Се изгладнуваш, и Галапче ти кажа, малку е еден оброк дневно. Нормално дека немаш апетит во таков случај. Сѐ дури еден ден не се најдеш со ќеса чипс, чоколади и сладоледи и пак почнуваш одново. Јади нормални оброци и мери се еднаш неделно, сабајле на празен мочен меур и празен стомак. Па ќе пишеш резултати. Бравоооо Ми текнува на тебе од модни критики. Која драстична разлика, непрепознатлива. Само терај Јас не знам дали имам слики од пред повеќе од година, кога имав 71-72 кг. Сигурно имам, само не се за ставање тука Ама еве ќе кажам дека од 40 конфекциски број, односно L, кој пукаше на мене, стигнав до 36-38, односно S и М, зависи од модел. Некои маички ми се дури и XS. И комотно се облекувам во светли бои, без комплекси дека ќе изгледам дебело во нив.
Кето појадок во 11 , две јајца, ќофтенца од мелено месо и патлиџан Ок е или не? Ќе ја почнувам и јас, да видам како ќе оди. Сабајле нес без шеќер со малку млеко
Женички, да ве прашам некоја од вас дали има метален вкус после јадење? Од кога почнав Кето ова ми се појави, мислам дека и телото така ми мириса на метал или трипам не знам.. Читав по нет дека е нормално, но некако мене долго како да ми трае Некој со слично искуство?
Девојки, последниов месец минус само 1 кг. Но! 1конфекциски број помалку. Затоа е магичен овој начин на исхрана. Вкупно засега - 28 кг. Продолжувам понатаму.
Браво! Истото и јас го приметив, во килажа слабо знам да намалувам периодично или да стагнирам, но во конфекциски број одма помалку Само напред , јас за 2 ипол месеци до сега -10кг
Што е ова и од каде? Сподели радост Како е другарке? Јас ги пробав кето муслите од Виталиа, тие со кокос и да ви кажам право, не се лоши. Со тоа што ставам малку овошен јогурт со шумско овошје, 1-2 лажици и место млеко, со јогурт ги правам.
Никако @NarCis@ не ми иде некако ич. Немам воља Ај ќе купувам пошироки фустани ако не се зафатам озбилно
Нееее Ајде почни пак, јас ќе те водам и бодрам, дека заедно сме посилни Еве се нафаќам и неделно мени да ти правам, for free
Ајде еве од утре ќе пробам пак Сабајле ќе правам јајца, после некое месо ќе пржам и така. Ќе те барам за совети
Денес направив комплет лабораторија и сѐ е во ред Диетава ја прекинав на неколку дена плански, пошто утре е роденден на ќере и не сакам да си направам шок како минатата година. Здравје, од наредна недела пак се враќам на кето. Јаглените хидрати дефинитивно прават да сум поуморна.
Во Авицена Тафталиџе со упат од матичен 175 ден. Проверував стандард: хемоглобин, серумско железо, шеќер, холестерол, триглицериди, аст, алт, уринарен статус, плус онаа стандард крвна слика со леукоцоти, гранулоцити итн. Можеш во било која лабораторија што соработува со фондот.