што треба да направам за да почне пак да оди надоле.
Нормално е да има стагнација. Еве јас сега стагнирам моментално, а симнав 3 кг. И претходниот пат исто така беше. Мораш да знаеш дека диетава треба да ја држиш најмалку 3 месеци континуирано за да има резултати. Јас претходниот пат ја држев 5 месеци и симнав 14 кг. Сега знам дека ќе оди потешко, затоа што имам помалку кг за симнување. Уште 3-4 сакам, а може да ми требаат за нив 2-3 месеци. Трпеливост и дисциплина.
Прескокнување на оброци исто може да го направи организмот да стагнира. Барем два оброка во денот да имаш. И зс здравјето е подобро. Побарај ја на Узунов диетата низ фб и читај искуства. Јас сум горе долу на таа. Со одстапки, на пример готвам со обично масло...
@babybubu еден оброк на ден е премалку. Поентата е да се осеќаш сито, а да слабееш. Никако не смееш да гладуваш. Јас најчесто имам доручек и ручек, средно обилни и две ужини. Ретко вечера, но не дека ја избегнувам, туку дека не осеќам потреба.
Јас па воопшто ме осеќав глад и тој еден што го јадев неможев. Ама денес дали од жештините или пак од тоа што сум на 1 оброк почна да ме боли глава и еве сега ќе ми биде 2 оброк. Инаку ептееен бавно оди кај мене. Незнам што е проблемот, ама ајде ќе се надевам дека ќе тргне..
Продолжи, или имаш малку вишак штом оди бавно, или е стагнација ама ке почнатда одат надолу. Со гладување не се слабее само ке си навлечеш здравствени проблеми.
Нели црното не прави послаби, ете една денешна. Девојчиња ставајте и ваши слики да се мотивираме, да и дадеме мотив и на Бабибубу да не одстапува.