Ајде добре ми дојде назад. Се вратив на кето поради dyshidrotic егзема која повеќе од една година не се смири ниту со кортико, ниту со други медицински креми. Последна опција, исхрана, колку и да не сакав. Една недела кето, подобрување огромно, што е голем успех после година без подобрување. Јаглехидратите ги држам под 20 нето (влакната не ги бројам, не се усвојуваат од организмот). Cronometer е добра апликација за нетни јаглехидрати, my fitness pal дава комплет јаглехидрати сосе влакна. И така. Јадењата не ми беа нешто фотогенични. За доручек јадам леб или мафини од ленено семе со сирење, крем сир, гауда, путер. Омлет, варени јајца со печурки, брокула, ајсберг салата, маслинки. Лосос, пилешко во крем за готвење, туна, ракчиња на путер. Оброк во спојлер. Спојлер: Храна
Сакам да го започнам овој начин на исхрана бидејќи вежбам и ми се потребни повеќе протеини. Имам стекнато зависност со благо и сакам полека да се откажам од него. Дали може некој да ми даде некој совет како да започнам , како да се справам доколку имам cravings и слично? Немам вишок килограми но сметам дека оваа исхрана би ми помогнала уште повеќе да си ја зголемам мускулната маса.
Не мораш на кето, можеш на low carb само. Кетото е до 20грама нето јаглехидрати, low carb или палео се 50-70грама јаглехидрати. Што вежбаш лифтинг или кардио? Пресметај си колку калории ти требаат за maintainance, и конзумирај толку, ама од протеини и здрави масти. Ако се храниш доволно нема да имаш cravings за благо. Под доволно мислам на фул порција со салата, протеин и здрави масти. Еве ти калкулатор: https://www.calculator.net/bmi-calculator.html На психолошкиот дел никој не може да влијае. Додека сам не кажеш дека е доста од бинџање шеќери, никој не може да ти помогне. Мене intermittent fasting ми помага за тоа.
Од вежбање и двете, одамна веќе вежбам и имам стекнато доволно мускулна маса но сакам да променам како се хранам и можеби ќе ми даде повеќе резултати. Само со овошјето и чоколадото имам проблем и сметам дека ги конзумирам многу повеќе за разлика од протеини. Бинџ е голем збор бидејќи свесна сум колку ми е доста и од тоа што го јадам. Intermittent fasting практикувам секојдневно со околу 16 до 20 часа зависи, а еднаш до два пати месечно 36 или 48. Се на се, од секогаш сум навикната на high carb, ќе пробам low carb се надевам организмот ќе ми се навикне, бидејќи еднаш успеав 1 недела ми беше тешко не можев да вежбам толку колку претходно, па се надевам ќе издржам.
Ако немаш килограми за симнување тогаш не си за оваја диета. Започни со carb cycle ( карб цајкл ротирање на хидрати). Внесуваш хидрати спрема начинот на тренинг. Кога имаш тренинг за мали мускулни партии внесуваш медиум хидрати а кога имаш тренинг за големи мускулни партии тогаш внесуваш полна порција хидрати. Во ден кога немаш тренинзи тогаш внесуваш хидрати само на сабајле и во текот на денот не внесуваш воопшто хидрати. Ако ти требат повеќе протеини, јади повеќе пилешко или телешко месо, јајца, туна, ослич риба. Додај и веј протеин доколку не успеваш да внесиш доволно. 2гр протеин на 1кг телесна маса е сосема доволно. Додека сме кај благото, постепено намалувајго од ден на ден, немора скроз да се откажиш од благо. Кога сме кај тренинзите, пред тренинг не внесуваш воопшто хидрати. Јадиш само протеини и масти. После тренинг внесуваш хидрати спрема денот во зависност од тренингот дали бил medium ili high carb Day. Мислам до некаде ти е јасно како би се движела диетата со низок процент на хидрати и висок процент на протеин.
Фуд инспо: фамилијарна салата од фуд бар со стек, хенд мејд дресин од павлака, лимонов сок и копар, каперси. Слика 2 Ракчиња на путер со брокула и шампињони.
luge pomos sakam da ja drzam dietava ama nemozam da jadam jajca me boli zeludnikot od jajca i kako da presmetam kolicinski kolku smejam da jadam i nekoj neka mi kaze recepti neznam kako da pocnam gledav gledav na gogle neznam kako da pocnam kolku obroci treba na den da imam
Немаш потреба ништо да пресметуваш. Јадеш колку сакаш и што сакаш пд она кое ме содржи јагленохидрати. Многу неодговорно терам диетава овпј пат. Но веке сум - 2 за овој месец, во кој правам многу грешки.
Луѓе, не си играјте со здравјето. Човекот е создаден и најдобро функционира кога примарен извор на енергија се јаглехидрати. Отворете учебници од основно школо, пишува која храна е најдобра. Житарици, зеленчук и овошје.
Нормално дека јаглехидрати се прв и најквалитетен извор на енергија. Односно глукоза која е присутна само заради твојот внес на ЈХ.
Не се баш најквалитетен извор на енергија. Но нашето тело нетроши енергија само од глукозата, троши и дел од телесните масти но кога инсулинот е спајкован и кога сме полни со хидрати, претворањето на телесните масти во енергија е стопирано пошто во тој момент телото троши енергија од глукозата а кога сме на диета и сакаме да скиниме телесни масти, нас ни е потребно да ги трошиме резервите на енергија а тоа се телесните масти. Затоа е кето диетата. После 4ти ден енергијата се враќа исто како да си внесувал хидрати. Нормално оваја диета не е 100% здрава. Мада ниедна диета не е здрава каде што имаме изгладување на телото. Но имаме диети кој можат да бидат од корист без јојо ефекти. Исто да напоменам дека и протеинот можи да биди искористен за енергија доколку му е потребно на организмот.
Зависи што има, пошто секаде различно ја прават, ама генерално да. Марула, пилешко, мајонез, кашкавал, домати, смее. Некаде ставаат пченка, тоа не смее.
Колку време треба за да се влезе во кетоза? Да очекувам, за ако не биде, дљ знам дека нешто не правам како што треба.