Павлака, овчо сирење, јогурт, смее? Има ли ограничување на колку време да се јаде и до кога најкасно? Количински колку да се јаде? Патлиџани во салата смее? Маслинки, печурки? Исто и за хопла за готвење смеам да ја користам, пример за пилешко соте да правам? Читав и лубеница пишувате, смеам да јадам?
Сѐ смееш. Филозофијата на кето е да има што поголем процент на масти, а минимален на јаглени хидрати и шеќер. Затоа читајте нутритивни вредности.
Ја лично јогурт не би оти знаеме кај нас како го прават повекето на нишесте и брашно се Денес имав свинско динстано со печурки и павлака
Нема врска Алиске. Ако си пишува дека има малку јх, а на сите така пишува, може да се пие. Затоа викам читајте нутритивни вредности и јадете полномасни производи.
Еден месец, 7 ми по ред, еден килограм не сум симнала одприлика. Со мали грешки измеѓу. Ама не се откажувам. Пак ке повторам, презадоволна сум од режимов и се навикнав на ваков начин на исхрана.
Можеш да тераш една година кето, ама после мора да ја прекинеш на едно 2-3 месеци барем. И да има стагнација сега, нормално е.
Филозофијата на кето е да ги исфрлиш јаглехидратите во целост, или да ги сведеш под 5% од вкупниот дневен внес на калории. Бидејќи ако внесуваш јаглехидрати, телото не може да влезе во кетоза и во суштина нема да бидеш на кето диета туку на low carb. И секако ако се исфрлат хидрати, мора да се подигнат протеини и масти. А лимит за внес би бил целта колку калории ти се потребни, дали за слабеење, за одржување или здебелување, соодветно од човек до човек. Битен момент е и соодносот на протеини и масти.
Добро утро. Со прекин од недела две, пак прпдолжувам. Дефинитивно ми годи начинив на исхрана. Со јх имам многу помалку енергија.
Пред неколку месеци ја држев диетава и за кратко време приметив разлика (поготово во стомакот) али многу брзо почна да ми се лоши. Опседната бев со броење калории, процент на масти, протеини, јх. Е сега, бидејќи пак сум очајна за да ослабам, сакам пак да пробам со овој начин на исхрана. Па ме интересира дали може да се постигнат резултати ако не се држиш толку строго? Пример ако го надминев тоа 5г ј.х на ден уште за ручек потоа до наредниот ден на некој начин "гладував". Иако е дозволено салата нели, јас ни тоа не го јадев за вечера за да не го пречекорам лимитот. Било каков совет е добредојден
Немораш да броиш калории. Доволно е да пазиш на јагленохидратите.,да пешачиш и да пиеш минимум 2 литри вода. Па дури немораш да броиш ни оброци ни количина од дозволеното. Јадев и пржено, и 80% чоколада секој ден и пск одлабнав 30 кг џа 7 месеци без гладување.
Барав диета и баш налртав на кето. Реков да видам на форумов што ќе кажете. Лани држев кандида диета па гледам слична е. Буквално не јадев шеќери ни од овошје и никакви јх. Никаков коренест зеленчук и никаков млечен производ освем јогурт. За 25 дена симнав 10 кила. Почнав на костур да личам па ја прекинав. Тешко ми беше 4 дена ,после не ми се вртеше ни лошеше. Сега ќе пробам пак но со млечни производи. Смее со кето така ?
За не цел месец ослабив 10 -12 кг. Така терав околу 4 месеци ,па забременав со втора бременост и до крај на бременоста качив 14 кг. Ослабев 6. Уште 8 сакам. Ама не со ригорозна диета како таа што ја држев па мислам дека кето колку толку по добра е. Има повеќе избор.
Помонаа два месеци одкско консумурам јаглено хидрати и не дум качила ниту еден килограм. Се мислам да почнам пак. Треба уште да симнувам.
Здраво, Бидејќи тежинава вртоглаво оди нагоре, решив да ја почнам диетава. Ја имам пробувано во минатото УН, ама кај мене нема ефект Сакам да прашам дали некаде има страница, апликација и слично, по можност македонски, српски, бидејќи со англиските рецепти имам проблем т.е имаат некои намирници кои ние тука ги немаме. Исто, сакам да прашам дали можам да конзумирам стевија? И кафе какво смеам?
На фб побарај има многу наши, српски, хрватски страни детално се објаснуваат. Има строго кето и со млечни производи. Рецепти за благо и солено плус слики објавуваат од јадењата. Кафе со стевија можеш.
Хелооооу. Од понеделникот сум на Кето. Е сега да напишам шо јадев деновиве, ве молам кој има време да ме просветли кај сум грешавала. Ден1: Доручек 12ч: 3 јајца варени, 5/6 големи лажици урда. Ручек 17ч: 1 чаша(400мл) цеден сок (ѓумбир, спанаќ, 3 лимони, 2 јаболка зелени кисели ии целер) и 1 рака индиски орев, солен. Вечера 21ч: неколку крекери, домашни(100гр интегрално брашно, сусам, сончоглед, ленено) плус урда пак. Ден2: Доручек немаше, касно станав, па почнав одма со ручекот. Ручек 13ч: зелка со сол масло и павлака плус телешко месо варено па печено. Ужинка 17ч: Пак 1 цеден (ѓумбир, целер, спанаќ, јаболко едно, 3 лимони) и рака индиски солен. Вечера 21ч: Порција цезар салата. Ден3: Доручек: 3 варени јајца, 100гр фета сирење и 3 кисели краставички. Ручек: 1 смути (1лажица малини, кокосово млеко, дозерка протеин и ванила екстрат) ии исто 1 цеден како тој горе шо го објаснив) плус една рака отрв јатка. Вечера: Зелка салата со павлака сол и масленце. Ден4: Доручек: 1 цеден сок (опис погоре) 1 смути (шумско овошје, дозерка протеин, 1 мало лажиче путер од кикирики, млеко кравјо, наросив темно чоколадо, екстрат од ванила некоја капка и вода од кокос) Ручек: Бев на роденден (кашкавач, чајна, свински врат, руска 1 лажица, салата со павлака и семиња 2/3 лажици ии неколку пилешки прстиња...) Вечера поојма немам, можеби пржени колбаси со јајца.. Измеѓу водичка ср навикнувам на појче, еспресо, турско, и то е то. А да, наутро нагладно јаболкоова киселина со вода.